Гане Тодоровски (, — , ) — македонски поет, преведувач, професор, есеист, книжевен критичар, историчар и публицист.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 259 -260.
Животопис Гане Тодоровски завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје каде што и докторирал на темата „Веда Словена и нејзините мистификатори“. Работел како новинар во Танјуг, „Млад борец“ и „Студентски збор“. Бил долгогодишен професор по хрватска и македонска книжевност — XIX век на Филолошкиот факултет во Скопје.
Со книжевна активност започнува непосредно по ослободувањето, и тоа во „Нова Македонија“, „Пионерски весник“, „Нов ден“ и др. Претежно се занимава со поезија и препеви. Има издадено повеќе збирки поезија. Се занимава и со критика и есеистика. Бил уредник на книжевните списанија: „Иднина“, „Современост“, „Културен живот“, „Млада литература“, „Разгледи“ и други. Пишувал и филмски сценарија, а дебитира со документарниот филм „Проштевање“ (1963), како ко-сценарист.
Во 1951 година, тој станал член на Друштвото на писателите на Македонија, а во два наврати (1969-1971 и 1985-1986) е и негов претседател. Бил претседател и на Советот на Струшките вечери на поезијата (1970-1971) и одговорен уредник на списанието „Млада литература“. Член е на МАНУ од 1997 година.
Во 1990 година Тодоровски е избран за прв претседател на Движењето за семакедонска акција МААК. Подоцна е назначен за прв амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација.
Починал на 22 мај 2010 година.Почина академик Гане Тодоровски , МИА, 23 мај 2010. Закопан е во црквата „Свети Спас“ во скопското село Кожле на 26 мај 2010 г. Со литургијата чиноначалствувал Архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. Негова последна желба било токму во ова село да биде погребан и неговата песна „Завет“ да биде прочитана на закопот. И желбата му била исполнета.
Творештво
Во утрините (поезија, 1951) Тревожни звуци (поезија, 1953) Спокоен чекор (поезија, 1956) Божилак (поезија, 1960) Апотеоза на делникот (поезија, 1964) Претходниците на Мисирков (студии и огледи, 1968) Горчливи голтки непремолк (поезија, 1970) Снеубавен ден (поезија, 1974) Трактати за сонцељубивите (есеи и записи, 1974) Веда Словена (1979) Маѓепсан мегдан (литературни записи, 1979) Скопјани (поезија, 1981) Подалеку од занесот, поблизу до болот (студии, 1983) Со збор кон зборот (студии и критики, 1985) Поход кон Хеликон (студии, 1987) Неволици, неверици, несоници (поезија, 1987) Неодложни љубопитства (студии, записи и критики, 1987) Недостижна (поезија, 1995) Осамен патник (поезија на англиски, 1996).
Составувач е на антологиите:
Песната - храброст (1975) Австриската поезија на XX век (1982) и други.
Како соавтор ги приредил антологиите:
Словенечки поети (1956) Езерска земја (1967) Правостоина (современи поети од албанската народност во Југославија, 1968) Нова хрватска поезија (1973) Современа хрватска поезија (1981).
Награди
Кочо Рацин 11 Октомври 13 Ноември Браќа Миладиновци Климент Охридски Гоце Делчев Димитар Митрев Награда за книжевен опус на Мисла Ацо Шопов (награда), за Орач или воин, 2003
Преведувачките награди
Григор Прличев Кирил Пејчиновиќ Златно перо
Рекоа за Гане Тодоровски... мини|Гробот на Гане Тодоровски во Кожле
Наводи
Надворешни врски Гане Тодоровски „За и против ’Веда Словена’“ , Годишен зборник на Универзитетот во Скопје, 19, 1967, стр. 393-444. Избрани песни, Гане Тодоровски Гане Тодоровски „Дојди в Охрид“ Колумна посветена на Гане Тодоровски
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски амбасадори Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски поети Категорија:Југословенски историчари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски уредници Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Кожле Категорија:Претседатели на ДПМ Категорија:Добитници на наградата „23 Октомври“ Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“ Категорија:Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“ Категорија:Добитници на наградата „Ацо Шопов“ Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје