frame|right|Лого на AEGEE-Europe

AEGEE, Асоцијацијата на Европски Студентски Структури (француски: Association des États Généraux des Étudiants de l'Europe), е европски студентски форум, една од најголемите интердисциплинарни студентски организации во Европа. Името го добила од Егејското Море и првиот парламент основан во рамките на француската револуција.

AEGEE претставува студентска, невладина, неполитичка, непрофитабилна организација. Денеска ја има во 300 универзитетски градови и обединува 20 000 членови преку идејата за обедината Европа.

Европа без граници, без препреки, непријателства и без наметнати разлики. Почитувајки се меѓусебно, а притоа да не се одрекуваме од своите особености, култури, религии, историски вредности, можеме да ја зајакнеме свеста за обединета Европа и да изградиме Европа која ќе биде симбол на слободата, демократијата, човековите права, взаемното почитување.

Структура

AEGEE е европска и не постои на национално ниво. Целосно се потпира на локални групи, наречени антени. Организацијата е координирана од европскиот одбор на директори во Брисел, што се нарекува Comite Direceur.

Работните групи (Working groups) се скелетот на АЕГЕЕ мрежата, а меѓу многуте се и: Исток-Запад, Човекови права, Образовна работна група, Р.Г. за Слободен Визен Режим, Еколошка работна група и др.

Агора е генерално собрание кое се одржува двапати годишно. АЕГЕЕ организира и конференции и семинари на определени теми: Мир и стабилност, Европа без граници, Фаст фуд општество, итн. Во 2000 година имаше 286 конференции и летни универзитети.

Централните годишни настани се летните универзитети. Се одржуваат на ниво на антените со цел запознавање на јазикот на една земја, нејзината култура, начинот на живот, обичаите, историјата и сл. ЛУ во просек трае две недели и предтставува најдобар начин на стекнување нови пријатели и патувања ширум Европа.

Летните универзитети се одржуваат во преку 100 европски градови, така што им овозможуваат на сите заинтересирани голем избор, а генералната цена за нив е 150 €.

AEGEE-Скопје

frame|right|Лого на AEGEE-Скопје

АЕГЕЕ - Скопје е дел од разгранетата мрежа на АЕГЕЕ - Европа. Основано е во 1993 година при универзитетот Св. Кирил и Методиј. Вклучувајќи се во сите активности на АЕГЕЕ мрежата, АЕГЕЕ - Скопје за само 7 години постоење стана една од најактивните антени и беше прогласена во 2000 година за една од десетте најуспешни антени во Европа. АЕГЕЕ - Скопје издава и магазин Europe – No borders no limits којшто е прогласен за најдобра европска студентска публикација во АЕГЕЕ мрежата во 1994 и 2000/2001. АЕГЕЕ - Скопје е братска антена со АЕГЕЕ антените од Белград, Загреб, Атина, Утрехт и Валенсија. АЕГЕЕ - Скопје има организирано бројни меѓународни и локални настани, како:

Летни универзитети Виа Игнатиа (1996) - организиран во соработка со АЕГЕЕ-Солун и АЕГЕЕ -Истанбул 7/8 (1997) - организиран во соработка со АЕГЕЕ Белград Патување низ Македонија (1998) - Country of culture, Land of Nature Две култури сјаат под балканското сонце (1999) - организиран во соработка со АЕГЕЕ -Атина Шо е шо, а шо е не? (2000) Рецепт за добар одмор (2001) - организиран во соработка со АЕГЕЕ- Белград Македонски древнини (2002) Македонска бајка (2003) Зимски универзитети Ski Week (1997/1998) Маврово Ski Week (1998/1999) Маврово Ski Week (1999/2000) Маврово Ski Week (2002/2003) Пелистер Конференции Приватизација во Источна Европа (1995) Да ја разбереме Европа (1996) CST1 ex-Yugoslavia (1996) Визии за 21 век (1997, локален настан ) Македонија, каде што виното значи квалитет (1998) Еврото и ние, со еврото во Европа (1998, локален настан) CST2 ex- Yugoslavia (1999) Панел дискусии за Европската Унија (1999, локален настан) Претседателски собир (2000) Get in the culture, feel the nature (2000) Еколошка експедиција на езерото Матка (2000, локален настан) Балкан Идеја, 2000 Education Action Week – европска недела на образованието, 2001 10 Години АЕГЕЕ- Скопје (Локален Настан) 2002 Презентација на АЕГЕЕ - Скопје за нови членови 2002 Летајте на Крилјата на знаењето - НВО саем 2002 Европските димензии во високото образование 2002 Пролетен ден во Европа 2003 Пролетен Ден во Европа 2004 Размени (остварени со други АЕГЕЕ антени) Атина (1999) Благоевград (1999) Белград (1999) Утрехт (2000) Нови Сад (2000) Загреб (2001) Ниш, Белград, Загреб, Марибор, Никшиќ, Нови Сад, Приштина, Павија (Италија) 2002 Марибор (2003)

За тековната година АЕГЕЕ- Скопје има изработено неколку амбициозни проекти кои во својата срж ја носат најблагодарната идеја за меѓучовечко разбирање, позитивно мислење, отвореност на мислите, љубов и толеранција. Освен исклучително високата амбициозност, ентузијастичкиот пристап, мотивираноста и волјата на нашите членови студенти - а идни двигатели на Европа и Македонија во неа, мошне важен сегмент во животот на АЕГЕЕ се и позитивните односи со медиумите и потенцијалните спонзори и пријатели на европската идеја за еден похуман свет и подобар живот за сите во обединета Европа. Тоа всушност е мотото на нашата организација.

AEGEE-Skopje беше организатор на најголемиот настан во целата мрежа - Пролетна Агора 2004! “Some call it Europe, we call it home”.

Надворешни врски AEGEE-Europe AEGEE Television Официјално мрежно место на AEGEE-Скопје

Категорија:Невладини организации