За останати значења на поимот, видете ја страницата за појаснување.

Македонија, службено позната под новото спорно уставно име Република Северна Македонија (РСМ) или скратено Северна МакедонијаСпоред договорот што е потпишан помеѓу Република Грција и Република Македонија, службеното име на државата што треба да го користат владините институции за домашна и меѓународна употреба е „Северна Македонија“, или во целосен облик „Република Северна Македонија“. — држава сместена на Балканскиот Полуостров во Југоисточна Европа. Земјата е една од наследничките држави на поранешна СФРЈ, од која прогласила независност во 1991 година. Зафаќа околу 38 % од вкупната површина на регионот Македонија. Географски земјата граничи со Србија на север, Косово на северозапад, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад. Релјефот на државата е главно планински. Иако е континентална држава, таа има повеќе од 50 езера и шеснаесет планини повисоки од 2.000 метри.

Македонија е суверена, самостојнаНБРМ, демократска и социјална држава. Главен град на државата е Скопје со население од 605.404 жители (проц. 2025). Други поголеми градови се: Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Штип, Охрид, Гостивар, Струмица, Кавадарци, Кочани и Кичево. Македонија има вкупно 25.436 км2 во кои живеат околу 1.836.713 жители (попис од 2021), од кои мнозинството се Македонци. Службен јазик во државата е македонскиот, додека службена валута е денарот.

Во 1993 година, Македонија станала членка на Обединетите нации, но поради Спорот со името што го водела со Република Грција, таа била примена под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија. Македонија е членка и на советот на Европа и НАТО. Од декември 2005 година, исто така, таа е и кандидат за приклучување кон Европската Унија.

Потекло на поимот Името „Македонија“ е од старомакедонско потекло, и според преданијата доаѓа од митскиот предок Македон. Како државно име почнало да се користи во VIII век пр. н. е за Кралството Македонија, Македонската Империја, па потоа на римската покраина Македонија, византиската тема Македонија и денес за регионот Македонија и државата Македонија. Денес се верува дека името значи „планинци“ или „висока земја“ или „високи луѓе“.Macedonia, Online Etymology Dictionary Во 2018 година е склучен Преспанскиот договор помеѓу македонската влада, предводена од претседателот Зоран Заев и Грчката влада, предводена од претседателот Алексис Ципрас, со кој се утврдило името на државата за внатрешна и надворешна употреба да биде „Северна Македонија“. Новото име стапило во службена употреба на 11 февруари 2019 година. Сепак, и покрај промената на името, народот и медиумите сè уште ја именуваат државата едноставно како Македонија.

Историја

Праисторија мини|лево|Мегалитската опсерваторија Кокино Најстарите траги од животот на луѓето во Македонија потекнуваат од времето на неолитот, односно од времето кога постоело примитивно земјоделство. Покрај земјоделството, луѓето во ова време ја познавале, изработувале и употребувале керамиката, во вид на садови за секојдневна употреба, или како вајани идоли на божества и човечки фигури. Од страна на оружје во ова време била користена праќата.

За време на бронзеното време, особеност на населбите во Македонија е тоа што биле градени на високи и тешко достапни места, што наведува на големи преселби на разни племиња. Преодниот период од бронзеното во железното време (XII — XI век п.н.е.) е одбележан со големи преселби на население од север, во науката познати како Егејски преселби, со цел освојување на богати градови во Југоисточниот Медитеран. Притоа, дошло до уништување на микенската култура. Дел од преселбите се одвивале по долината на Вардар, па, така, повеќе населби од тој период се уништени, главно со опожарување.

Античка Македонија thumb|left|220px|Античкиот град Хераклеја, основан од страна на Филип II Македонски, во близина на денешна Битола. thumb|десно|200px|Ѕвездата од Кутлеш — симбол на Античка Македонија. Археолошките наоди покажуваат дека на просторот на Македонија постоела цивилизација уште од периодот меѓу 9000 п.н.е. и 3500 п.н.е.R.J. Rodden and K.A. Wardle, Nea Nikomedia: The Excavation of an Early Neolithic Village in Northern Greece 1961-1964, Vol I, The Excavation and the Ceramic Assemblage, British School at Athens Supplementary Volume 25, 1996 Првпат Македонското Кралство се појавува во периодот на IX век п.н.е., а постои недоумица за тоа кој бил првиот македонски крал — Каран, кој се смета за митски предок на Аргеадите, или Пердика I — првиот историски крал на Кралството Македонија.

Приближно од V век п.н.е. Кралството Македонија станува значаен политичко-економски чинител во поширокиот регион, а негова главна надворешнополитичка дејност била сосредоточена кон односите со грчките градови-држави, при што често било сојузник со други држави (како на пр. Персија) против Грците, или пак заземало страна во некои од меѓусебните спорови на градовите, настојувајќи на тој начин да го уништи нивното единство и да ги ослаби. Филип II Македонски (359 г. п.н.е. — 336 г. п.н.е.), по покорувањето на Илирите и Тракијците, успеал да ја освои цела Грција. Неговиот син, Александар III Македонски (336 г. п.н.е. — 323 г. п.н.е.) е една од најзначајните личности во светската историја. Тој најпрвин го скршил внатрешниот отпор во проширеното Македонско Кралство, а подоцна во походот против Персија, ја уништил огромната Персиска Империја и ја проширил македонската држава на три континенти — Европа, Азија и Африка, протегајќи се на Балканскиот Полуостров и Мала Азија, Блискиот Исток, Египет и Индија, и со тоа била создадена Македонската Империја.Arrian, Anabasis Alexandri I, 13–19Arrian, Anabasis Alexandri I, 20–23Arrian, Anabasis Alexandri I, 23Greene, p. 351Arrian, Anabasis Alexandri II, 16–24Gunther, p. 84. По неговата смрт, оваа огромна империја, како резултат на несогласувањата на неговите генерали (дијадоси) околу тоа кој ќе биде негов наследник се распаднала на 3 дела и тоа: Кралството на Селевкидите, Кралството на Птолемаидите и Кралството на Антигонидите.Shipley, Graham (2000) The Greek World After Alexander Routledge History of the Ancient World. (Routledge, New York)Walbank, F. W. (1984) The Hellenistic World, The Cambridge Ancient History, volume VII. part I. (Cambridge) Освојувањата на Александар III Македонски имаат суштествено значење за започнувањето на хеленистичкиот период во светската историја.

Продорот на Римска Република на исток доведува до таканаречените Македонско-римски војни (215 г. п.н.е. — 168 г. п.н.е.) во кои Македонското Кралство управувано од Династијата на Антигонидите целосно потпаѓа под римска власт, а последниот македонски крал Персеј e одведен како роб во Рим. Таа станува римска провинција како дел од Римското Царство и е поделена на 2 дела — Македонија Прима и Македонија Салутарис. Територијата на денешна Македонија била поделена меѓу провинциите Македонија Салутарис и Моезија прима. По поделбата на Римското Царство во 395 г. од н.е. на Источно и Западно Римско Царство, Македонија станува дел од Источното Римско Царство или Византија.

Среден век thumb|лево|250px|Самуиловата тврдина во Охрид. Во VI и VII век на Балканот и во Македонија се доселуваат Словените, достигнувајќи јужно до Тесалија, па дури и до Пелопонез.Cambridge Medieval Encyclopedia, Volume II. Тие се измешале со затекнатото месно население, во најголема мера со Тракијци и Илири, потоа Стари Грци, Антички Македонци, и др. На македонската територија, која тогаш се наоѓала под византиска јурисдикција, македонските Словени биле опфатени во полудржавни формации — македонски склавинии. Склавиниите презеле повеќе напади против Византија и утврдените византиски градови.

Во 837 година Македонија почнува да потпаѓа под власта на бугарската држава, при што до средината на IX век поголемиот дел од Македонија потпаднал под бугарска власт, а другиот бил вклучен во рамките на Византија. Во IX век, исто така, започнува и црковнопросветната дејност на солуњаните Кирил и Методиј, која се состоела од повеќе мисии за покрстување на Словените, но и во поставување на основите на словенската писменост, која започнува со создавањето на словенската азбука — глаголицата, во 855 година. Нивните ученици, Климент и Наум, ќе ја продолжат нивната дејност и кон крајот на IX век, ќе ја создадат Охридската книжевна школа и Преславската книжевна школа, со што Охрид набрзо прераснува во еден од најразвиените црковнопросветни и културни средишта на Балканот — лулка на словенската писменост.

Во X век Македонија ќе ја зафати богомилското движење и учење, за првпат создадено во Велешко-прилепската Област, како одглас на потчинувачкиот феудален црковноекономски систем. Тоа набрзо ќе се прошири не само во Македонија, туку и низ цела Европа.

Со востанијата во Македонија во втората половина на X век, во 969 година против бугарската и во 976 година против византиската власт била создадена македонската средновековна феудална држава, позната уште и како Самуиловото Царство). Македонската средновековна феудална држава постоела сè до 1018 година, кога била покорена од византиските војски. Во XIII и XIV век византиската власт врз Македонија била прекинувана со времиња на српско и бугарско владеење.

До крајот на XIV век Македонија целосно била покорена од Османлиите, со што нејзиниот економски и општествен систем бил разорен, а исто така, бил забавен и нејзиниот натамошен општествен и културен развој. Во 1767 година султанот ја укинал Охридската архиепископија.

Освестување и обединување на македонската нација во XIX век

Зацврстување на народниот јазик 200px|thumb|left|Архитектурата во градот Охрид. Од XIV век во Македонија започнува да се засилува влијанието на српската варијанта на старословенскиот јазик. Причина за тоа било приклучувањето на македонските краишта кон тогашната српска држава. Тоа влијание се однесува главно, на правописот. Покрај тоа, во книжевните споменици од тоа време сè повидливи се и трагите од современите живи македонски говори.

Во времето на Отоманското Царство писменоста доживува опаѓање. Нејзиниот јазик уште повеќе се оддалечува од старословенската основа, затоа што во живиот народен говор веќе биле насобрани повеќе изразити промени. Покрај црковните богослужбени книги, во кои повеќе се водело сметка за старата писмена словенска традиција, се појавуваат сè повеќе и такви текстови што служат за читање на поширок круг луѓе или претставуваат написи за практична употреба.

Во XVI век се печатат и книги во Србија и Венеција. Во XVII век веќе доаѓаат во големи количества црковни книги печатени во Русија на рускословенски јазик.

Македонско национално движење

мини|десно|Весникот Автономна Македонија, Белград 1905 За време на османското владеење положбата на Македонците и создавањето на македонска држава биле многу тешки. Неколку движења, чии цели се создавање на автономна Македонија, која го покрива целиот регион на Македонија, започнале да се појавуваат кон крајот на XIX век, а најстарата од нив е Македонската револуционерна организација. Во 1905 година таа била преименувана во Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО), а по Втората светска војна организацијата се поделила на Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО) и Внатрешна тракиска револуционерна организација (ВТРО). Во почетокот организацијата не бирала националности туку била отворена за „... обединување на сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без оглед на нивната националност...“ Поголемиот дел од членовите сепак биле Македонци. Во 1903 година ВМРО организира Илинденското востание против Османлиите, кои по некои првични успеси, вклучувајќи и формирање на Крушевската Република, било задушено со големи човечки загуби. Востанието и образувањето на Крушевската Република подоцна многу ќе влијаат кон создавањето на денешната Република. Македонија во XX век Македонија пред Балканските војни Македонија во Првата балканска војна Српска окупација