Струга — град во југозападниот дел на Република Македонија и административен центар на истоимената општина. Градот Струга лежи во рамнината на Струшкото Поле на двата брега на реката Црн Дрим и на северниот брег на Охридското Езеро. Има 15.009 жители (2021 г.) и се наоѓа на 171 километар југозападно од главниот град Скопје.

Потекло на поимот мини|лево|Едрилици кај Струга

Античкото име на градот е Енхалон кој на старогрчки значи јагула и во тоа време градот бил мала населба. Подоцна населбата го добива името Струга.

Името на Струга произлегува од чист и карактеристичен словенски збор. Народот од Струшко и Охридско дава две свои објаснувања за потеклото на ова име.

Според првото народно толкување, името Струга доаѓа од отворената географска положба на градот: место каде што постојано струже (дува) ветер.

Второто е сосем поинакво : Одамна некогаш македонските Словени (Брсјаци и Мијаци) во Струшко се занимавале со сточарство и во точно определено време ги дотерувале многубројните овци на стриг (стрижење волна) во близина на истекот (Устата) на Црн Дрим од Охридското Езеро. Меѓутоа, тоа може многу пологично да се поврзе со преминот низ ограда за молзење овци, наречен струга (страга, стронга).

Некои автори тврдат дека градот е наречен така заради тоа што Црн Дрим поминува низ далјаните (турски збор за место заградено со трски и друг материјал за лов на јагули и риби воопшто).

Можеби е најблиску до вистината објаснувањето дека Струга значи речен ракав, притока (во случајов истек на Црн Дрим) и тоа на место со уреди за риболов.

За првпат под словенското име Струга, градот се споменува во еден документ од XI век. Во друг документ од XVI век (Калимановата грамота) е дадена една царска повелба „приходите од рибното ловиште на град Струга да се испраќаат на Зографскиот манастир“.

Историја

Струга е стара населба која потекнува од неолитскиот период. Во антиката, Струга има многу добила корист заради тоа што се наоѓала на патот Вија Егнација, кој ги поврзувал источните и западните делови на Римската Империја. Археолошките наоди и откриените пишувани споменици зборуваат дека животот овде датира уште од праисторијата. Првата неолитска населба е регистрирана околу 3.000 години п.н.е. Античкото име на градот е Енхалон што значи јагула, а сегашното име Струга го добива подоцна од старословенскиот збор „страга“ што означува премин.

Во XI век Струга била спомената од римската принцеза Ана Комнина во чии записи градот бил наречен град на сто мостови. Во средниот век благодарение на веќе постојната Вија Егнација и Самуиловите новоизградени патишта, Струга веќе станала и богато трговско средиште. Патописецот Бернард ја опишал како значајна крстосница, а Евлија Челебија кој овде престојувал во втората половина на XVII век сведочи за големите струшки панаѓури, по два во текот на годината, на кои доаѓале и до 50.000 посетители. Месноста на кои биле изградени илјадници дуќани и други градбии денес се нарекува Панаѓуриште. Во градот, XIX век поминува во знакот на преродбата и ослободувањето од патријаршиското духовно влијание. Токму Струга, преку браќата Димитрија и Константин Миладинови, станala предвесник и средиште на македонската народна преродба.

Антика Врз основа на некои археолошки наоди, се претпоставува дека античкиот град Енхалон, најверојатно основан од припадниците на илирското племе Десарети, се наоѓал во непосредна близина на денешната рекичка Климетица. Меѓу поважните археолошки наоди спаѓаат: една надгробна плоча со релјеф (од IV век) и една стаклена ваза во боја, за која се претпоставува дека е донесена од Египет, потоа римски милјоказ и неколку стари гробови со украсни предмети и керамика, откриени при црквата „Св. Ѓорѓија“. Стариот историчар Полибиј дава податоци за борбите меѓу Македонците и Илирите во Охридско и тврди дека кралот Филип II го зазел Енхалон во 334 година п.н.е. Во 148 година п.н.е. градот потпаднал под власта на Римјаните, кои го изградиле прочуениот стратешки пат Вија Егнација за да го поврзат Рим, преку Драч и Солун, со Византион. Тој пат поминувал и низ древниот Енхалон.

Во тоа време градот Енхалон извезувал во другите области на римската држава земјоделски и сточарски производи, а внесувал предмети за практична употреба од злато, сребро, од метал воопшто и од стакло. Во IV век охридско-струшката област била приклучена кон Епир. Речиси во исто време, почнува и ширењето на христијанството во Струшко. Се претпоставува дека прв христијански мисионер во овие краишта бил антиохискиот епископ Еразмо. Тогаш тука биле изградени повеќе цркви.„Струга и Струшко" д-р Душко Константинов, Струга 1970

Ран среден век По навлегувањеto на Словените, крај бреговите на Охридското Езеро, стигнале припадниците на словенското племе Березити. Тие дошле од исток, преку Битолско и Преспа. Березитите, несомнено, едно од најголемите македонски словенски племиња, се населиле и во Струшко, каде се измешале и со еднокрвните Мијаци, коишто таму навлегле од север.

Веројатно тогаш, кон крајот на VI или во почетокот на VII век, Берзитите ја основале денешна Струга. Некои автори претпоставуваат дека Берзитите нашле на тоа место пусти урнатини од многу постара несловенска населба.

Постои и друга можност за разгледување на ова прашање. Можеби древниот град живеел сè до наближувањето на Берзитите во Охридско и Струшко, кога неговите илирски и други жители, опфатени од страв, го напуштиле и се засолниле по планините. Ако било така, Македонските Словени до темели го разурнале градот и изградиле нова населба, слична на населбите што ги правеле во општословенската прататковина, некаде зад Карпатите. Околината на новиот град мошне прилегала на некои месности во прататковината. Поточно: околу истекот (устата) на Црн Дрим се протегало големо мочуриште - што веројатно го покривало целото денешно Струшко Поле - полно со разновиден и богат растителен свет (шевар, трски и др.), а и со диви животни. Заради тоа, жителите на младата населба Струга немале зошто да се плашат од недостиг на храна. Березитите биле одлични ловци и риболовци, а Црн Дрим и Охридското Езеро им давале неограничени можности за богат риболов. Оваа необично важна стопанска основа, потоа изобилството со вода и со други природни богатства во најнепосредната околина, ѝ овозможиле на Струга да се развива постепено и непрекинато, до одредени граници, обусловени од близината на Охрид, град со очигледно поважна и поклучна стратешко-географска положба. Околу Струга никнале словенски полски и планински села. Таа им станала центар во секој поглед.

Набргу по доаѓањето на Прабугарите на Балканскиот Полуостров, нивните ханови се стремеле да ги прошират границите на својата држава на балканските поседи на Римската Империја. Ханот Пресијан навлегол во источниот дел на Македонија, најверојатно во брегалничката област и северно и јужно од неа. кнезот Борис (853-888), којшто ги присилил Прабугарите на покрстување, ги истиснал Римјаните од територијата на цела западна Македонија и ја покорил Струга со околината. Тој навлегол длабоко и на територијата на денеша Албанија. Струга останала под бугарска власт и во времето на бугарскиот цар Симеон I (893-927).

Доцен 9 до 14 век Положбата на населението во Струга и Струшко била просечно добра во времето на Самуиловото владеење, иако тој водел постојани војни против Римјаните. Големо економско влошување настапило по повторно воспоставување на римската власт во Македонија поради честите војни и лошото управување. Струга се нашла во границите во новата римска тема Бугарија и била изложена на големи даноци. Во тоа особено се истакнувале државните органи за собирање на даноци, а и патријаршиското духовенство, кое правело сè за да ја отстрани од употреба словенската богослужба во црквите. Познатиот охридски архиепископ Теофилакт (1084-1108), кој го превел и го прикажал како свое опширното житие на Климент Охридски (а потоа го изгорел изворното дело на словенски), во некои свои писма се жали дека државните органи ги оптоварувале неговите поданици - рибарите и воденичарите - со двојно зголемени даноци, без да имаат законско право. Тоа се однесувало и за македонското население во Струшко, зашто и тие му биле „поданици".

Струга и Струшко пострадале многу во текот на XI век, кога Норманите, предводени од Роберт Гвискард и од неговиот син Боемунд, навлегле длабоко во Македонија, по Вија Егнација. Пред пристигнувањето на норманските освојувачи, римските власти во тема Бугарија собрале војници за својата пешадија. Исто така, при поминувањето на Норманите, Струшко било пљачкосано. Воинствениците од Северна Европа извршиле бројни злосторства во Струшко.

Некое време градот се наоѓал и под власта на Епирците, чијшто деспот Теодор Ангел Дука Комнин бил крунисан за император од охридскиот архиепископ Димитар Хоматијан (1217-1234) (автор на кусото житие на Климент Охридски). Струга потпаднала повторно под нова бугарска власт во времето на Калојан (владеел 1197-1207), Иван Асен (1216-1240). За време на латинското освојување и преземање на Римската Империја, Струшко потпаднало под власта на владетелот Стрез.

Под Српското Царство и неговата децентралицазија Во средината на 14 век, Никејците/Римјаните управувале со овој дел на Македонија, без да бидат вознемирувани во тоа од некоја страна. Но, во текот на истиот век, започнуло ширењето и зацврстувањето на српската власт кон југ, на територијата на Македонија. Душан (1331-1355) ја вклучил Струга во границите на своето големо царство, со престолнина во Скопје. Тој го именувал за управител на Охрид и Струга севастократорот Бранко Младеновиќ (татко на Вук Бранковиќ). Но, поверојатно е дека практично власта ја држел неговиот син Гргур Бранковиќ.

Во тоа време Струга и натаму била познато стопанско средиште, особено со развиениот риболов. Во една повелба на царот Душан, градот Струга се споменува како рибарско ловиште подарено на храмот „Св. Богородица Перивлепта, во Охрид. Од истиот документ се гледа дека тогашната Струга се делела на две градски целини: Вранинска Струга и Мала Струга, најверојатно наречени така според речните ракави на Црн Дрим, при далјанот.

Цар Душан им овозможил на прочуените дубровнички трговци да можат да се движат низ неговата држава. Таа положба придонела да се развие трговијата во позначајните македонски градови. Карваните на дубровничките трговци, натоварени со скапоцена и разновидна стока од западните европски земји. Дубровничките трговци, кои ќе стигнеле до Охрид, наминувале и во Струга за да го продадат она што го носеле, но и за да купат струшки сточарски и земјоделски производи.

Душановиот наследник, царот Урош, не бил кадарен да го спаси царството од цепкање и слабеење. Одделни српски феудалци се стремеле да станат што е можно посамостојни и да не зависат од централната власт. Тогаш се засилил амбициозниот крал Волкашин (1365-1371). Тој успеал да ја зајакне својата власт во Прилепско, Битолско, Охридско и Струшко.

Под османлиско владеење thumb|200px|Картичка со изворниот текст на поемата "Т’га за југ", од Константин Миладинов. По загинувањето на Волкашин на Битката кај Марица, во 1371 година, таа територијално намалена држава ја наследил Крале Марко (1371-1395). Струга не останала долго под непосредната власт на Крале Марко, зашто великиот жупан Андреа Гропа (најверојатно по потекло Албанец) се зацврстил во Охридско и во Струшко како самостоен господар. По стабилизацијата на османлиската власт во Македонија, била извршена управно-територијална поделба на целата земја. Во 1582 година, во Охридскиот Санџак влегувале следните нахии: Охрид (со Струга), Преспа и Дебрца (од Охридската Каза) и Горни Дебар, Жупа и Река (од Дебарската Каза).