Куманово — главен и најголем град во Североисточниот Регион кој се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија, на надморска височина од 340 метри, распространет од двете страни на Липковска Река, Коњарска Река и Кумановска Река, и претставува административен и економски центар на областа Жеглигово, која е заградена со високи планини. Куманово е трет град по број на жители во Македонија и има население од 70.842 жители (2002), од кои 42.840 се Македонци, а според Пописот од 2021, втор со 75.051 жител, од кои 43.280 се Македонци. Градот Куманово е административно седиште на истоимената општина.

Етимологија

Според легендата името на населбата потекнува од името на воинственото племе Кумани кои во 1094 година, навлегле во овој крај и извесно време се задржале на територијата на денешната кумановска општина и пошироко.Здружение на професори по географија на Македонија „Проф. Д-р Љубе Миленковски“- Скопје, Филип Ѓошевски, Куманичево - едно исчезнато село во Кумановскиот крај.Victor Spinei (2009) The Romanians and the Turkic Nomads North of the Danube Delta from the Tenth to the Mid-Thirteenth Century, Brill, , p. 317.Mykola Melnyk (2022) Byzantium and the Pechenegs. The Historiography of the Problem. Brill, , p. 180.

Според друга легенда името потекнува од зборот "кум" на словенски јазик

Историја Археолошки наоѓалишта На територијата на Куманово, постојат следните археолошки наоѓалишта: Градиште (Бедиње) Бел Брег - некропола од железното време Куманово - осамен наод од античкоримско време од вотивен мермерен релјеф Куманово - осамен наод од античкоримско време од ара

13-17 век

Се претпоставува дека Куманово било основано во XII век во близина на селото Жеглигово, со цел да го чува преминот меѓу реките Вардар и Јужна Морава. Првите изворни податоци за Куманово претставуваат османлиските пописни дефтери од 1519 година, во кои населбата се споменува како село во состав на Нагоричката нахија, која пак била дел од Ќустендилскиот Санџак, со 52 семејства и околу 300 жители. Како градска населба (касаба) се споменува во втората половина на XVII век.

Се претпоставува дека населбата во овој период има слабо развиено стопанство. Тоа го потврдуваат и патописните забелешки на Евлија Челебија од 1660 година, според кои населбата имала околу 600 куќи покриени со ќерамиди. Тој понатаму вели дека чаршијата ја сочинувале голем број на занаетчиски и трговски дуќани и дека во него има убава џамија, а самата населба била опкружена со многу бавчи, лозја и голем број воденици.Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.50

Карпошово востание мини|десно|250п|Смртта на Карпош. На сликата му се чита пресудата, а во позадина се гледа Камениот мост, Скопје. Во 1689 г. при продирањето на Австријците на Балканот, водачот на востаниците од северниот дел на Македонија, Карпош се прогласува за „крал од Куманово“ што покажува дека Куманово како населба била на добар глас. Имено како сообраќаен крстопат имал значајна економска важност каде трговијата била значително развиена. Со тоа успева да ги надмине конкурентните средишта (Табановце, Нагоричане, Стрезовце и Клечевце) во својата најблиска околина. Таквиот стопански раст бил прекинат со австрискиот поход на Балканскиот Полуостров. Како и повеќето градови во Македонија, Куманово бил во опаѓање, но не исчезнал како населба. По бурните настани (Карпошовото востание во 1689 година) настанала стагнација на градот, и тој сè до крајот на XVIII век претставува типична турска касаба.

18-19 век

Сè до крајот на XVIII век тоа имало претежно аграрна физиономија со околу 300 куќи. Ами Буе во 1836 година забележал дека во Куманово живеат околу 3.000 жители, а било познато како богато сточно пазариште. Во развојот на градот значајно влијание имале изградбата на државното џаде Скопје-Куманово-Врање во седмата деценија од XIX век и посебно пуштањето во употреба на Моравско-вардарската железница во 1888 година. Тогаш Куманово станало значајно миграциско средиште. Во него се доселувале Грци од Јанина и Власи од Крушево, а еден четврт бил наречен Велешки, бидејќи повеќе од семејствата овде биле дојдени од Велес. Во градот интензивно започнал да се развива занаетчиството и трговијата, така што во почетокот на XX век населението се наголемило на 14.530 жители. Во периодот меѓу двете светски војни, Куманово многу не напреднало, во 1931 година неговото население броело 16.984 жители.Стојмилов, А., (2005), Социоекономска географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје

Во текот на XVIII век е спомнати двапати (1706 г. и 1792 г.) во белешките на патници кои преноќиле во градот, но без некои посебни податоци.

Во следниот, XIX, век Куманово успева да се оддели од околните населби и интензивно да напредува. Ова е период кога Куманово се споменува како важно пазариште за добиток и жито. Во исто време значително напредувало и угостителството кое претежно било во рацете на Грци од Јанина, а подоцна и башиноселци. Наспроти нив, во текот на втората половина на XIX век некои занаети воопшто не биле развиени или пак нивното производство било далеку под побарувачката на пазарот.

Според патописецот Жан, во Куманово до средината на XIX век имало „20 христијански и уште толку турски куќи“. Градот постепено почнал да расте по 1865 година (тогаш имал 3 000 жители, односно 650 куќи од кои 350 биле македонски, 300 турски и 30 ромски колиби).

Причините за ваквиот раст на градот се во неговата улога на административно средиште и сообраќаен крстопат за патиштата кои одамна постоеле и оние поновите кои се граделе во седумдесеттите години на XIX век. Со изградбата на железницата во негова непосредна близина и добивајќи сопствена железничка станица, не само што ја зацврстува својата доминантна положба во однос на околните населби, туку и стопански се наметнува над нив, оневозможувајќи го нивниот поинтензивен развој.

Веќе во 1876 година, Куманово наликувало на голема градска населба, со образувана и развиена градска чаршија, која ја сочинувале над 250 занаетчиски и трговски дуќани, со 34 склада за сместување и продажба на жито и 33 ана. Десетина години подоцна, во градот веќе имало 330 дуќани, како и голем број магази и анови. Меѓутоа, вистинската преродба Куманово ја доживува дури по 1888 година, по поврзувањето на железничката линија со Солун, Скопје и Белград. Во тој период градот доживува експанзија во стопанството, трговијата и занаетчиството. Се појавила и граѓанска класа, која воедно е и носител на напредокот. Градското пазариште било богато со селско-стопански производи, додека трговците тргувале во сите краеви на Македонија, со Бугарија и Србија, како и со некои други земји.Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.51

Како нормален одраз на тоа, Куманово станало привлечно имиграциско место за околното население и бележело поизразен раст на населението. Истовремено Куманово и стопански раснело и денес претставува град со развиени дејности од секундарниот и терцијарниот сектор. Водечко место има индустријата (металопреработувачка, текстилна, чевларско-кожарска, прехранбена, тутунска) потоа земјоделието и трговијата. Со својата местоположба и сообраќајно значење, развој и обликуваните градски функции, Куманово има три контактни гравитациски зони на влијание - спрема Крива Паланка, Кратово и Свети Николе. Истовремено тоа значи и функционално наметната моќност кон овие три правци што е една од причините за силен популациски и функционален раст на Куманово на сметка на растот на трите гореспоменати градски населби. Стопански развој градот доживува дури при крајот на XIX век (земјоделство, занаетчиство и трговија), но во стопанскиот развој нема значаен подем на индустријата сè до крајот на Втората светска војна. мини|десно|Знаме на востаниците во Илинденското востание Македонска револуционерна организација (МРО) (ТМОРО) ја проширила својата дејност во Куманово во 1894 година. Во овој период во Куманово пристигнал Димитар Мирасчиев, по потекло од Штип и учител во Крива Паланка. Тој во куќата на Ѓорѓи Јованов Борозанов го формирал комитетот на МРО во Куманово во кој влегле: Ѓорѓи Караман (претседател), Јанко Арсов, Петко Костов - Думановски, Аксентиј Јованов Борозанов и Диме Ќумбетчијата кој бил избран за курир на комитетот. Во 1895 година Гоце Делчев го посетил Куманово, притоа за време на десетдневниот престој во Куманово водел разговори со месниот комитет на МРО. Гоце престојувал во куќата на Караман, а потоа три дена кај Ѓорѓи Борозанов. Неговите активности биле насочени кон пронаоѓање на сигурни и проверени луѓе на кои требало да се потпира Организацијата, не само во Куманово туку и во селата. По посетата на Гоце, во текот на 1895 година се формирале селски комитети на МРО во Кумановско. Селски комитети најпрвин биле формирани во источниот дел на Кумановската Каза и тоа во селата: Пчиња, Винце, Градиште, Кшање и Живиње, а потоа во северниот дел во селата: Облавце, Сув Ора, Канарево, Челопек и Младо Нагоричане. Во јужните и западните делови на казата не биле формирани комитети на Организацијата, поради концентрација на албанското и турското население. За време на Илинденското востание Месниот комитет на ТМОРО во Куманово донел одлука да биде формирана чета од доброволци, која што имала задача да замине за Крушево и да им помогне на востаниците. Четата ја формирал Аксентиј Јованов Борозанов, член на ТМОРО од село Младо Нагоричане. Меѓутоа кога четата пристигнала кај селото Пчиња, пристигнал курир на Организацијата кој што им кажал дека востаниците во Крушево биле поразени. Комитетот на ТМОРО во Куманово успеал да изврши една успешна диверзантска акција. Во август 1903 година бил поставен експлозив на железничката станица во Куманово, при што била нанесена материјална штета.Миодраг Арсовски-Болто, Кумановска револуционерна организација, Куманово, 2007, стр. 20, 30.Масевски Димитар, Арсовски Миодраг-Болто, Куманово - прилози за проучување на неговото минато од праисторијата до денес, ноември 1996, стр.16, 168, 172-173.

Прва половина на 20 век мини|Куманово во почетокот на XX век мини|Разгледница на Куманово од 1930-те години. Во близина на Куманово на 23 октомври 1912 година е одржана и познатата Кумановска битка во која османлиските сили биле поразени од српската војска и биле натерани на повлекување од оваа територија. Во близината на ова место на наоѓалиштето кој се нарекува Зебрњак е изграден споменик кој подоцна делумно ќе биде разрушен од страна на бугарската војска за време на Втората светска војна.

Втора светска војна мини|лево|Свечен пречек на раководители на НОВ и ПОМ по повод ослободувањето на Куманово. (11 ноември 1944). На 11 октомври 1941 година во Куманово и Прилеп, започнала антифашистичката борба на македонското население. По 1945 година Куманово доживувеало брз стопански, административен и културен развој.

Војна 2001

Куманово во 2015 На 9 мај 2015 било нападнато Диво Насеље во Куманово од страна на терористи на ОНА. Акцијата траела повеќе од 1 ден во која биле убиени 8 полицајци од македонска страна, 30 ранети полицајци и 10 терористи биле убиени во престрелката во Куманово.

Географија

Градот Куманово се наоѓа во северниот дел на Република Македонија. Сместен е во источното подножје на Скопска Црна Гора, во источниот дел на Кумановското Поле на надморска височина од 330 метри. Поставен на главната сообраќајна артерија по Вардарско-моравската долина, Куманово има мошне добра сообраќајно-географска положба. Како сообраќаен јазол, освен трасираниот железнички сообраќај, низ него минуваат патишта кои на исток водат за Крива Паланка и Кратово, на југоисток за Свети Николе, на север за долината на Јужна Морава и на југозапад за Скопје.

Сообраќај