Радовиш — град во југоисточниот дел од Република Македонија. Градот е втор по големина во југоисточниот регион, сместен во подножјето на планината Плачковица и северниот дел на Струмичко-радовишката Котлина. Магистралниот пат М6 Штип - Радовиш - Струмица претставува главна врска на градот. Седиште е на Општина Радовиш во којашто припаѓаат уште 35 населени места. Радовиш е познат по Црквата „Св. Троица“, Крстот над Радовиш, планината Плачковица, рудникот Бучим и радовишкиот самун и татлијата.
Историја Праисторија и антички период На територијата на општина Радовиш уште од праисторијата се наоѓаат траги на материјалната култура. Посебно се интересни наодите од епохата на неолитот, бакарното време, халштатот и бронзата. Во времето на Филип II Македонски и Александар Македонски територијата на радовишко ја населувале Пајонците. Се смета дека тука биле населени пајонските племиња Добери и Астраи, по чии имиња настанале и центрите Добер и Астрајон. Но, во науката сè уште постојат претпоставки околу вистинското лоцирање на овие центри. Бројни остатоци од вредност се од времето на предримската и римската епоха. Тоа се претежно антички населби, некрополи, каструми, терми, аквадукти, милјокази и други наоди.
Средновековен период Градот Радовиш за првпат се споменува во 1019 г. во Грамотата на византискиот цар Василиј II, а така се викала и средновековната жупа, што покажува дека градската функција потекнува од средниот век. Во тоа време Радовиш претставувал значаен регионален трговско-занаетчиски и рударски центар. Името на градот Радовиш е поврзано со името на средновековната кнегиња од словенско потекло, Рада, која живеела во тврдината над градот, чиишто урнатини сè уште постојат.
Во периодот на 14 век бил под власт на српските владетели - 1361 година во него престојувал Цар Урош.
Под османлиска власт Под власта на Турците, Радовиш потпаднал во 1382-1383 година. Според историски податоци и извори, турската војска на пат кон Средна Европа ги запоседнала градовите кои се нашле пред неа. Во окупираните градови, турските власти поставувале само по неколку чиновници и нивни чувари, како би ја пречекувале и испраќале својата војска. Од друга страна, тие не сакале да го предизвикуваат на бунт тукашното население, за да не им прави проблеми при нивниот поход кон Европа. Под турското освојување во почетокот на 16 век во овој крај многу се населувале Јуруци - турско номадско племе, етничка група која и денес е присутна во Радовишко. Според пописот на населението од 1519 година, населбата броела 200 домаќинства, од кои 177 биле христијански, 23 муслимански. Во овој документ градот бил потпишан како Радовиште. Меѓутоа, во наредните години состојбата драстично се променила. Со колонизирање на муслиманското население од Мала Азија, се почувствувал поголем прилив на нови жители, како во Радовиш, така и во околните села. Од ваквата вештачка миграција на турското население, во 1572 година Радовиш веќе имал 365 домаќинства, од кои 303 христијански и 62 муслимански. Познатиот турски патописец Евлија Челебија го посетил Радовиш во 1662 година и во неговите белешки за градот забележал: „Касабата има: околу 400 куќи, распоредени во пет маала; има пет џамии, дервишко теќе, мектеба, медреса, амам, три ана, две крчми и мала градска чаршија со околу 150 дуќани. Населбата е опколена со бавчи и лозја“. Челебија понатаму во своите белешки објаснува дека гратчето претставувало излетничко место и ловиште на некојси крал во име Радул.Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани,2004,стр.68 Документите Ќустендилски метрополити во 17 век се викаат и радовишки. Кон крајот на 18 век Радовиш било гратче опколено од ѕид од стара тврдина чии остатоци стојат и денеска. Некогаш големиот пат од Поморавје преку Куманово и Овче поле и Радовишко поле преку Струмица водел до Солунскиот и Струмскиот Залив. Во 1820 година, во публикацијата на Г. Хасел, Радовиш е забележан со топонимот Радовиште и во гратчето имало 300 куќи. Со овој топоним, Радовиш бил зацртан и во една карта на европска Турција, објавена во Виена во 1828 година. Во 1854 година, градот го посетил францускиот патописец Ами Буе. Тој го споменува Радовиш како десетти град по важност во Скопскиот пашалак со околу 1.500 жители. Во седумдесеттите години од истиот век, Радовиш прераснал во пазарно средиште, тогаш познато по извозот на тутун и афион. Поголем пораст на населбата бил забележан кон крајот на XIX век. Во 1896 година, Радовиш броел 1.100 куќи, од кои 700 биле муслимански, а само 400 христијански. Во овој период во градот имало шест џамии, десет до петнаесет ана, еден амам, градска саат-кула и христијанска црква, изградена во 1832 година. Улиците во градот биле тесни и криви, делумно калдрмисани, додека куќите биле приземни, ретко на кат. Градот бил поделен на тринаесет маала, од кои 7 биле муслимански, а 6 христијански (македонски). Чаршијата броела 150 дуќани и била доста динамична, во која најмногу било развиено занаетчиството и трговијата. Ваквиот ориентален лик на Радовиш се задржал сѐ до Балканските војни.Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани,2004,стр.68-69
250п|мини|лево|Радовиш во почетокот на XX век Во XIX и XX век Радовиш и околината биле под влијание на историските настани поврзани со Разловечкото, Кресненското и Илинденското востание, потоа настаните од Балканските војни, Првата и Втората светска војна и периодот по завршувањето на втората светска војна придонеле за денешниот изглед на Радовиш.
Територијата на општина Радовиш е богата со истражени и голем број неистражени археолошки наоѓалишта, манастири и цркви кои се дел од богатата ризница на споменици на културата.
Втора светска војна На 22 октомври 1944 година германската фашистичка војска запалила поголем број на куќи во централното градско подрачје. Градот е ослободен на 6 ноември 1944 година.
Географски податоци
Градот Радовиш е сместен во Радовишката Котлина во подножијето на планината Плачковица. Низ него поминуваат две реки, Стара река и Сушица. Градот се наоѓа на 41° 38' СГШ и 22° 28' ИГД. Надморската височина во градот изнесува 380 м. Градот се простира на површина околу 4 км2, во широчина 3 км (Индустриска зона - ул. Калузлиска) и во должина 3,5 км (нас. Раклиш - Кеј 8 септември).Google Maps
Географска положба и природни ресурси Сместен во југоисточниот дел од Републиката, град Радовиш го зафаќа северозападниот дел од пространата Струмичко-радовишка Котлина, односно горното сливно подрачје на Радовишка Река. Северниот дел припаѓа на планината Плачковица, јужниот дел на планината Смрдешник, на северозапад се наоѓа ридестиот дел на областа Јуруклук или Дамјанско Поле, а на југоисток се протега алувијалната рамнина на реката Радовишка. Општината има добри функционални врски со соседните градови Штип и Струмица, од кои е оддалечен само 36 односно 29 км. Градот Радовиш е сместен во централниот дел на општината, на надморска височина од 380 метри и претставува општински административен центар со добра местоположба за развој на стопанството. Како административен центар ги опслужува и жителите на општина Конче.
Во хидрографски поглед општината е интересна, со појава на подземни води, извори и површински водотеци како и со помали вештачки акумулации. Покрај изворите за вода за пиење во општината има и минерални води, но без некоја поголема стопанска искористеност. Хидрографската мрежа на општината е поделена на два речни слива. Преку Радовишка река водите течат во сливот на Струмица, додека преку реката Крива Лакавица во сливот на Брегалница. Реки во град Радовиш се: Стара река (позната уште и како Радовишка река), како и помалите Сушица и Марлада.
Вегетација - Шумските комплекси зафаќаат околу 21 000 хектари. Поголеми шумски комплекси се наоѓаат околу Стара река и Ораовичка река, каде се застапени дабова, букова и четинарска шума. од фитоценозите во шумите најдоминантни се заедниците на Дабот Горун, цените јасенови шуми, заедницата на подгорската бука, буковата шума со учество на брезата на кисели почви и заедницата на горската бука.
Радовиш е оддалечен 110 км (1,5 часа) од Скопје, 230 км од Охрид, 500 км од Белград, 160 км од Солун, 620 км од Атина, 370 км од Тирана, 390 км од Драч, 260 км од Софија, 720 км од Варна, 670 км од Бургас, 840 км од Истанбул, 1030 км од Љубљана, 2330 км од Париз и 2540 км од Лондон.Google Maps
Клима мини|лево|250px|Центарот во Радовиш
Радовиш е под влијание на умерено средоземно-континентална клима. Поради изразената височинска разлика (400-707 мнв) одделни климатски елементи варираат меѓу изменета средоземна клима во полето и планинска клима по планините. Просечните годишни температури во рамничарскиот дел се движат од 12.5 до 13.0°С, а на највисоките делови од планинските масиви до 7,5°С. Најтопли месеци се јули и август, со просечна температура од 23°С, а најстуден месец е јануари со 1.2°С.
Просечните годишни врнежи изнесуваат 563 мм, со големи варирања од година на година, но постои разлика меѓу планинските и рамничарските реони. што се однесува до годишниот збир на сончеви часови, регионот има 2326 сончеви часови годишно, т.е. 6,4 часови дневно.
Радовишки населби и маала Во Радовиш постојат неколку населби, нас. Раклиш, нас. Куклевица, нас. Бел Камен и нас. Беверли Хилс. Познати маали се: Шаин маале, Варош, Лисец маало, Шопска маала, Егејска маала.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Радовиш живееле 6.230 жители, од кои 4.000 Турци, 2.030 Македонци и 200 Роми.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.233.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, градот имал 2.800 Македонци, 1.050 Турци и 150 други жители.
Во првиот организиран попис на СФР Југославија од 1948 година, во Радовишкиот срез имало 24.249 жители, од кои 4.678 во градот Радовиш, а 19.571 во селата (Радовишко Поле, Јуруклак, Шоплук, Лакавичко). Од етнички аспект, населението го сочинувале 14.055 (57,9 %) Македонци, 9.390 (38,7 %) Турци, 525 (2,16 %) Роми, 93 Власи и 186 останати.
Според пописот на населението во 2002 година, градот Радовиш имал 16.223 жители, а Општина Радовиш 28.244, густината на населеност во општината е 46 жит./км2. Во градот главно живееле Македонци, како и турско и ромско население.
Етнички групи
Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 16.223 жители и спаѓал во групата на средни градови. Етнички гледано, населението е составено од:
Според послениот Попис на населението на Македонија од 2002 година, градот има 16.223 жители. Следува табела на националната структура на населениетоПопис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Националност Вкупно Македонци 13 991 Турци 1 927 Роми 181 Албанци 1 Власи 20 Срби 60 Бошњаци 1 Други 42
Јазик
Во градот се зборуваат следниве јазици:
Јазик ВкупноУдел (%) македонски 14.027 86,46 турски 2.039 12,57 ромски 65 0,40 влашки 6 0,04 српски 54 0,33 бошњачки 1 0,01други 31 0,19
Вероисповед
Во Радовиш се застапени следните религиски групи:
Вероисповед ВкупноУдел (%) Православни 13.912 85,75 Муслимани 2.116 13,04 Католици 11 0,07 Протестанти 3 0,02 други 181 1,12
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Радовиш:
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Вкупно 1948 — — — — — — — — — 4.678 1953 3.663 7 1.310 146 0 19 — 110 — 5.255 1961 5.183 2 592 — — 39 — 430 — 6.246 1971 8.201 10 1.280 17 — 74 — 57 — 9.639 1981 10.418 12 1.551 28 2 84 — 93 — 12.188 1991 13.022 4 1.800 19 12 89 — 64 — 15.010 1994 13.258 0 1.662 43 11 64 — 30 — 15.068 2002 13.991 1 1.927 181 20 60 1 42 — 16.223 2021 10.688 14 1.597 239 11 23 0 54 1.834 14.460
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Локална самоуправа
thumb|250px|Центарот во Радовиш