алт=Вагатор, Гоа, Индија, диџеј пушта музика на грамофон|мини|Вагатор, Гоа, Индија, диџеј пушта музика на грамофон Техното е форма на електронска денс музика што се појавила во Детроит, Мичиген, САД во доцните осумдесетти. Првата употреба на зборот техно како жанр во музиката беше во 1988 година. Денес постојат многу стилови на техно, но Детроит техното се смета за основа врз која се изградени многу поджанрови. Првото техно настана со соединување на музика заснована евроцентичен синтисајзер со разновидни афро-американски стилови како хаус чикаго, фанк, електронска и електричен џез. На ова беше додадено влијанието на футуристички и фиктивни теми кои беа важни за животот во Америка во капиталистичкото општество – осовено книгата “ Третиот бран ” од Алвин Тоглер. Пионерскиот продуцент Хуан Аткинс ја наведува Тофлеровата фраза “техно бунтовник” како инспирација за употреба на зборот техно за да го опише музичкиот правец во чие создавање тој помогна. Уникатното мешање на влијанија го поврзува техното со пренесувањето на духот од телото на машината и често главна преокупација: суштината на технолошката духовност. На овој начин “техно денс” музиката го победува она што Адорно го виде како резултат на оттуѓување со механизацијата на современата совест. Музичките новинари и обожаватели се претежно прибирливи при употреба на терминот; за да може понекогаш да се направи разлика помеѓу поврзаните но квалитативно различни жанрови, како техно хаус и транс. “Техно” исто така доста често се меша со општоприфатени описи, како електронска музика и денс музика.
Потекло “Belleville Four” во историскиот музеј Детроит, изложба во чест на нивното “Техно: подарокот на Детроит за светот” (јануари 2003 – јуни 2004). Првичниот пат на техното беше во средината на осумдесеттите во Детроит, од Хуан Аткинс, Кевин Сандерсон, Дерик Меј (познати како Белевил триото), и Еди Фолкс, кои заедно посетуваа училиште во Белевил гимназијата блиску до Детроит. При крајот на 1980-тата четворицата снимија и издадоа материал под различни псевдоними: Аткинс како “Model 500, Flinstones и Magic Juan”; Фолкс едноставно како “Eddie”, “Flashin”, “Fowlkes”; Сандерсон како “Reese, Keynotes и Kaos”; со Меј како “Mayday, R-Tyme и Rhythim is Rhythim”. Исто така имаше и многу спојувања од кои најуспешно е спојувањето помеѓу Аткин и Сандерс (со Џејмс Пентигон и Артур Форест) соработка на првиот сингл “Big Fun” од албумот “Inner City”.
Училишни денови Пред постигнувањето на осогласеност, Аткинс, Сандерсон, Меј и Фолкс делеа заеднички интереси како пријатели и музичари, разменувајќи касети со миксови и амбициозни ди-џеи. Тие исто така најдоа музичка инспирација преку здружението “Midnight Funk”, електрична 5 часовна програма на радио во доцните часови, пренесувана на повеќе радио станици во Детроит вклучувајќи ги WCHB, WGPR и WJLB-FM од 1977 до средината на осумдесеттите со ди-џејот Чарлс Џонсон “The Electrifying Mojo”. Шоуто на “Mojo” вклучување електронска музика од изведувачи како Giorgio Moroder, Kraftwerk и Tangerine Dream, покрај фанк звукот на Parliament и избор од новиот бран на музка со ритам за играње од групи како Devo и В-52’s. Аткинс забележа: “Тој пушташе музка што секој сакаше да ја слуша, од најголемите групи во Детроит во тоа време, Parliament и Funkadelic”. Тие две групи беа навистина познати во Детроит во тоа време. Всушност тие се причината зошто диското не го зазеде Детроит во 1979. Моџо пушташе многу фанк со цел да биде што поразличен од другите станици коки се префрлија на диско музика. Кога “Knee Deep” излезе, значеше крај за диско музиката”. Иако музиката имаше краток век во Детроит, им послужи како инспирација на многу индивидуалци да започнат со миксање меѓу кои е Хуан Аткинс. Подоцна, Хуан го научи Меј како да микса плочи и во 1981 “Magic Juan”, Дерек “Mayday” и три други ди-џеи, еден од нив и Еди “Flashin” Фолкс се промовираа како “Deep Space Soundworks”. Во 1980 или 1981 се запознаа со Моџо и му предложија да прават миксови за неговото шоу, што им успеа во наредната година. Кон крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите гимназиските клубови како Brats, Chrivari, Ciabattino, Comrades, Gables, Hardwear, Rafael, Rumors, Snobs и Weekends создадоа инкубатор во кој израсна техното. Овие млади организатори ја развија и негуваа локалната денс музика задоволувајќи го вкусот на публиката и во исто време организирајќи забави со нови ди џеи и нивната музика. Како што растеше популарноста на овие локални клубови, групи на ди џеи почнаа да се групираат за да ги промовираат своите техники на миксање и звук во клубовите сè со цел да се зголеми бројот на слушатели. Местата како центар за активности во локалната црква, празни магацини, канцеларии и салите на YMCA беа места каде малолетни групи се собираа и музичката форма беше негувана и дефинирана.
Хуан Аткинс Еден од четворицата одговорни за поставувањето на техното како жанр е Хуан Аткинс повеќе познат како “The Originator”. Улогата на Аткинс беше признаена во 1995 од страна на американската музичка технологија издадена во списанието “Keyboard”, кое му оддаде почит на Аткинс како еден од дванаесеттите кои се од голема важност за историјата на музиката на синтисајзер. Во раните осумдесетти години, Аткинс започна да снима музика со партнерот Ричард “3070” Дејвис (кој подоцна стана третиот член на Jon-5) под името Cybotron. Триото издаде многу мелодии инспирирани од рок и електро, од кои најуспешна беше “Clear” и нејзината помрачна верзија “Techno City” (1984). Според неодамнешната биографија на MySpace, Аткинс го измисли терминот техно за да ја објасни нивната музика, земајќи ги како инспирација деллата на футуристот и писател Артур Тофлер од една страна, од кого ги позајми термините “cybotron” и “metroplex”. Аткинс го употреби терминот за опишување на првите бендови кои имаа зголемена употреба на синтисајзери, како Крафтверк, иако многу луѓе ја сметаа музиката на Крафтверк и музиката на Аткинс во почетоците како електро. Аткинс сметаше дека “Cosmic Cars” на Cybotron е уникатен, функ на синтисајзери, но подован го слушна “Planet Rock” на Africa Bambaataa и сметаше дека е совршен пример за музиката што ја замислувааше. Инспириран, тој беше решен да продолжи да експериментира и ги охрабри Сандерсон и Меј да го сторат истото. Под псевдонимот Model 500 Аткинс конечно започна да создава своја музика и во 1985 ја основа музичката куќа Metroplex. Во истата година го издаде антологиското дело “No Ufo’s”, едно од првите изданија од Детроит кое доби пошироко внимание и значајна пресвртница во музката. На ова Аткинс рече: “Кога го започнав Metroplex некаде февруари или март 1985 и го создадо No UFO’s мислев дека само ќе успеам да си ги повратам парите, но успеав да продада околу 10000 и 15000 копии. Не ни помислив дека мојата плоча ќе стигне до Чикаго. Родителите на Дерек се беа преселиле таму и често патував меѓу Чикаго и Детроит. Кога се појавив со No UFO’s , тој зеде копии во Чикаго и ги даде на неколку ди џеи и едноставно се случи.”
Звукот на Детроит Првите продуценти овозможено со зголемување на пристапноста на секвенсери и синтисајзери споија европски естетски синт-поп со примеси на соул, фанк, дико и електро поместувајки ја електронската денс музика на непознат терен. Тие намерно го добија наследрвото на Motown и традиционалните формули R&B и соул и наместо тоа прифатија експериментирање со електрониката. Во последните 5 години или повеќе, подземјето на Детроит експериментира со технолигијата, проширувајќи го отколку едноставно само да го употребат. Со паѓањето на центите на секвенсерите и ситисајзерите експериментирањето станува поинтензивно. “Претежно се уморивме од слушање на заљубувања и одљубувања, се уморивме од R&B, па така се појави нов и напреден звук. Ние го викаме техно!” - Хуан Аткинс, 1988 Произлезениот звук на Детроит беше најавен од Дерек Меј и едене новинар во 1088 како пост-соул звук без никаков долг кон Motown, но од друг новинар декада подоцна “soulful grooves” спојувајќи го ексентричниот ритам на Motown со музичката технологија на времето. Меј го објасни звукот на техното нешто како “… како Детроит ... комплетна грешка. Тоа е како Џорџ Клинтон и Крафтверк заглавени во лифт со само еден секвенсер да им прави друштво. “Звукот има влијание од различни стилови на електронска музика, а сепак го задржа идентитетот на жарнр со свои права, денес познат како “Детроит техно””.
Чикаго Музичките продуценти, особено Меј и Сандерсон, признаваат дека биле фасцинирани од клупската сцена во Чикаго и особено биле инспирирани од хаусот. Хитот на Меј “Strings of Life” (издаден под псевдонимот Rhythim is Rhyhim) се смета за класика и во хаусот и во техното. Аткинс верува дека првите хаус продуценти, барајќи како да ја оддалечат хаус музиката од диско, го емулираа техно звукот. Исто така има претпоставка дека техно звукот се разви како резултат на употреба на тапан машината што Френки Никлс ја купи од Дерек Меј. Хуан Аткинс тврди: “Дерек му ја продаде тапан машината TR909 на ди џејот Френки Никлс од Чикаго. Ова беше во времето кога Powerlant беше отворена во Чикаго, но ди џеите од Чикаго сè уште не снимаа плочи. ” Сите сè уште свиреа увози од Италија; “No UFO’s беше единствената американска плоча што ја вртеа. Така Френки Никлс започна да го употребува 909 во неговите шоуа во Powerlant. Boss само што го изведоа нивниот мал примерок на footpedal и некој започна од таму. Некој беше на микрофонот, и го снимија тоа како примерокот, тие можеа да прават свои звуци за да ги пуштааат по забавите. Една работа водеше кон друга и Chip го користеше 909 за да ја сними својата плоча и од таму сите ди џеи во Чикаго го позајмија 909 за да можат да излезат со свои нови плочи”
Во Велика Британија, клуб што ја следи хаус музиката растеше постепено од 1985, се задржа со интерес од сцените во Лондон, Манчестер, Нотингам и подоцна Шефилд и Лидс. Ди џеите се сметаа за одговорни за раниот успех на хаусот во Велика Британија, меѓу кои и Мај Пикеринг, Марк Мур, Колин Фејвер и Греам Парк.
Ацид Хаус До 1988 хаус музиката узбувна во Велика Британија и ацид хаусот беше се попопуларен. Исто така имаше добро воспоставена warehouse подкултура која се базираше на звучата системска сцена. Во 1988, музката која се пушташе по магацинските забави беше претежно хаус. Истата година, Baleric vibe забавата поврзана со Ибица со ди џеј Алфредо Фиорите беше преместена во Лондон кога Дени Ремплинг и Пол Оукендолд ги отворија клубовите Shoom и Spectrum, секој посебно. И двата клуба брзо станаа синоним за ацид хаус и за време на овој период употребата на MDMA, како дрога за забави, започна да зема замав. Други важни британски кубови во ова време ги вклучува и Back to Basics во Лидс, Sheffield’s Leadmill и Music Factory, а во Манчестер The Hacienda, каде петочната вечерна точка на Мајк Пикеринг и Граем Марк, наречена Nude, беше од важност во докажувањето на американскиот EDM, вклучувајќи го и првото техно од Детроит. Треската за ацидни хаус забави се засили во Лондон и Манчестер и брзо стануваше културен феномен. MDMA ги разгоруваше посетителите на клубови кои поради работното време до 2 наутро бараа излез во warehouse сцената што траеше по цели вечери. За да го избегнат вниманието од печатот и власта активностите по работното време станаа тајност. Како и да е, во рок од една година околу 10 000 луѓе ги посетуваа овие комерцијални масовни забави, наречени рејв и како резултат на тоа се појави медиска бура. Успехот на хаусот и ацид хаусот го поплочија патот за поширока прифатеност на звукот на Детроит и обратно: техното беше прво поддржано од група хаус музички клубови во Чикаго, Њујорк и Северна Англија, кон кои подоцна се приклучија и клубовите од Детроит, но во 1987, според ди џеј Марк Мур “Strings od life” ги натера посетителите на клубовите да го прифатат хаусот.
Новиот денс звук на Детроит