thumb|right|Мона Лиза од Леонардо да Винчи, Музеј Лувр thumb|Детаљ од арапско сликарство што датира од 13 век. Уметност — човечка активност, производ на таа активност или идеја за истата, поврзана со сетилата, со емоциите и со интелектот. Може да се рече дека уметноста му е својствена на човекот, со што тој се разликува во рамки на природата, и се издвојува од останатите живи битија.

Во Европа, од крајот на XVIII векCf. Louis-Abel Fontenai de Bonafous, abbé de Fontenay (1736-1806), Dictionnaire des artistes. Notice historique et raisonnée des architectes, peintres, graveurs, sculpteurs, musiciens, acteurs & danseurs ; imprimeurs, horlogers & méchaniciens, Paris, 1776 (en ligne tome 1 tome 2) : repr. Genève, 1972., овој поим главно се однесува на производите на таканаречените „убави уметности“, како, на пример: вајарството, сликарството, архитектурата, графиката, но исто така и музиката, танцот, поезијата и литературата. Подоцна на тоа, меѓу другото, се додават и кујната, кинематографијата, театарот, фотографијата, стрипот, телевизијата, односно дигиталната уметност. Класификацијата на уметностите не е универзална и да се бара единствена класификација се чини невозможно.Voir, par exemple, le texte de Jacqueline Liechtenstein, « Le parallèle des arts », dans La Peinture, op.cit., p. 385-388 ; ou bien Dominique Chateau, « Art » et Jacqueline Liechtenstein, « La comparaison des arts » , dans Vocabulaire européen des philosophies : dictionnaire des intraduisibles, dir. Barbara Cassin, Seuil, Dictionnaires le Robert, 2004 (extraits en ligne ).

Оваа концепција на уметноста како автономна активност, како призвод на предмети од страна на уметници кои се во потрага по убавото, согласно судот на вкусот, датира од периодот меѓу 18 и XIX век. Но, честопати се смета дека модерната и современата уметност го напуштиле поимот на убавото и на безвременскиот стил за да ги прифатат принципите на трансгресијатаNathalie Heinich, Être artiste : les transformations du statut des peintres et des sculpteurs, Paris, 2005 ( éd. 1996) (50 questions) ..

Наједноставната дефиниција за поимот уметност е дека таа е творештво на човекот. Иако денес под поимот уметност најчесто обично се подразбира визуелна уметност, концептот за тоа што е уметност постојано ќе се менува низ вековите. Можеби најконцизна дефиниција е најопштата - дека поимот уметност се однесува на сите креативни и творечки дејствија на човекот, со исклучок на дејствата директно поврзани за опстанокот и репродукцијата. Од поширока перспектива, уметност е едноставно изведен поим за било кој производ на креативен импулс, од кој произлегле сите други човечки активност, како науката преку алхемијата, и религијата преку шаманизмот. Во есејот „Немаме од што да се плашиме, но...“ од 1961 година, италијанскиот писател Еуџенио Монтале вели дека под уметничко дело се подразбира секој израз што е конкретизиризан во некој предмет што предизвикува естетско задоволство и што е намерно изработен за таа цел.Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 139.

Историја на поимот уметност : Што е тоа уметност? thumb|Помпеја, Куќа VII, 2, 6 : Пакуи Прокул и неговата сопруга. Археолошки музеј во Неапол, фреска од 1 век. Уште од Антиката, филозофијата се прашува за природата на уметноста. Платон во неговите дијалози или Аристотел во делото Поетика се прашуваат за уметноста како одраз на убавото, односно естетиката. Сепак, античката естетика понекогаш се разликува од подоцнежните естетики а грчкиот збор τέχνη (техне), кој е најблискиот еквивалент на зборот вештина, односно умеење (уметност), во Стара Грција означувал збир на активности подложни на одредени правила. Тој воедно опфаќа знаења, вештини и занаети. Не се сите грчки музи поврзувани со уметностите како што тоа ќе бидат дефинирани подоцна а поезијата, на пример, не се сметала за « техне ». И римската цивилизација не правела јасна дистинкција меѓу доменот на уметноста и оној на знаењата и вештините. Така, кај Галиен, терминот « уметност » означува збир процеси кои служат да се добие некаков резултат:

Со ваквото прифаќање на поимот кое преовладувало сè до крајот на средниот век, уметноста се спротивставува истовремено на науката сфатена како чисто сознание и на природата која е производ без сознание . Сè до ренесансата, не постои прецизна разлика меѓу уметник и занаетчија : „уметник“ се нарекувал оној занаетчија кој создавал творби со исклучителен квалитет. Разликата почнала да станува попрецизна кога уметниците почнале да излегуваат од корпорациите за да влезат во академиите. Дури тогаш почнал да се насетува вистинското значење на денешниот поим уметност.

Сепак, поимот уметност онаков каков што денес го прифаќаме се појавил во периодот на просветителството. Почнувајќи како размисла за сетилата и вкусот, на крајот се утврдила концепција заснована на идејата за убавото. Со Емануел Кант, естетиката добила вистинско значење на една теорија на уметноста на која романтичното движење ќе и даде парадигматски примери. Тогаш во втор план се става значењето на придржувањето кон правилата и во прв план се истакнува намерата на уметникот кој со својата творба влијае врз сетилата и емоциите.

Но, XX век, со своите практики и своите идеологии, става под знак прашање сè она што важело претходно. Најпрвин се оспорува постоењето на суштината на уметноста која би се пронашла низ вековите и цивилизациите, а со тоа и сонот за универзална дефиниција. Исто така, се истакнува двосмислениот карактер на односот меѓу „убавината“ и „уметноста“, на пример кога уметничкото дело ја претставува природата на еден страшен, односно одбивен (неубав), начин . Во есејот „Алеаторична музика“ од 1962 година, италијанскиот писател Еуџенио Монтале тврди дека за современото потрошувачко општество е карактеристичен помиот на конзумирана уметност а не уметност што ја создал некој уметник. На тој начин, самата идеја за можноста за уметност се разводнува, а разликата меѓу оригиналното уметничко дело и сурогатот исчезнува.Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 146. Слично на него, италијанскиот критичар Еуџенио Батисти вели: „Кога еднаш ќе се урне идејата на сликата или статуата, концертот или операта, и кога уметноста ќе се изедначи со создавањето какви и да било производи, исчезнува разликата меѓу уметникот и занаетчијата, меѓу ремек-делото и утилитарното производство.

Сепак, Класичниот список на уметности, онаков каков што бил предложен во XIX век од страна на Хегел во делото Естетика или филозофија на уметноста, за некои продолжува да биде показател што е уметност. Тука се говори само за пет главни уметности: архитектура, вајарство, сликарство, музика, поезија. Со проширување или со комбинација на вештините овој список може значајно да биде проширен додавајќи му ги на пример вештините како танцот, филмот (честопати нарекуван « седма уметност »), фотографијата, стрипот, итн.

Историја на уметноста

Кавгите во однос на класификацијата на уметностите се многубројни во историјата на уметноста и во естетиката. Писателот Клод Роа вака го резимира плурализмот во однос на поимот уметност:

Праисторија thumb|лево|Пештерата Ласко. Ако се земе предвид дека уметноста се состои во тоа да се гради, да се ваја и да се реализираат украсни мотиви, тогаш се чини недискутабилно дали постои или не постои праисториска уметност. Од друга страна, ако на уметноста се гледа како на некаков луксуз наменет за изложби во музеи и галерии, првите луѓе на тоа не ни помислувале. Најпосле, ако уметноста генерално се состои во тоа да им се обраќа на сетилата и на емоциите на оние што ја гледаат, тогаш тешко е авторите на одредени праисториски цртежи како оние во пештерата Ласко да не се категоризираат како уметници. Која била функција на скулптурите и сликите на овие уметници не се знае со точност иако се даваат претпоставки дека нивната функција била ритуална, магиска, симболична или поучна. Работата на уметникот тогаш веројатно би била чисто прагматична, сепак без да се исклучи и потрагата по одредена естетика.

Африка thumb|лево|200px|Илустрација на африканските уметности во шведската енциклопедија Nordisk familjebok. Африка е дом на огромен број локални уметности кои се одраз на разноразни култури кои не престануваат да се развиваат со тек на времето. Овие творби биле сметани за вистински уметнички дела особено од почетокот на 20 век, особено под влијание на сликарите претставници на кубизмот. Откривањето на оваа уметност извршило огромно влијание врз западната модерна уметност (Afrique-annuaire.com 2009). Денес, поголемиот дел африкански дела припаѓаат на приватни колекционери бидејќи во минатото музеите ја занемарувале оваа уметност. Оттогаш до денес интересот за автентичните стари објекти значително пораснал Како пример, статуа на жената Сенуфо е продадена за во јуни 2008 кај Sothebys Paris , а со заштитата на УНЕСКО, од почетокот на деведесеттите на 20 век забранет е извозот на маски и статуи надвор од африканскиот континент . Дрвената маска, која најчесто е приказ на некаков дух долго време се сметала за типичен предмет кој најдобро ја симболизира африканската уметност. Постепено се појавиле други форми и во 1966 се оддржал првиот светски фестивал на црните уметности во Дакар, претставувајќи му го на светот богатството на африканската уметност.. Од 1989, редовно во Дакар се одржува биенале на современата африканска уметност Dak'Art.

Азија thumb|Ангкор Ват.

Примерот на азискиот континент е добар показател за тешкотијата да се воспостави класификации на историјата на уметноста заснована врз континенти и историски периоди. Толкав голем збир на уметности присутни во Азија место по историски периоди полесно можат да се класифицираат согласно: религиозни контексти : Будистичка уметност, Исламска уметност географски контексти : Кинеска уметност, Јапонска уметност, Тибетска уметност, Персиска уметност и многу други.

Америка thumb|лево|200px|Колосална глава No.1 од Сан Лоренцо.

Олмечката култура, помеѓу 1200 п.н.е. и 400 п.н.е. Susan Milbrath, A study of Olmec sculptural chronology, éd. Dumbarton Oaks, 1979, p. 20, првата од големите цивилизации на Средна Америка, е особено позната поради богатството на иконографијата и техничкиот квалитет на нејзината уметност и била пример и наследство за сите последователни култури. Олмечката уметност е приказ на едно големо мајсторство во доменот на вајарството. Олмечките уметници своите дела ги изработувале во глина, камен и дрво. Уметноста на Маите се развива во тек на (2000 п.н.е. - 250 г) Robert J. Sharer et Loa P. Traxler, The ancient Maya, éd. Stanford University Press, 2006, p. 155 Elin C. Danien et Robert J. Sharer, New theories on the ancient Maya, éd. UPenn Museum of Archaeology, 1992, p. 131. Таа била под влијание на олмечката цивилизација. Била под влијание и на други средноамерикански култури како онаа на Теотивакан и на Толтеките. Маите се познати по користењето жад, опсидијан и штукатура. Уметноста на Астеките (1300-1519) е позната по камените маски, наследени од Толтеките, кои ги користеле за погребни или верски церемонии. Своите храмови и палати ги украсувале со боја. Американско-индијанската уметност е форма на уметност која потекнува од Северна Америка. Предметите изработени од вештите занаетчии денес без никаква дилема се сметаат за уметнички дела.

Океанија thumb|200px|лево|Погребни абориџински урни во Национален музеј на Австралија. Уметноста на Океанија подразбира древни или современи творби на народите од Меланезија, Микронезија, Полинезија, како и оние на старите народи од Австралија и Нов Зеланд и другите острови на Тихиот Океан. Од друга страна, во оваа категорија не се класираат творбите на австралиските и новозеландските народи од западно потеклоarticle art d'Océanie , Encyclopédie Encarta, consulté en avril 2009..