Србија () — држава на Балканскиот полуостров и во Средна Европа, опфаќајќи го јужниот дел од Панонската Низина и централниот Балкан и лежејќи меѓу истоимениот масив и Карпатите на исток, Динаридите на запад, и долината на Морава — важен геостратешки патен правец кој оди према југ кон Солун и источно кон Мала Азија. Релативно кон нејзината историја, култура и релативно мала територија, Србија е различна во нејзиниот транзиционален карактер. Државата нема излез на море и се граничи со Унгарија на север, на исток со Романија и Бугарија, на југ со Република Македонија, на југозапад со Црна Гора, и на запад со Босна и Херцеговина, и Хрватска. Се граничи и со Албанија преку спорниот регион Косово.
Српското население брои околу 7 милиони, од кои повеќето се православни христијани. Главниот град на Србија, Белград, е еден од најстарите европски градови, и еден од најголемите во источно-Средна Европа.
Населена уште од палеолитското време, територијата на денешна Србија се соочила со словенски миграции кон Југоисточна Европа во 6 век, со што се воспоставиле неколку регионални држави во раниот среден век. Српското Кралство добило признавање од Рим и Цариград во 1217 година. Државниот статус бил зголемен кога земјата била прогласена за царство, во 1346 година. До средината на 16 век, целата територија на модерна Србија била ставена под османлиска управа, понекогаш прекинувана од страна на Хабсбуршката династија, која почнала да се шири кон Централна Србија од крајот на 17 век, додека ја одржувала својата моќ во Војводина. Во раниот XIX век, Српската револуција воспоставила народна држава како прв регион кој имал уставна монархија, каде пополека ја проширила својата територија и го пионирала пресекувањето на феудализмот во Европа. По катастрофалните случувања во Првата светска војна, и здружувањето на Хабсбуршка Војводина и Срем со Србија, била основана Југославија со другите јужнословенски народи, која постоела во неколку различни формации до 1990-тите години, кога била формирана унија со Црна Гора и мирно распуштена во 2006 година. Во февруари 2008, парламентот на Косово прогласил независност од Србија, кое добило мешани одговори од страна на меѓународните заедница.
Унитарна парламентарна уставна република, Србија е членка на ООН, Совет на Европа, ЦЕРН, ОБСЕ, Партнерство за мир, Организација за црноморска економска соработка, ЦЕФТА и СТО. Од 2014 година, земјата преговара за пристапот во ЕУ со перспектива за влез во Европската унија до 2025 година. Србија страдала од демократско отстапување во последниве години, и забележала пад во извештаите на Фридом хаус од 2019 година. Од 2007 година, Србија формално се придржува кон политиката на воена неутралност. Земјата обезбедува социјална сигурност, универзална здравствена заштита и основно и средно образование без школарина на своите граѓани. Економијата е со висок среден приход со доминантност во услужниот сектор проследен по големина од страна на индустрискиот сектор и земјоделскиот сектор. Земјата е рангирана релативно високо според индексот на човековиот развој (66), индексот за социјален напредок (45), како и глобалниот индекс на мирот (54).
Етимологија
Потеклото на името Србија е нејасно. Историски гледано, авторите ги споменуваат Србите и Лужичките Срби на различни начини: Сурби, Суурби, Србилој, Зериуани, Сораби, Сурбен, Сарби , Србии, Сербој, Сурби, Сорбен, итн. Овие автори ги употребиле овие имиња кои се однесуваат на Србите во областите каде што нивното историско (или сегашно) присуство не било спорно (особено на Балканот и Лужица), но постојат и извори кои ги споменуваат истите или слични имиња во другите делови на светот (особено на Кавказот).
Прасловенскиот збор сърбъ е различно поврзан со рускиот пасерб, украинскиот присербитися, индоарискиот sarbh, латинскиот sero и грчкиот siro. Полскиот јазичар Станислав Роспрон (1906-1982) го извел етнонимот Србин од србати. Лорскиот научник Х. Шустер-Шуц сугерирал врска со протославистичкиот глагол срб со сёрбать (руски) сьорбати (украински), сёрбаць (белоруски), srbati (словачки).
Од 1945 до 1963 година официјалното име за Србија било Народна Република Србија, подоцна преименувано во Социјалистичка Република Србија од 1963 до 1990 година. Од 1990 година, официјално име на државата е Република Србија. Меѓутоа, од 1992 до 2006 година, официјалните имиња на земјата во која Србија учествувала биле најпрвин Сојузна Република Југославија, а потоа и Србија и Црна Гора.
Историја
Праисториски период
Археолошки докази за постоење на палеолитски населби на територијата на денешна Србија се ретки. Фрагмент од човечка вилица кој бил пронајден во Сиќево (Мала Баланица) се верува дека е стар до 525,000—397,000 години.Roksandic M., Mihailovic D., Mercier N., Dimitrijevic V., Morley M.W., Rakocevic Z., Mihailovic B., Guibert P. et Babb J. A human mandible (BH-1) from the Pleistocene deposits of Mala Balanica cave (Sicevo Gorge, Nis, Serbia) // Journal of Human Evolution, 2011, V.61, pp.186–196.
Околу 6,500 години п.н.е., за време на неолитот, Старчевската и Винчанската култура постоеле во околината на денешен Белград и доминирале во поголемиот дел на Југоисточна Европа, (како и во делови на Средна Европа и Мала Азија). Две важни археолошки наоѓалишта од овој период, Лепенски Вир и Винча-Бело Брдо, се наоѓаат во близина на брегот на Дунав.
За време на железното време, локалните племиња Трибали, Дарданци и Аутаријати се сретнувале од Старите Грци за време на нивната културна и политичка експанзија во регионот, од 5 до 2 век п.н.е. Келтското племе Скордисци се населило низ целата област во 3 век п.н.е. и формирало племенска држава, градејќи неколку утврдувања, вклучувајќи го и нивниот главен град во Сингидунум (денешен Белград) и Наисос (денешен Ниш).
Римјаните освоиле голем дел од територијата во 2 век п.н.е. Во 167 п.н.е. била основана римската провинција Илирик, а остатокот бил освоен во околу 75 п.н.е., формирајќи ја римска провинција Мизија; денешниот регион Срем бил освоен во 9 п.н.е. и Бачка и Банат во 106 година. Како резултат на тоа, територијата на денешна Србија се протегала целосно или делумно над неколку поранешни римски провинции, вклучувајќи ги и Мизија, Панонија, Превалитана, Далмација, Дачија и Македонија.
Главните градови на Горна Мизија (и пошироко) биле: Синидунум (Белград), Виминациум (сега Костолац), Ремезијана (сега Бела Паланка), Наисос (Ниш) и Сирмијм (сега Сремска Митровица), од кои вториот служел како римски главен град за време на Тетрархијата. Седумнаесет римски цареви се родени во областа на денешна Србија. Најпознат од нив бил Константин Велики, првиот христијански цар, кој издал едикти за верска толеранција низ целото царство.
Кога Римското Царство било поделено во 395, поголемиот дел од Србија останало под Источното Римско Царство, додека северозападните делови биле вклучени во Западното Римско Царство. Јужните Словени од 6 век, во голем број се преселиле во европските провинции на Византија и се споиле со локалното романизирано население кое постепено се асимилирало.
Словенски период
мини|десно|Призренски препис на Душановиот законик, XV век, Народен музеј, Белград
Србите, како словенско племе кое се населило на Балканот во 6 или почетокот на 7 век, основале Српско кнежевство до 8 век. Во 822 било забележано дека Србите живееле во поголемиот дел од Римска Далмација, нивната територија која опфаќа она што денес е југозападна Србија и делови од соседните земји. Во меѓувреме, Византија и Бугарија држеле и други делови од територијата. христијанството било признаено од страна на српските владетели во околу 870 година, а до средината на 10 век српската држава се проширила кон Јадранското Море од Неретва, Сава, Морава и Скадар. Помеѓу 1166 и 1371 година, во Србија владеела династијата Немањиќ (чиешто наследство е посебно негувано), под кое државата била издигната во кралство (и кратко во царство) и Српската епархија во автокефална архиепископија (преку напорите на Свети Сава). Спомениците од периодот на династијата Немањиќ преживуваат се преживеани во најголем дел (неколку се светски наследства). Во текот на овие векови српската држава (и влијанието) значително се проширило. Во северниот дел, Војводина, владеело Кралството Унгарија. Периодот познат како Пад на Српското Царство кулминирал со Битката на Косово (1389) против Отоманското Царство. Српското Деспотство конечно било освоен од страна на Османлиите во 1459 година. Отоманската закана и евентуалното освојување забележало големи миграции на Србите на запад и на север.
Османлиски и Хабсбуршки период
Територијата на денешна Србија во составот на Османлиското Царство била во периодот од 15 век до XX век. Во составот на царството најпрвин биле вклучени југоисточните делови на Србија, околу градот Ниш. Веќе во 1459 година целото Српско деспотство, а во периодот од 1526 до 1552 година и цела Војводина. Османлиското Царство издвојувало големи победи во Маричката битка во 1371 година и Косовската битка во 1389 година.
Во сите српски земји освоени од страна на Османлиите, родното благородништво било отстрането, а селанството било зафатено од османлиските господари, додека голем дел од свештенството побегнало или било ограничени на изолираните манастири. Според отоманскиот систем, Србите, како христијани, се сметале за пониска класа на луѓе и биле подложени на тешки даноци, а дел од српското население доживеало исламизација. Српската патријаршија во Пеќ била укинета во 1463 година, но повторно била воспоставена во 1557 година.
По губењето на државноста, српскиот отпор продолжил во северните региони (денешна Војводина), под титуларни деспоти (до 1537), и популарните водачи како Јован Ненад (1526-1527). Од 1521 до 1552 година, Османлиите го освоиле Белград и региони на Срем, Бачка и Банат. Континуираните војни и разни бунтови постојано го оспорувале османлиското владеење. Едно од најзначајните било Банатското востание во 1594 и 1595 година, кое било дел од Долгата војна (1593-1606) помеѓу Хабсбуршката Монархија и Османлиите. Областа на современата Војводина претрпела од отоманската окупација пред да биде предадена на Хабсбуршката Монархија, делумно со Карловскиот договор (1699), и целосно со Пожаревскиот договор (1718).
Додека големите српски миграции депопулирале поголем дел од јужна Србија, Србите барале засолниште преку реката Дунав во Војводина на север и воената граница на запад, каде што им биле доделени права од австриската круна од 1630 година. Голем дел од централната Србија се префрлила од османлиско на хабсбуршко владеење (1686-91) за време на Големата турска војна. По неколкуте претставки, царот Леополд I официјално им дозволил на оние Срби кои сакаат да се населат во северните региони, право на нивната автономна круна. Црковниот центар на Србите, исто така, се преселил на север, во Карловачката митрополија , а во 1766 година Османлиите повторно ја укинале Српската патријаршија во Пеќ .
Во 1718-39, Хабсбуршката Монархија окупирала голем дел од Централна Србија и го основала Кралството Србија (1718-1739). Овие придобивки биле изгубени со договорот од Белград во 1739 година, кога Османлиите го освоиле регионот. Покрај територијата на современата Војводина која останала под Хабсбуршката Монархија, централните региони на Србија уште еднаш биле освоени од Хабсбуршката Монархија во 1788-1792 година.
Револуција и независност