Ресен — град во југозападниот дел на Република Македонија кој седи неколку километри од планините: Баба од источната страна, Галичица од запад и Бигла од северната страна. Локалната власт, деловни и важни институции се ситуирани во Ресен. Овој град е регистриран во 14 век и претставува воедно административен и економски центар на областа Преспа и истоимената општина.

Преспанското Езеро, националните паркови Галичица и Пелистер му даваат на регионот посебна убавина. Преспанското Езеро е второ по големина во Република Македонија. Сместено е на јужната страна од Преспанската Котлина помеѓу планините Галичица и Баба 835 м надморска височина.

Културата во Преспа датира уште од Неолитот. Вија Егнација поминувала низ котлината за време на Римското Царство. Постојат голем број на споменици на уметноста во регионот. Најпопуларен е манастирот во Курбиново изграден во 1191 год. Грнчарството е развиено во Преспа уште во минатото и сѐ уште е присутно благодарение на Ресенската керамичка колонија. Колонијата претставува дом за многу светски познати грнчари од секаде, за време на летниот период, секоја година.

Географија

Градот Ресен лежи во северниот дел на Преспанската Котлина, од двете страни на Голема Река, а недалеку северно од Преспанското Езеро, на надморска височина од околу 880 м. Зафаќа површина од 402 ha. Низ Ресен поминува магистралниот пат М-5, кој на запад го поврзува со Охрид (36 км), а на исток со Битола (32 км). Има умерено-континентална клима со просечна годишна температура на воздухот од 9,6 оС и просечна годишна количина на врнежи од 717 мм.

Историја Античка и средновековна историја Во антиката просторот на Преспа бил населен од горномакедонското племе Орести. При Филип II Македонски тие се цврсто споени со македонската држава.

За време на Римското Царство низ Преспа поминувал познатиот староримски пат "Виa Егнација“. Покрај него биле изградени повеќе населби и попатни станици. Една од нив била Скиританија, на чие место подоцна израснала словенската населба Ресен.

Во VI и VII век во реонот се населува словенското племе Брсјаци.

мини|лево|250п|Панорама на Ресен во почетокот на XX век

Првпат Ресен се спомнува како средновековна населба во една повелба на Душановиот законик од 1337 год, под името Росне. Во еден попис од XVI век населбата е регистрирана како Ресне. За време на владеењето на Стефан Душан (XIV век) исто така како населби се спомнуваат и Јанкоец, Љубојно, Наколец, Нивици и Глобочани и самата област Преспа (рибари од Преспа). Во XVIII век со развојот на трговијата и занаетчиството Ресен прераснува во мала градска населба.

Османлиски период лево|мини|250п|Жени од Ресен во своите народни носии во почетокот на XX век Во 1582 година, Преспанската нахија го опфаќала пределот околу северниот брег на Преспанското Езеро, но Ресен не се споменува во оваа нахија. Подоцна во 17 век, Ресен израснува во касаба, која Евлија Челебија ја има споменато, но надвор од Преспанската нахија. Овој патописец, за градот кој го посетил во истиот век, запшал: „Ресен има 180 куќи покриени со ќерамиди, со само две маала. Населбата е опкружена со бавчи, а населението е христијанско и муслиманско. Има две џамии од кои едната е сместена во чаршијата, а во нејзиниот двор има медреса. Има и дервишко теќе, амам, ан и дваесет дуќани“Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.71-71

Во Ресен дури кон крајот на 18 век, започнале да се развиваат занаетчиството и трговијата, а со самото тоа, јакнела и економската моќ на самите трговци и занаетчии. Поради тоа, неизбежно било и оформувањето на чаршија, додека самата населба прераснувала во економски центар на Преспа. Во почетокот населбата добива градска физиономија, за подоцна да стане и административен центар на турската власт. Истиот век, поточно во 1894 година, е осветена и катедралната црква Црква „Св. Кирил и Методиј“, на кое осветување присуствувале голем број идни и угледни дејци од Македонија. Иако навидум постои економски пораст во градот, поголемиот број граѓани се бореле за својата егзистенција. Експанзивниот начин на стопанисување, не овозможувал добар животен стандард на населението. Поради ваквите состојби, во Ресен и во неговата околина, голем број граѓани од цела Преспа, заминуваат на печалба во туѓина. Најголем број од населението заминало на почетокот на 20 век, во периодот пред и за време на Балканските и Првата светска војна, и тоа најмногу во прекуокеанските земји.

За време на Илинденското востание во август 1903 во Ресен и неговата околина се воделе жестоки борби. Иако дошло до ослободување на повеќе преспански села, градот Ресен не бил ослободен. Во втората половина на август во Ресен пристигнале три одреди турска војска и броен башибозук, вкупно околу 600 души со цел да ги задушат востаничките сили во реонот.

Во градот Ресен започнала Младотурската револуција на 3 јули 1908 година кога турскиот офицер Ахмед Нијази-бег организирал прва востаничка чета составена од турски војници и граѓани. Кон оваа револуција масовно се приклучиле и Македонците. Целта на револуцијата била модернизација, уставност и демократизација на земјата.

Современа историја алт=|лево|мини|Поглед на Ресен во 1928 година За време на фашистичката окупација, Преспа доживува уште едно распарчување. Северниот дел со градот Ресен потпаднал под бугарска окупација, а делот јужно од Ресен под италијанска окупација и приклучен кон т.н. Голема Албанија.

Уште во 1941 год. комунистите од Преспа ги започнаа подготовките за оружена борба против окупаторите. Пролетта 1942 беа формирани првите партизански групи, а на 6 јули 1942 год над с. Златари бил формиран Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“.алт=Панорама на Ресен|мини|Панорама на Ресен

На 2 август 1943 во непосредна близина на с. Отешево било одржано познатото Преспанско советување, на кое присуствувале членовите на ЦК на КПМ главниот штаб на НОВ и ПОМ. Тука биле донесени важни одлуки за понатамошниот разгор на востанието во Македонија. Голем број преспани активно учествуваа во повеќе единици на НОВ на Македонија.

Дефинитивно Преспа своето ослободување го дочека на 11 септември 1944 год. Во единиците на НОВ и партизанските одреди од Преспа учествувале 1.902 борци. Од нив носители на "Партизанска споменица 1941" биле 29 борци. Поетот Мите Богоевски бил прогласен за народен херој. Во борбите за ослободување на Македонија загинале 128 борци. Поистакнати команданти и раководители од Преспа се: Наум Веслиевски - Овчарот, Мите Трповски-Војводата, Цветко Узуновски и други.

Население мини|десно|400п|Сарајот (дворецот) на Нијази-бег во кој денес се наоѓаат Домот на културата „Драги Тозија“ и Ресенската керамичка колонија.

По 1385 година Преспа како и цела Македонија потпаѓа под Османлиското Царство. Од тој период во градот Ресен и селата јужно од него се доселува турско население. Во XVIII век турските феудалци од албанско потекло, почнале да населуваат и албанско население. Покрај нив, во Преспа се спомнуваат и Власите како посебен ентитет.

Во првиот организиран попис на СФР Југославија од 1948 година, во Ресенскиот срез имало 23.137 жители, од кои 4.737 во градот Ресен, а 18.400 во селата во Преспа. Од етнички аспект, населението го сочинувале 17.354 (75 %) Македонци, 2.462 (10,6 %) Албанци, 2.421 (10,4 %) Турци, 290 (1,25 %) Роми, 246 (1,06 %) Срби, 240 (1,03 %) Власи и 124 останати.

Етнички групи

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 8.748 жители и спаѓал во групата на мали градови. Етнички гледано, населението е составено од:

Народ ЖителиУдел (%) Македонци 6.431 73,51 Албанци 325 3,72 Турци 1.369 15,65 Роми 169 1,93 Власи 18 0,21 Срби 58 0,66други 378 4,32

Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици:

Јазик ГоворнициУдел (%) македонски 6.574 75,15 албански 629 7,19 турски 1.355 15,49 ромски 113 1,29 влашки 10 0,11 српски 37 0,42 бошњачки 2 0,02други 28 0,32

Вероисповед

Во Ресен се застапени следните верски групи:

Вера ЛицаУдел (%) Православни 6.382 72,95 Муслимани 2.272 25,97 Католици 7 0,08 Протестанти 2 0,02 други 85 0,97

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Ресен:

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Вкупно 1948 — — — — — — — — — 4.737 1953 3.170 157 1.746 1 43 48 — 39 — 5.204 1961 3.845 293 1.555 — — 68 — 63 — 5.824 1971 4.668 523 1.758 3 — 88 — 102 — 7.142 1981 5.386 495 1.895 39 17 53 — 378 — 8.263 1991 6.870 354 1.895 130 14 56 — 504 — 9.823 1994 6.439 328 1.388 96 19 58 — 356 — 8.684 2002 6.431 325 1.369 169 18 58 0 378 — 8.748 2021 5.357 374 1.084 294 29 49 8 230 479 7.904

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Знаменитости мини|десно|Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Ресен Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Св. Ѓорѓи — осамен наод од римско време;

Цркви Црква „Св. Кирил и Методиј“ — изградена 1894 година; Црква „Св. Ѓорѓи“ — изградена во 1844 година;мини|десно|Црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Ресен. Црква „Св. Петар и Павле“ — во месноста Доброво; Црква „Св. Троица“ — изградена е во 1929 година, а обновена во 2016; Црква „Св. Јован Крстител“ — манастирска црква. Се наоѓа во месноста Татарчева Корија;

Џамии Хаџимуратова џамија или Горна џамија — изградена во XVII век; Хаџирамаданова џамија или Долна џамија — изградена во 1592 година;

Познати личности од Ресен Цветко Трајков (? - 1 мај 1903, Солун, Грција) - македонски револуционер - анархист, член на Гемиџиите и учесник во Солунските атентати Наум Туфекчиев (29 јуни 1864 - 26 февруари 1916, Софија, Бугарија) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење Андреј Љапчев (12 декември 1866 - 6 ноември 1933, Софија, Бугарија) — бугарски политичар и државник Христо Татарчев (16 декември 1869 – 2 јануари 1952, Торино, Италија) — основоположник и претседател на Македонската револуционерна организација во Солун Ахмед Нијази-бег (1873 — 17 април 1913, Валона, Албанија) — водач во Младотурската револуција Захарина Веловска (1873 - 1940) — прва дипломирана лекарка од Македонија мини|десно|300п|Ресен (урбан дел со бело и околината која му припаѓа со сино) во рамките на Општина РесенСимеон Радев (19 јануари 1879 - 15 февруари 1967, Софија, Бугарија) — бугарски публицист, историограф и дипломат Кирил Миљовски (27 мај 1912 - 27 април 1983, Скопје) — македонски комунист, академик и прв ректор на Универзитетот во Скопје Корнелија Андонова Чипонова (1912) — учесник во НОВ на Македонија. Радослав К. Петковски (13 август 1916 - Охрид , 26 октомври 1955) - македонски писател. Борис Миљовски (1921 - 1991, Скопје) - македонски публицист и дипломат. Стрезо Стрезовски — македонски академик Светлана Христова - Јоциќ (27 февруари 1941 - 27 април 2012, Скопје) - македонска поетеса, есеист и писател за деца Ристо Никовски (13 мај 1942) — македонски дипломат и поранешен амбасадор Наде Проева (9 септември 1949 - 6 ноември 2024) — македонска историчарка и класицист Анастас Тановски (1955) - македонски, театарски, филмски и телевизиски глумец Кемал Комина (8 август 1950 - 1999) - македонски поет, раскажувач, драмски автор и преведувач Пимен Европски (3 октомври 1971), роден како Сотир Илиевски — владика на МПЦ - ОА, митрополит на европската епархија Даниела Илиевска (1983) - македонска вајарка. Владо Недановски (23 јуни 1985) — македонски ракометар

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Општина Ресен Преспана Дом на културата „Драги Тозија’ - Ресен Ресен Основен суд Ресен ЈЗУ Здравствен дом Ресен

Категорија:Општина Ресен Категорија:Градови во Македонија