Гоце Смилевски (, 1975) — македонски писател.

Биографија и творештво Гоце Смилевски е роден во Скопје, во 1975 година. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје. Образованието го продолжил на Карловиот универзитет во Прага и на Средноевропскиот универзитет во Будимпешта.

Творештво Во 2000 година, издавачката куќа „Сигмапрес“ од Скопје го објавила неговиот роман Планетата на неискуството. За романот Разговор со Спиноза (2002) ја добил наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“. За романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ во 2010 година, тох ги добил Наградата за литература на Европската Унија и Наградата за средоземна култура. Потоа, правата за објавување на романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ биле откупени од страна на издавачи од Соединетите Држави, Обединетото Кралство, Франција, Шпанија, Италија, Португалија, Бразил, Холандија, Србија, Хрватска, Бугарија, Израел, Унгарија, Норвешка, Данска, Турција, Словенија и Чешка. Во 2011 година, на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, тој ја добил наградата за драмски текст, за претставата „Спиноза“, во продукција на Мал Драмски Театар - Битола и Драмски Театар - Скопје.

Во 2016 година, издавачката куќа „Дијалог“ го објавила романот на Смилевски, „Враќањето на зборовите“.Роберт Алаѓозовски, „За отсутното“, Економија и бизнис, година 18, број 221, ноември 2016, стр. 99-101.

Гоце Смилевски е мотив на краткиот расказ „Гоце Смилевски од Амазон“ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 488.

Наводи

Категорија:Родени во 1975 година Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски романописци Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Магистри на Карловиот универзитет