Сицилијанска одбрана — шаховско отворање коешто настанува со потезите: :1. e4 c5. Ова е најпопуларен и најсигурен одговор на потегот 1.е4. Всушност, многу статистички истражувања покажуваат дека најголеми шанси за победа белиот има доколку се отвори со 1.d4, укажувајќи на тоа дека 1...с5 е силен потег против 1.е4. New in Chess, во едно од своите изданија од 2000 г, тврдел дека во базата на податоци на одиграните партии, белиот победува со 56,1 % сигурност (296.200 партии) отворајќи се со 1.d4, но цели 2 отсто помалку (54,1 %) од 349.855 партии отворајќи се со 1.е4. „Главен виновник одговорен за потврдувањето на оваа работа“ беше Сицилијанската одбрана којашто го намали степенот на успешност на белиот на 52,4 % од 145.996 партии. Една шестина (околу 17 %) од сите партии помеѓу велемајсторите, и една четвртина (25 %) од базата на податоци на „Шаховски информатор“ започнуваат со Сицилијанска одбрана.
Велемајсторот Џон Нан забележува дека причина за популарноста на Сицилијанската одбрана е „борбената природа; во многу линии, црниот не игра само за еднаквост, туку и за предност. Слабата е страна е тоа што белиот често рано ја презема иницијативата, па црниот мора да внимава да не прифати жртва за брз напад.“ Најраните регистрирани белешки на Сицилијансјката одбрана датираат од доцниот XVI век од италијанските шахисти Џулио Полерио и Џоакино Греко.
Движејќи го с-пешакот за две полиња, црниот се залага за контрола на полето d4 и ја започнува борбата за центарот на таблата. Потегот наликува на 1...e5, следниот вообичаен одговор на 1.e4. За разлика од 1...е5, потегот 1...с5 ја уништива симетријата во позицијата, што силно влијае на понатамошните акции на обата играчи. Белиот со движењето на е-пешакот се обидува да ја заземе иницијативата на таа страна на таблата. Освен тоа, 1...с5 прави малку за развојот на црниот, за разлика од потезите 1...е5, 1...g6 или 1...Sс6 кои развиваат лесна фигура или го подготвуваат тоа. Во многу варијанти на Сицилијанската одбрана, црниот игра многу потези со своите пешаци (на пр. ...d6, ...e6, ...a6 и ...b5). Како последица на тоа, белиот често се здобива со суштинска предност во развојот и опасните шанси за напад.
Меѓутоа, движењето на црните пешаци на даминото крило му дава просторна предност на црниотна тој дел од таблата и обезбедува база за понатамошни операции на даминото крило. Често црниот пешак на с5 се менува со белиот пешак на d4 во отворањето, гарантирајќи му на црниот мајоритет во бројот на централните пешаци. Размената на пешаци ја отвора и с-вертикалата, по која црниот поставувајќи го својот топ, или дама може да развие контраигра на даминото крило.
Велемајсторот Џонатан Роусон неодамна објаснил зошто Сицилијанската одбрана е најуспешен одговор за 1.е4, иако потегот 1...с5 не развива фигури и со него се контролираат само полињата b4 и d4. Роусон пишува:„Во мојата мисла е тивко искрено објаснување. Со цел да се профитира од иницијативата гарантирана со овој прв потег, белиот мора да ја искористи можноста да направи нешто пртед црниот да има еднаков број на спопствени можности. И покрај тоа, за да го направи тоа, потребно е да има контакт со позицијата на црниот. Првата точка на контакт обично се појавува во размената на пешаци, што води кон отворање на позицијата. ...Па, мислата пред 1...с5 е оваа: „Добро, ќе ти дозволам да ја отвориш позицијата, и агресивно да ги развиеш твоите фигури, но како цена-ќе треба да ми дадеш еден од централните пешаци“.“
__TOC__
Историја
Сицилијанската одбрана била анализирана од Џулио Полерио во негов ракоопис за шахот од 1594, во која тој не го употребил терминот „Сицилијанска одбрана“. Подоцна, тоа било предмет на анализа од водечките шахисти во тоа време: Алесандро Салвио (1604), Дон Пјетро Карера (околу 1617) и Џоакино Греко (1623) и подоцна Комте Карло Франциско Козио (окочу 1740). Големиот француски шахист и теоретичар Андре Даникан Филидор е согласен со Сицилијанска одбрана во 1777: „Овој начин на отворање на играта ... е апсолутно дефанзивен, и многу далеку за да биде најдобар ...но е многу добар за да се испроба силата на противникот, чиишто вештини се ненавикнати.“
Во 1813, англискиот мајстор Јакоб Хенри Сарат ефектиивно го стандардизирал англискиот превод на ова отворање во „Сицилијанска одбрана“(the Sicilian Defence), укажувајќи на стариот италијански ракопис кој ја употребувал фразата „il giocho siciliano“ („сицилијанска игра“). Сицилијанската одбрана вбила прилично популарна во поголем дел од XIX век; Луј де Лабурдоне, Адолф Андерсен, Хауард Стонтон, Луис Паулсен и Карл Јениш сите играле со иста доследност. Во деветтото издание на Модерни шаховски отворања, Валтер Корн забележува дека Сицилијанската одбрана „добива три од своите рани практични тестови, и голема поддршка во популарноста, во 1834 мечот МекДонел-Ла Бурдона, во 1843 Стонтон-Сен Аман, и Лондонскиот турнир од 1851“. За Сицилијанската одбрана, Стонтон запишал: Според мислењето на Јаниш и германските ракопоси“, со кои се сложувам: „Ова е најдобриот можен одговор на 1.е4, што пружа формација во центарот неостварлива за белиот и го заштитува секој напад“. Модерните шахисти би го сметал погледот дека Сицилијанската одбрана „го заштитува секој напад“ за наивен.
Отворањето ја губи популарноста во доцниот XIX век, кога некои од светските водечки шахисти го отфрлаат.Хенри Б'рд, пишувајќи во 1883, ги изјавил флуктуациите на Сицилијанското реноме:Сицилијанската одбрана ... веројатно претрпе многу промени во поглед на проценката и нејзиниот пораст отколку некоја друга форма на одбрана. Во 1851, кога започнал Големиот Лондонски егзибиционен турнир, одбраната била целосно отфрлена, но нејзинато успешно присвојување во многу прилики од Андерсен, првиот победник, целосно и ја вратило довербата. Нејзиното отфрлање од страна на Морфи во 1857-8, и од Штајниц во 1862, причинило повторно да падне под сметањето дека не е совршено оправдана и реална одбрана. Нејзината успешност продолжила во променлива положба. Стонтон (три седмици пред неговата смрт), ... изјавуил дека е доверливо, и на истата дата Ловентал дал исто мислење. Барон Колиш ... се сложил со овие погледи. Пол Морфи, најдобриот светски шахист во доцните педесетти години на XIX век, изјавил „дека опасните нежности за Сицилијанската одбрана ... продолжуваат од околу 1843 до околу 1851.“ Вилхелм Штајниц, првиот светски првак, исто така не ја сакал Сицилијанската одбрана и ја отфрлил, популаризирајќи го потегот 1...е5„Штајниц, низ неговиот живот, сигурно не ја сакал Сицилијанската одбрана. Тој никогаш не престанал да пишува дека го претпочита потегот 1...е5 и мнозинството на шахисти го следеле неговиот пример.“ Забелешките на Хенри Б'рд, се цитирани подолу. Смртта на двата најголеми претставници на отворањето, Стонтон и АНдерсен, во 1874 и во 1879, исто така придонело до неговото одбивање. Се велело дека „овие загуби речиси довеле до нок-аут за Сицилијанската одбрана, бидејќи одзема долго времеда се најдат значајни фигури за да се зачува Сицилијанскиот стандард.“ Џорџ Х.Д. Госип, во Прирачник на шахистите, првото издание во 1874, пишува, „Од доцните години . . . откритијата беа направени со ефект на постојано јакнење на нападот на белиот, и за Сицилијанската одбрана сега од многу модерни авторстав се смета дека е споредбено слаб модел на игра.“Џорџ Х.Д. Госип, Прирачник на шахистите, Дејвид МекКеј, 1902, 799. Фрибороу и Ранкен, во нивната расправа Шаховски отворања: Антички и Модерни (1889, 1896), пишува дека Сицилијанската одбрана „имала углед дека е најдобар одговор за потегот 1.е4, но ова не било потврдено во популарната пракса. Некои еминентни шахисти го имаат, и покрај тоа, задржано мислењето дека тоа е доверливо.“
Сицилијанската одбрамна продолжила да ја губи популарноста кај многу од водечките шахисти во почетокот на XX век. Капабланка, светскиот првак од 1921 до 1927, познато го осудил како отворање каде што „Играта на црниот е полна со дупки.“ Слично, Џејмс Мејсон запишал, „Прилично пробувана и пронајдена желба, Сицилијанската одбрана сега едвај опстојува како првокласна одбрана. . . . Предефамзивна е. Има премногу дупки создадени во пешачката линија. Командата на полињата, посебно во центарот, е пребрзо дадено да ги нападне силите.“ Зигберт Тараш напишал дека 1...c5 „е сигурно строго неточно, за тоа што не прави ништо кон отворањето и единствено се обидува да пружи тешкотии во изградбата на центарот од првиот шахист. . . . Сицилијанската одбрана е одлична за силен играч кој е подготвен да преземе ризици за да форсира победа против инфериорниот противник. Против најдобрата игра, и покрај тоа, сигурно е дека ќе се падне.“
Сепак, некои водечки шахисти, како Емануел Ласкер (светски првак од 1894 до 1921), Френк Маршал, Савели Тартаковер, и Арон Нимцович, и подоцна Макс Еве (светски првак од 1935-1937) играле Сицилијанска одбрана. Дури Капабланка и Тараш, поради нивните критикувачки коментари, ja igrale povremeno. Од 1925, авторите на Модерни шаховски отворања (четврто издание) напишале, „Сицилијанската одбрана има тврдења да се смета за најдобрата од нерегуларните одбран и на 1.е4 од гледна точка на црниот, и е применувана со задоволувачки резултати од страна на водечките играчи во тоа време.“ Дванаесет години порано, во второто издание, авторите напишале: „а многу години, Сицилијанската одбрана беше уживана како чесна игра, низ промените постигнати со популарноста на одиграните партии. Додека е аналитички звучна како и Француската одбрана, таа си допушта поголема можност за противнапад и помали шанси за рано реми.“ Во овој период приодот на црниот бил обично бавен и положбен, и сите напади на белиот кои станале секојдневни по Втората светска војна не биле понатаму развивани.
Успешноста на Сицилијанската одбрана била подоцна обновена во четириесеттите и педесеттите години на XX век од шахисти како Исак Болеславски, Александар Котов и Мигел Најдорф. Рубен Фајн, еден од водечките шахисти во овој период, во 1948 за Сицилијанската одбрана запишал: „Црниот зазема контрола во центарот, запоставувајќи го неговиот развој, и често поднесувајќи ужасно тешки позиции. Како тоа може да биде добро? Сѐ уште, брилијантните победи на белиот се поврзуваат со еднакво брилијантните победи на црниот; времето и повторно структурата на црниот се способни да преземат сѐ и да се вратат по повеќе.“Рубен Фајн, Големите моменти во модерниот шах, Dover Publications, 1965 (опишано како „непроменливо издание“ на Светската шаховска табла, Дејвид МекКеј, 1948), 212. ISBN 0-486-21449-4.
Подоцна, Бент Ларсен, Љубомир Љубоевиќ, Лав Полугаевски, Леонид Штајн, Марк Таиманов, и Михаил Тал сите дале широки придонеси во теоријата на одбраната. Низ напорите на светските прваци Боби Фишер и Гари Каспаров, Сицилијанската одбрана станува призната како одбрана која му нуди на црниот најголеми шанси за победа по потегот 1.е4. и двајцата шахисти фаворизираа острина, агресивна игра и ја употребуваа Сицилијанската одбрана речиси ексклузивно низ своите кариери, давајќи и го на одбраната денешниот углед. Денес, многу водечки велемајстори ја вклучуваат Сицилијанската одбрана во нивниот репертоар на отворање. Меѓу денешите шахисти, кои отворањето често го играат се вбројуваат Вишванатан Ананд, Борис Гелфанд, Василиј Иванчук, Алексеј Широв, Петар Свидлер и Веселин Топалов. Во 1990, авторите на Модерни шаховски отворања (тринаесетто издание) забележале дека „во дванаесеттиот век Сицилијнската одбрана станало најиграни и најанализирано отворање и на клупски и мајсторски нивоа.“ Во 1965, во десеттото издание на таа книга, велемајсторот Лари Еванс проучил дека: „Сицилијанската одбрана е најдинамична за црниот, асиметричен одговор на 1.е4. Таа произведува психолошки и тензични фактори кои го обележуваат најдоброто во модерната игра и даваат забелешка на суровата борба од најпрвиот потег“.
Отворена Сицилијанска одбрана: 2.Sf3 и 3.d4
„Тоа е всушност работа во исфрлање на неколку жртви, и потоа упад за убиство.“ — Боби Фишер, напаѓајќи ја Змејската варијанта во Сицилијанска одбрана.