Ангус МакКинон Јанг (; р. 31 март 1955) — главен гитарист, песнописец и еден од основачите на австралиската хард рок група AC/DC. Тој е познат по своите диви, енергични настапи на сецената и својата школска униформа со која настапува. Тој е рангиран на 96-то место на Роулинг Стоуновата список на „100 Најдобри Гитаристи на Сите Времиња“.

Животопис Јанг е роден во Шкотска, како едно од седумте деца на Вилијам и Маргарет Јанг. Во 1963 година заедно со фамилијата се преселуваат во Австралија каде на 15 годишна возраст завршува со школување. Под влијание на неговиот брат се развива во него желбата за музика. Сѐ започна кога неговата мајка за Божиќ им купи акустични гитари нему и на неговиот постар брат Малколм. Јанг се посветил на гитарата и напорно вежбал

, свирејќи познати хитови на легендите како Чак Бери, Елвис Присли и Роберт Џонсон. Поканет од неговиот брат Малколм да му се придружи на новоформираната група, тој се согласува.thumb|left|220 px|Ангус Јанг со Бон Скот, 1979

Хоби на Ангус му е цртање на пејзажи. Тој е голем противник на спортот и дрогата, единствено е пушач на цигари. За време на концерти тој го презентира својот „пајкин ôд“(„duck-walk“), преземен од Чак Бери. Огромно влијание врз неговиот начин на свирење имаа гитаристи како Чак Бери и Мади Вотерс. Тој е еден од пониските гитаристи, висок е само 157 сантиметри.

Иако е сметан за еден од најдобрите гитаристи во светот , тој признава дека неговиот брат Малколм е подобар. Во еден од разговорите со него тој вели дека не видел посилна десна рака од Малколмовата.

Опрема Јанг користи две „Гибсон СГ Стандард“(Gibson SG) гитари, едната е од 1964, а другата од 1968 година. Марката на жиците кои ги користи се „Ерни“(Ernie Ball RPS Power Slinky 9 - 42 ). Засилувачот му е марка „Маршал“(Marshall JMP 100Watt Master Volume Head) и звучниците „Marshall 1960A Slant Cabinet / 4x12, Marshall 1960B Straight Cabinet / 4x12“.

Надворешни врски Официјално мрежно место на ac/dc Интервју на Ангус Јанг на gibson.com

Категорија:Рок-гитаристи Категорија:Австралиски рок-музичари Категорија:Хард-рок-музичари Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1955 година