thumb|right|250px|Ваипукурау - поглед од Пукероа Ваипукурау (маорски: Waipukurau) е најголемото населено место во округот Централен Хоков Залив на источното крајбрежје на Северниот Остров на Нов Зеланд. Гратчето се наоѓа 50 км југозападно од Хејстингс, крај реката Тукитуки.
Местото лежи блиску од маорско па (утврдување), по кое го носи името. Ова утврдување (па) се наоѓало на главниот рид во гратчето, наречен Пукекаихау. Се вели дека овој назив значи вода на пукерау, со тоа што пукерау е вид на габа. Во ова гратче бвила изградена првата црква во копнениот дел на регионот Хоковиот Залив, изградена во 1847 г. Најголемиот дел од гратчето датира од модел-селото создадено од локалниот земјопоседник Х.Р. Расел во 1867 г.
Според пописот од 2006 г., местото брои 4,008 жители, споредено со 4,002 во 1996 г.
Вработување Најголемиот дел од вработувањето се сезонско и зависи или од локалната месна преработувачница или од околните земјоделска и градинарска индустрија.
Гратчето е земјоделско и извезува млечни производи, овошје, зеленчук и месо.
Надворешни врски Карта на Ваипукурау Окружен совет на Централниот Хоков Залив Страница од Новозеландската енциклопедија, 1966 Бев-страница за туризмот во Централниот Хоков Залив
Категорија:Хоков Залив Категорија:Населени места во Нов Зеланд