Џамијата Коџа Мустафа Паша (турски: Koca Mustafa Paşa Camii) е џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција. Овој објект бил граден како православна црква, а во џамија бил претворен по падот на Цариград и преземањето на градот од страна на Османлиите. Црквата била посветена на Свети Андреј Критски и започнала да се гради уште во 5 век во времето на Теодосиј II. 250px|мини|Внатрешност на џамијата Византиско време Црквата Свети Андреј Критски на почетокот на 5 век, принцезата Аркадија, сестрата на Теодосиј II (408-450) ја дала нардбата за изградба на црква во близина на Златната портаJanin (1953), 34. "A gate of the now vanished Constantinian wall of the city.". Црквата била посветена на Свети Андреј а била позната и како Родофилион.

Како манастир за првпат се споменува во 792 година како манастир на Андреј Критски, кој бил убиен во борбата против византиското иконоборство на 20 ноември 766 година на Воловскиот форум поради неговото спротивставување на политиките на император Константин V Копроним. Андреј Критски бил погребан во храмотIt should be noticed that according to modern sources, the figure of Andrew of Crete, like those of many iconophile Saints lived during the iconoclastic period, is legendary. Brubaker (2011). Поради неговата популарност по конечниот триумф на православието, христијанскиот храм бил преименуван односно бил посветен наместо на апостол Андреј на Андреј Критски.

Во втората половина на 9 век, императорот Василиј I Македонецот (867-886) целосно ја обновил црквата, која најверојатно била оштетена за време на иконоборството. Околу 1284, принцезата Теодора Раулена, внука на Михаил VIII Палеолог (1259-1282) ја обновила црквата и манастирот и последните 15 години од својот живот ги поминала во овој објект, каде била погребенаMüller-Wiener (1977), p. 173..

Османлиско време thumb|лево|200px|Цртеж од џамијата од 1877 По османлиското освојување манастирот, познат од страна на Османлиите како женски манастир продолжил да опстојува како христијански храм. Во периодот помеѓу 1486 до 1491 годинаEyice (1955), p. 92., Коџа Мустафа Паша како голем везир наредил храмот да биде претворен во џамијаIn the same period he converted also another byzantine church, this one placed in the Blachernae neighborhood, into a mosque, named after him Atik Mustafa Pasha Mosque.. Неколку години подоцна, храмот служел и како теке за дервишкиот ред Халвети кои биле водени од страна на Зунбул ефенди, па поради него џамијата е позната и како џамија Зумбул ефенди. До џамијата се наоѓа неговото турбе, кое претставува популарно одредиште за муслиманските верници.

Кон почетокот на 16 век, султанот Селим I сакал да сруши дел од комплексот за изградба на Топкапи-сарај, но дервишкиот ред не го дозволил тоа. Во дворот на џамијата се наоѓа турбето на Коџа Мустафа Паша и на неколку шеици. На почетокот на 17 век, државниот министер Екмекчизаде Ахмед Паша (1618) наредил изградба на медреса. По еден век, главниот лекар на султанот го затворил текето и го проширил училиштето, додека во 1737 година бил изграден столб во облик на фонтана во дворот на џамијата. Во 1766 година земјотресот ја уништил куполата, која во 1768 била повторно изградена. Во текот на 19 век, Махмуд II (1808-1839) го обновил тремот на џамијата, во 1953 била целосно реновирена зградата.

Наводи

Извори

Надворешни врски

Koca Mustafa Pasha Mosque at 3dmekanlar (in Turkish)

Категорија:Џамии во Фатих Категорија:Претворени цркви во џамии во Истанбул Категорија:Архитектура од 6 век Категорија:Цркви и манастири во Цариград