Mötley Crüe (се изговара Мотли Кру) е американски хеви метал бенд формиран во Лос Анџелес, Калифорнија во 1981 година. Бендот беше формиран од страна на басистот Ники Сикс (кој во тоа време беше во бенд наречен Лондон) и тапанарот Томи Ли. Ним подоцна им се приклучуваат гитаристот Мик Марс и пејачот Винс Нил. Mötley Crüe имаат продадено повеќе од 80 милиони копии на албуми низ целиот свет.

Бендот е познат по чудниот животен стил на членовите. Сите тие го имаат прекршено законот, имаат лежено во затвор, биле зависници од дрога и алкохол, имале афери со многу жени, и се истетовирани по целото тело. Нивниот деветти студиски албум бил пуштен во продажба на 24 јуни 2008 година, а во 2009 година бил издаден филм според нивната најпродавана автобиографија „the Dirt“. Во моментов работат на нивниот нов, десетти по ред студиски албум, кој би требало да излезе во 2013 г.

Наводи

Надворешни врски

Официјалното мрежно место на Винс Нил Официјалното мрежно место на Мик Марс Официјалното мрежно место на Ники Сикс Официјалното мрежно место на Томи Ли Спотовите на Mötley Crüe Сите турнеи на Mötley Crüe 20. годишнина на албумот Dr. Feelgood (проширената верзија со кус осврт) Филмот „The Monster of Camp Sunshine“ на mondo-digital.com Филмот „The Monster of Camp Sunshine“ на moviesaboutgirls.com Фото галерија на Motley Crue

Категорија:Mötley Crüe Категорија:Глам метал музички групи Категорија:Американски хеви метал музички групи Категорија:Американски хард-рок групи Категорија:Музички групи основани во 1981 година