„Под вулканот“ (англиски: Under the Volcano) е филм од 1984 година, снимен во Мексико, под режисерската палка на Џон Хјустон, со Алберт Фини, Жаклин Бисет, Ентони Ендрјуз и Кејти Џурадо во главните улоги. Филмот бил номиниран за наградите „Оскар“ во категориите главна машка улога и најдобра оригинална филмска музика. Филмот е заснован на романот на англискиот писател Малколм Лоури од 1947 година. Останувајќи верен на романот, филмот на Хјустон ја раскажува приказната за Џефри Фирмин, алкохоличар и британски конзул во малиот мексикански град Кванауак, на празникот на Денот на мртвите во 1938 година.

Категорија:Филмови од 1984 година Категорија:Филмови на Universal Pictures Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Филмови на Џон Хјустон Категорија:Филмови со Кејти Џурадо Категорија:Филмови со Ентони Ендрјуз Категорија:Филмови со Жаклин Бисет Категорија:Филмови со Алберт Фини Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Мексико