Ватикански музеи () — една од најголемите музејски установи од овој вид во светот, каде се изложени уметнички дела од огромната збирка собрана од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во XVI век, односно во 1506 година. Систинската капела и Рафаеловите одаи (Stanze della Segnatura) се на патеката на посетителите низ музеите.

Во 2007 година, музеите ги посетиле 4.310.083 луѓе.

Основање

thumb|300px|right|Скалила во Ватиканските музеи.

Основањето на Ватиканските музеи се поврзува со една мермерна скулптура купена пред 500 години. Скулптурата „Лаокон и синовите“ била откриена во едно лозје близу до базиликата „Голема Богородица“ во Рим. Папата Јулиј II ја откупил статуата од сопственикот на лозјето и ја изложил во Ватикан. Од тоа време изложбата постојано се проширувала.

Ликовна галерија

Збирката најпрвин била сместена во Домот на Борџија, а во времето на Папа Пиј XI била изградена посебна зграда. Изложбата содржи слики на Микеланџело, Рафаел и Фра Анџелико.

Збирка на современа религиозна уметност

Збирката на современа религиозна уметност претставува слики и скулптури од познати автори, како што се Карло Кара и Џорџо де Кирико.

Скулптури

Една група на музеи претставуваат само скулптури: Музеј на Пиј и Клемент thumb|300px|Новото крило на музејот Папа Клемент XIV го основал овој музеј во 1771 година и првобитно содржел ренесансни и антички дела. Неговиот наследник, папа Пиј VI ја проширил изложбата. Денес овој музеј изложува само скулптури од грчката и римската антика.

Има вкупно 54 галерии, од кои Систинската капела е последната и за да се дојде до неа мора да се минат претходните 53. Овие галерии изложуваат прекрасни скулптури, како што се „Заспаната Аријадна“, „Канделабрите на Барберини“, „Трите Грации“ и други.

мини|лево|Авуст од Прима порта.

Музеј Кјармонти

Музејот е наречен според световното семејно име на папата Пиј VII, кој го основал во раните 1800-ти. Музејот се состои од голема засводена галерија во која се изложени неколку статуи, саркофази и фризи.

Грегоријански Етрурски музеј

Основан е од папата Григориј XIII во 1836 година и има осум галерии со важни Етрурски дела од археолошки ископувања. Делата вклучуваат вазни, саркофаг, бронзи и збирката „Гулјеми“.

Египетски музеј

Основан е од папата Григориј XVI и има голема збирка на староегипетски материјали, како што се папируси, мумии на животни, познатата збирка „Граси“ и познатата „Книга на мртвите“.

Други експонати

thumb|right|180px|Галеријата на географски карти.

Неколку слики од Караваџо вклучувајќи ја и познататата Погребување на Христос (1602 - 1603) Портретот на Св. Јероним од Леонардо да Винчи Слики од Фра Анџелико, Џото, Рафаел, Тицијан и други Папскиот престол од црвен мермер, кој претходно бил сместен во базиликата Сан Џовани ин Латерано Огромна збирка на слики и таписерии од Рафаел, вклучувајќи ги и Рафаеловите одаи Систинската капела Галеријата на географски карти - содржи топографски карти на цела Италија насликани на ѕидовите и долга 120м.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница на Ватиканските музеи Неофицијална страница на музеите

Категорија:Музеи во Ватикан Категорија:Ликовни музеи и галерии во Рим Категорија:Згради и градби во Ватикан