Black Sabbath — англиски хеви метал бенд, формиран во Астон, Бирмингем во 1969 година од на Ози Озборн (вокал), Тони Ајоми (гитара), Geezer Butler (бас гитара), и Бил Ворд (тапани). Оттогаш бендот има искусено повеќе промени во составот, единствено Тони Ајоми остана постојан член на бендот низ годините. Вкупно 22 музичари некогаш биле членови на Black Sabbath. Првично формиран во 1968 година како хеви блуз рок бенд наречен Земја (Earth), а подоцнаво 1969 година преименуван во Блек сабат (Black Sabbath), бендот почна да спојува окултни и хорор-стихови со ниско наштимани гитари и достигна до повеќе платински плочи во 1970-тите. И покрај поврзаностa со окултни и хорор теми, Black Sabbath, исто така, напишаа песни кои се занимаваат со социјална нестабилност, политичка корупција, опасностите од злоупотреба на наркотици и често апокалиптични пророштва на ужасите од војната. Блек сабат (Black Sabbath), како и Лед Цепелин (Led Zeppelin) и Дип П'рпл (Deep Purple), се често нарекувани пионери на хеви металот. Бендот помогна да се дефинира жанрот со албуми како четирикратниот платински албум Paranoid, издаен во 1970 година. На МTV (Ем Ти Ви) беа рангирани како "најголем метал бенд" на сите времиња, и се најдоја на второ место во VH1 е "100 најголеми изведувачи на хард рок" листа, зад Лед Цепелин. "Ролинг Стоун" ја претпостави групата како "хеви метал кралеви на 70-тите години. Тие имаат продадено над 15 милиони плочи само во Соединетите Американски Држави и повеќе од 70 милиони плочи низ целиот свет. Black Sabbath беа примени во "Рокенрол салата на славните" во 2006 година , а беа вклучени во списокот на 100 Најголеми изведувачи на сите времиња на Ролинг Стоун. Поради прекумерената конзумација на дрога и алкохол, вокалистот Ози Озборн беше отпуштен од бендот во април 1979, после што започна многу успешна соло кариера, продавајќи повеќе од 55 милиони албуми. Тој беше заменат со поранешниот вокалист на Рејнбоу (Rainbow) Рони Џејмс Дио. После неколку албуми во соработка со вокалите и текстовите на Дио, Блек сабат претрпи повеќе промени во составот во текот на осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век кога членуваа вокалистите Јан Гилан, Глен Хјуз, Реј Гилан и Тони Мартин. Во 1992 Ајоми и Батлер повторно се соединија со Дио и тапанарот Вини Апајс и го снимија Обесчовечувач (Dehumanizer). Оригиналната постава со Ози Озборн повторно се обедини во 1997 година и издаде албум во живо, Повторно соединување.Поставата од 1979–1982 и 1991–1992 година со Ајоми, Батлер, Дио и Апајс се реформира во 2006 година под иметоРај и пекол (Heaven and Hell) и опстојуваа сè до смртта на Дио на 16ти мај 2010 година. На 11ти ноември 2011, оригиналните членови на бендот изјавија дека повторно се соединуваат и снимаат нов албум. Бендот е закажан да настапува и да го предводи Даунлоуд фестивалот (Download Festival) на 10 јуни 2012 година, по што ќе следува светска турнеја.

Историја Формирање и рани денови (1968–1969) После распаѓањето на претходниот бенд, гитаристот Тони Ајоми и тапанарот Бил Ворд сакаа да формираат хеви блуз-рок бенд во Астон, Бирмингем. Тие двајцата ги регрутираја басистот Гизер Батлер и вокалистот Ози Озборн, кои свиреја заедно во бендот Редок вид(Rare Breed). Озборн имаше ставено реклама во музички шоп која гласеше “На Ози Зигму треба тезга – има свој личен помошник”. Новата група првично се нарекуваше Полка Талк блуз бенд ((The Polka Tulk Blues Band) именувана по евтин бренд на талк пудра што Озборн ја видел во спалната на мајка му) и исто така таму свиреја и слајд-гитаристот Џими Филипс и саксофонистот Алан “Ејкр” Кларк. Откако го скратија името - Полка Талк, бендот набрзо го промена во Земја ((Earth) кое Озборн го мразеше) и продолжија како четиричлен бенд без Филипс и Кларк. Додека бендот настапуваше под името Земја, сними повеќе демо снимки Бунтовникот (The Rebel), Песни за Џим (Song for Jim), and (When I Came Down), кои ги напиша Норман Хејнс. Во декември 1968 година, Ајоми отсечно ги напушти Земја за да се приклучи во Џетро тал (JethroTull). Иако имаше краткотрајна обврска во Џетро тал, Ајоми се појави со нив вотелевизското шоу Рокенрол циркусот на Ролинг стоун (The Rolling Stones Rock and RollCircus). Незадоволен од дирекцијата на Џетро тал, Ајоми се врати во Земја во јануари 1969 година. “Не беше во ред, затоа си заминав”, изјави Ајоми. “Прво мислев дека Тал се супер, но не бев водач на бендот, тоа беше улогата на Јан Андерсон. Кога се вратив од Тал, се вратив со потполно нов став. Тие ме научија дека треба напорно да работиш за да напредуваш.”

Блек Сабат (Black Sabbath)и Параноид (Paranoid) (1970–1971) Во ноември 1969 Блек сабат потпишаа договор со Филипс рекордс, и во јануари 1970 година го издадоја својот прв сингл “Злобна Жена” (Evil woman) под филијала на Филипс – Фонатана рекордс. Понатамошните албуми беа издадени од Вертиго рекордс, ново формирана прогресивна рок етикета на Филипс. Иако синглот не се пласира на топ – листите, во ноември бендот одвои два дена во студио за да го сними нивниот прв деби - албум со продуцентот Роџер Бејн. Ајоми се сеќава на снимањето во живо: “Мислевме ‘Имаме два дена за снимање и еден за миксање’. И свиревме во живо. Ози пееше истовремено, само во различна кабина и така снимавме. Поголемиот дел од материјалот го снимавме одеднаш.” Блек сабат беше издаен на петок 13ти во февруари 1970 година. Албумот се искачи на 8мо место на списокот на албуми во Британија (UK Albums Chart), и откако се пушти во продажба во САД и Канада во мај 1970 година издаен од Варнер брос рекордс, албумот достигна до 23то место на Билборд 200, каде се задржа повеќе од една година. Иако албумот доживеа комерцијален успех, беше многу критикуван. Во една рецензија во Ролинг стоун Лестер Бенгс го опиша како “нескладна импровизација со бас и гитара брзо испреплетувајќисенад други музички периметри, без никаква синхронизација”. И покрај критиките албумот се продаде во значителни бројки, изложувајќи го бендот на првите комерцијални успеси. Оттогаш албумот е сертифицирана платина и во САД од Здружение на индустријата за снимање на АмерикаRecording Industry Association of America (RIAA),и во Британија од Британската фонографска индустрија (British Phonographic Industry (BPI). За да профитираат од топ-листите во САД, бендот се врати во студио во јуни 1970 година, оп само четири месеци откако го издадоја “Блек Сабат”. Новиот албум првично требаше да се вика “Свињи на војната” (War Pigs) по песната “Свињи на војната”, која беше критична во однос на војната во Виетнам. Како и да е “Ворнер” го сменаја името во “Параноид”. Синглот со кој албумот започнува,“Параноид”, е напишан во студиото во последен момент. Бил Ворд објаснува: “Немавме доволно песни за албумот, и Тони само го отсвири рифот од “Параноид”на гитарата и тоа беше тоа. Потребни беа дваесет, дваесет и пет минути од почеток до крај на песната”. Синглот беше издаен во септември 1970 година и достигна до четвртото место на топ-листите во Велика Британија, останувајќи единствениот топ десет хит на Блек Сабат. Поттикнат од успехот на синглот “Параноид”, албумот достигна до првото место на топ-листите во Британија во октомври 1970 година. Издавањето во САД беше одложено за јануари 1971 година, а кога “Параноид” се издаде во Велика Британија, албумот “Блек Сабат”сè уште беше на топ листите. Албумот достигна број 12 во САД март 1971 година,каде и ќе се продаде во четири милиони копии практично без да се пушта на радио. Како и “Блек Сабат”, албумот е остро критикуван од на рок критичаритево тоа време, но современите критичари како Стив Хјуи од “Allmusic”го класифицираат “Параноја” како "еден од најдобрите и највлијателните хеви метал албуми на сите времиња", и албум што го "дефинира звукот и стилот на хеви металот повеќе од било кој друг албум во рок историјата ". Во 2003 година, албумот беше рангиран на 130то место на листата “500 Најдобри албуми на сите времиња” на списанието Rolling Stone. Успехот на топ-листите на “Параноја” му овозможи на бендот за првпат да оди на турнеја во САДво октомври 1970 година, што предизвика издавање на вториот сингл од албумот "Железен човек". Иако синглот не успеа да се пласира помеѓу најдобрите 40, "Железен човек" останува една од најпопуларните песни на Black Sabbath, како и највисоко пласиран сингл на бендот во САД сè до 1998 година кога го издадоја“Психо човек”.

“Господар на реалноста” (Master of Reality) и “4то издание” Volume 4 (1971–1973) Во февруари 1971 година, Блек Сабат се вратија во студио и почнаа да работат на нивниот трет албум. По комерцијалниот успех на Paranoid, бендот можеше да си дозволи повеќе време во студио, како и "куфер полн со пари" за да купат дрога. "Се навлекувавме на кокаинот на големо", објаснува Ворд. "Амфетамини, седативи, сè што ќе посакате. Дојде до фаза каде што смислувашидеи и ги забораваш, затоа што си премногу издрогиран." Продукцијата беше комплетирана во април 1971 година, а во јули бендот го издаде “Господар на реалноста”, само шест месеци по издавањето на “Параноja”во САД. Албумот се пласира меѓу првите десет и во САД и во Велика Британија, а за помалку од два месецина Блек сабат им беше доделена златна плоча.Во 1980 година добија сертификат за платинеста, ана почетокот на 21 векза двојно платинестаплоча. “Господар на реалноста” ги содржи првите акустични песнина Блек Сабаткако и омилените песни на обожавателите “Децата од гробот”(Children of the Grave) и “Сладок лист” (Sweet Leaf). Критиките на оваа ера се главно неповолни; Во еден амбивалентен преглед на “Господар на реалноста” за “Ролинг Стоун”, Лестер Бенгс ја опишува последната песна “Децата од гробот”(Children of the Grave) како "наивно, просто, повторувачки, апсолутно бесмислена, но во традицијата (на рокенролот) единствениот критетриум е возбудата, а неа ја има во Блек Сабат. Сепак, истото списание во 2003 година го рангира албумот на 298мо место на листата “500 Најдобри албуми на сите времиња”. После светската турнеја “Господар на реалноста” Блек Сабат ја направија првата пауза во три години. Бил Ворд појаснува: "Бендот почна да станува поисцрпен и поуморен. Бевме на турнеја нон-стоп, секоја година и постојано снимавме. Мислам дека “Господар на реалноста” беше како на крај на една ера, на првите три албуми, и после него одлучивме да работиме на наредниот албум”. Во јуни 1972 година, бендот продолжи со работа на нивниот следен албум во Лос Анџелес во “Рекорд Плант” (Record Plant). Процесот на снимање беше преплавен од проблеми, а многу од нив беа резултат од злоупотреба на супстанции. Бил Ворд беше речиси отпуштен од бендот. "Јас ги мразев песната, имаше некои шеми кои беа едноставно ... ужасни" изјави Бил. На крајот ја снимив, но потоа сите беа ладни кон мене:“Па, само оди си дома, не си повеќе корисен во моментов”.Сечувствувавкакодаја имам оплескано работата, за малку ќе ме избркаа од бендот".Првичниот наслов на албумот беше “Снежно слепило” (Snowblind)поистоимената песна, чија тематика езлоупотребанакокаин. Издавачкатакуќавопоследенмомент госменинасловотво“4то Издание на Блек Сабат” (Black Sabbath Vol. 4), а на тоа Ворд одговори “Немаше издание 1,2 и 3, и затоа тоа е навистина глупав наслов”. “4то Издание на Блек Сабат”беше издадено во септември 1972 година, и додека критичарите гледаја со презир на издавањето на албумот, тој достигна до статус златен албум за помалку од месец и беше четврт по ред албум на бендот што се продаде во милион копии во САД. Со повеќе време во студиото, во 4то издание, се гледа дека бендот почнува да експериментира со нови структури како жици, пијано, оркестрација и песни со повеќе делови.Песната "Утрешен сон"(Tomorrow’s Dream) беше издадена како сингл, првиот сингл на бендот после Paranoid, не успеа да се пласира на топ-листите.По голема турнеја на САД, бендот отпатува во Австралија и Нов Зеланд за првпат во 1973 година, а подоцна и во континентална Европа.

“Сабат крвав Сабат” (Sabbath Bloody Sabbath) и “Саботажа” (Sabotage) (1973–1976)