thumb|250px|Замокот со стражарска кула
thumb|250px|Нагојскиот замок и околните згради на дворецот Хонмару - фотографија од 1880 г. Благодарение на фотографиите, денес се планира реконструкција на овој комплекс. Нагојски замок (, Нагоја-џо) — замок во градот Нагоја, во префектурата Ајчи, Јапонија.
Историја Првичниот замок е изграден од властелинот Имагава Уџичика околу 1525 година. Во 1532, Ода Нобухиде го зазел замокот од рацете на Имагава Уџитојо, но подоцна го напуштил.
Во 1610 година, Токугава Иејасу им наредил на разни дајмија да помогнат со изградбата на нов замок на истото место. Овој нов замок требал да биде новиот административен центар на постоечката провинција Овари и голем дел од градежниот материјал бил искористен од помалиот замок Кијосу, меѓу другото и неговиот донжон (теншу), кој се наоѓал во постоечкиот провинциски главен град Кијосу. Изградбата на Нагојскиот замок била завршена во 1612 година.
За време на периодот Едо, замокот бил центар на еден од најзначајните призамочни градови во Јапонија, познат како Нагоја-џуку.
Сѐ до периодот Мејџи, замокот бил дом на кланот Овари Токугава од семејството Токугава. Замокот бил опожарен за време на Втората светска војна, но донжонот бил одново изграден.
За време на Втората светска војна, замокот служел како окружен штаб и воен заробенички логор. Во текот на бомбардирањето на Јапонија, на 14 мај 1945, американската авијација го опожарила замокот, и тој изгорел. Со замокот изгореле и речиси сите негови артефакти; меѓутоа многу од сликите во замокот опстоиле, и се зачувани до ден денес. Реконтрукцијата на донжонот завршила во 1959. Денес донжонот е современа бетонска градба со клима уреди и лифтови. Покрај ова, се планира реконструкција и на дворецот Хонмару, кој исто така изгорел во бомбардирањето. Многу од сликите во дворецот исто така биле спасени, па така со реизградбата на дворецот на нивно место се планира да стојат реплики. До тогаш, сите предмети, покуќнина, врати и други објекти се реконструираат и реставрираат во Токугавскиот музеј на уметноста во Нагоја.
Особености мини|десно|170п|Киншачи () Нагојскиот замок припаѓа во групата на рамнински замоци. Изграден е на пет нивоа и содржи седум ката. Во внатрешноста на замокот се наоѓа историскиот музеј на градот Нагоја. За надворешниот изглед на замокот се карактеристични црти од архитектурата во периодот Аѕути МомојамаСтатья «Под охраной золотых дельфинов» , „Япония сегодня“
Украси Врз покривот на замокот стојат два златни делфина со глава на тигар, наречени „киншачи“ (金鯱); овој мотив се користи како амајлија против пожар. Тие, исто така се сметаат за симбол на власта на феудалниот властодржец.
Наводи
Литература
Надворешни врски
Официјално мрежно место Реконструктивната работа со 3Д слики Историја на Нагојскиот замок Нагојски замок
Замок Категорија:Замоци во Јапонија Категорија:Ајчи (префектура)