thumb|200px|Слика на пагански германски водач од 17 век (Филип Кливер 1616).

Паганство или многубоштво (од латински paganus, со значење „селски жител“, „рустичен“) — сеопфатен термин, обично се користи за политеистички верски традиции, иако од христијанска перспектива, терминот може да ги опфати сите неаврамски религии.Католичка енциклопедија (издание од 1917)http://www.religioustolerance.org/paganism.htm – Robinson, B.A (2000). "What do "Paganism" & "Pagan" mean?" на religioustolerance.org

Тој главно се користи во историски контекст, однесувајќи се на грчко-римскиот политеизам како и политеистичките традиции во Европа пред христијанизацијата. Во поширока смисла, распространет во современи религии, тој ги вклучува повеќето од Источните религии и домородните традиции на Америка, Средна Азија, Австралија и Африка, како и неаврамските народни религии воопшто. Попрецизна дефиниција не би вклучила ниедна од светските религии и не би го ограничила терминот на локални или рурални текови кои не се организирани како граѓански религии. Одлика на паганските традиции е отсуството на прозелитизам и присуство на жива митологија, која ја објаснува верската пракса.

Терминот пагански е христијанска адаптација на „езичник“ во јудаизмот, и како таков има вродено Аврамска пристрасност, и погрдни конотации меѓу монотеистите,"Pagan", Encyclopedia Britannica 11th Edition, 1911, посетена на 22 мај 2007. во споредба со безбожник и неверник, исто така познат како кафир (كافر) и мушрик во исламот. Питер Браун забележува:„Усвојувањето на paganus од латинските христијани како сеопфатен, пежоративен термин, за политеистите претставува непредвидена и единствена долготрајна победа, во рамките на една религиозна група, за еден збор од латински жаргон првично лишен од верското значење. Еволуцијата се случи само на латинскиот запад, и во врска со латинската црква. Секаде на друго место, „Хелен“ или „езичник“ (ethnikos) останаа зборови за „паган“; и paganos продолжи како чисто секуларен термин, со примеси на инфериорното и општото.“Peter Brown, во: Glen Warren Bowersock, Peter Robert Lamont Brown, Oleg Grabar, eds., Late Antiquity: a guide to the postclassical world, 1999, s.v. "Pagan".

Поради овие причини, етнолозите го избегнуваат терминот „паганство“, со своите неизвесни и различни значења, осврнувајќи се на традиционални или историски верувања, претпочитајќи попрецизни категории како што се политеизам, шаманизам, пантеизам, или анимизам.

Во доцниот 20 век „паганството“, или „неопаганството“, станаа нашироко користени во однос на припадниците на различните нови религиски движења, вклучувајќи го и Вика."A Basic Introduction to Paganism", BBC, посетена на 19 мај 2007. Како таков, разни современи научници почнаа да го применуваат терминот за три групи на одделни вери: историски политеизам (како келтски политеизам, нордиско паганство, и хеленистички политеистички реконструкционализам, исто така наречен Хеленизам), народни / етнички / домородни религии (како што се кинеската народна религија и африканската традиционална религија), и неопаганство (како Вика и германскиот неопаганство).

Потекло на поимот

Паган Терминот паган доаѓа од латинскиот paganus, придавка со првобитно значење „рурален“, „селски“ или „на селото“. Како именка, paganus бил користен да означи „селски жител, селанец“.http://encarta.msn.com/dictionary_/pagan.html Историја на зборот

Семантичкиот развој на посткласичниот латински paganus во смисла „не-христијански, безбожнички“ е нејасен. Датирањето на оваа смисла е контроверзно, но 4-от век се чини најверодостоен. Постар пример се појавува во Тертулијановата De Corona Militis XI, „Apud hunc [sc. Christum] tam miles est paganus fidelis quam paganus est miles infidelis“, но тука зборот paganus може да се толкува повеќе во смисла „граѓанин“, отколку „безбожник“. Постојат три главни објаснувања за развојот:

Постарата смисла на класичниот латински pāgānus е „на селото, селски“ (исто така како именка). Се тврди дека пренесената употреба претставува одраз на фактот дека древното идолопоклонство задржано на руралните места и селца по христијанството било прифатено во градовите на Римското ЦарствоWatts, Alan W. "Nature, Man and Woman", 1991, Vintage Books, стр. 25.; cf. Оросиевите Histories 1. Prol. „Ex locorum agrestium compitis et pagis pagani vocantur.“ Од најраните почетоци, христијанството се шири многу побрзо во поголемите урбани средини (на пример Антиохија, Александрија, Коринт, Рим), отколку во руралните области (всушност, на почетокот црквата била речиси целосно урбана) и наскоро зборот за „селски жител“ станува синоним за некој кој „не е христијанин“, доведувајќи до современата смисла на „паган“. Ова би можело, делумно, да има нешто со блискоста со природата на руралните луѓе, кои можеби биле поотпорни на новите идеи на христијанството од оние кои живееле во големите урбани центри и биле отсечени од циклусите на природата и облиците на духовност поврзани со нив. Сепак, тоа може исто така да резултирало од почетокот на христијанските мисионери што ги фокусирале своите напори во големите населени центри (на пример Свети Павле), отколку целосно во експанзивните, но сепак ретко населени, села (оттука латинскиот израз укажува на „необразован селски народ“) сè до малку подоцнежно време. Многу повообичаено значење на класичното латинско pāgānus е „цивилен, не-милитантен“ (придавка и именка). Христијаните се нарекувале себеси mīlitēs, „запишни војници“ на Христа, членови на неговата милитантна црква, и за не-христијаните го применувале терминот употребен од страна на војниците за сите оние кои „не биле запишани во армијата“. Смислата „безбожник“ се јавила од интерпретација на paganus што означува човек кој бил надвор од одредена група или заедница, па оттука „не на градот“ или „рурален“; cf. Оросиевите Histories 1. Prol. „ui alieni a civitate dei..pagani vocantur“. Види C. Mohrmann, Vigiliae Christianae 6 (1952) 9ff. —- Оксфордски англиски речник, (на интернет) 2ро издание (1989)

Посткласичното латинско paganismus даде повод за двете паганство и неговиот синоним пајнимрија (paynimry). Пајнимрија може да се користи за паганство, неговите практики и паганитеОдредницата за пајнимрија во Оксфордскиот речник, како и за доменот или царството на паганите http://www.lexic.us/definition-of/paynimry.

„Селанец“ е сроден, преку стариот француски paisent.http://www.perseus.tufts.edu/cgi-bin/ptext?doc=Perseus%3atext%3a1999%2e04%2e0062&query=id%3dpagus#id,pagus Harry Thurston Peck, Harper's Dictionary of Classical Antiquity, 1897; "pagus"

Во нивните корени, овие примени потекнале од pagus, „провинција, село“, сроден на грчкиот πάγος „карпест рид“ и, дури и порано, „нешто заглавено во земјата“, како ознака за место: праиндоевропскиот корен *pag - значи „фиксно“ и исто така е извор и на зборовите page (страница), pale (колец), и pole (пол), како и pact (пакт) и peace (мир).

Иако паган е востановен во англискиот јазик од 14 век, не постои доказ дека терминот паганство бил во употреба во англискиот пред 17 век. Оксфордската енциклопедија ја дава за пример Едвард Гибоновата „Слабеењето и падот на Римското Царство“ од (1776): „Поделбите на христијанството ја одложиле пропаста на паганството.“ Терминот не бил неологизам затоа што paganismus веќе бил искористен од Августин.

Помалку од дваесет години откако последните траги на паганството биле задушени со голема жестокост од страна на императорот Теодосиј Први"Theodosius I", Католичка енциклопедија, 1912, Рим бил зграпчен од Аларик во 410. Ова довело до мрморење дека паганските богови се грижат повеќе за градот отколку христијанскиот Бог, што го инспирирало Свети Августин да ја напише Градот на Бога, со алтернативен наслов De Civitate Dei contra Paganos: Господовиот град против паганите, во која тој тврди дека иако големиот „град на човека“ падна, христијаните најпосле беа граѓани на „Божјиот град“."The City of God", Britannica Ultimate Reference Suite DVD, 2003.

Безбожник (Heathen) Heathen е од Стар Англиски hæðen „не христијански или еврејски“ (). Историски гледано, терминот најверојатно бил под влијание на готскиот haiþi „живеалиште на пустелија“, појавувајќи се како haiþno во Библијата на Улфилас со значење „безбожна жена“ (превод на „Елените“ во Марко 7:26). Овој превод е веројатно под влијание на латинскиот paganus, „селски жител“, или бил избран заради сличноста со грчкиот ἐθνικός (ethnikos), „безбожник“. Се сметало дури и тоа дека готскиот haiþi воопшто не е поврзан со heath (пустелија), туку е повеќе позајмица од ерменскиот hethanos, самопозајмен од грчкиот ἔθνος, (етнос).

Терминологија

И „пагански“ и „heathen“, традиционално се користени како пежоратив од страна на приврзаниците на монотеистичките религии (како јудаизмот, христијанството и исламот) да посочат неверник во нивната религија, иако во модерните времиња не секогаш се користи како погрден израз. „Паганството“ најчесто се однесува на религии од древно (античко) време, особено старогрчката митологија или римската религија, и може да се користи неутрално или со восхит од оние кои се однесуваат на овие комплекси на верување.

Меѓутоа, сè до победата на романтизмот и на општото прифаќање на слободата на религијата во западната цивилизација, „Паганството“ речиси секогаш се користел потценувачки за хетеродоксни верувања кои отскокнуваат од формираната политичка рамка на христијанската црква. „Пагански“ почна да се изедначува со христијанизирана смисла на „епикурејски“ да се означи една личност која е сензуална, материјалистичка, само-задоволна, незагрижена за иднината и незаинтересирана за софистицирана религија. Зборот бил вообичаено користен во оваа световна и стереотипна смисла, посебно меѓу оние кои го одвлекувале вниманието на она што тие сметале дека претставува ограничување на паганството, на пример, како кога Г. К. Честертон напиша: „Паганот започна со восхитувачка смисла, да ужива со себеси. До крајот на неговата цивилизација открил дека човекот не може да ужива со себеси и продолжил да ужива во било што друго.“ Во остар контраст поетот Свинберн коментира на оваа иста тема: „Ти си освојувал, о блед Галилеецу, светот се стори сив од твојот здив; Се пијаневме од нештата летејски, и се храневме со целосноста на смртта“Химна на Прозерпина.

Христијанството на моменти и самото е сметано како форма на политеизам од следбениците на останатите аврамски религии Еврејска енциклопедијаcf. Shirk заради, на пример, христијанското учење за Троица, прославата на пагански празници и други практики - преку процес опишан како „крштевање“ или „христијанизација“. Дури и меѓу христијаните има слични обвиненија за идолопоклонство, особено од страна на протестантите кон Римокатоличката и Православната Црква за почитување на светци и прикази.

Историја на паганството

Бронзено доба до Рано железно доба Религии од Древниот Близок Исток Староегипетска религија Древносемитски религии Месопотамска религија реконструирана праиндоевропска религија праиндоиранска религија историски ведски религии

Класичен период Лудвиг Фојербах (1833) го дефинира „паганството“ (Heidentum) во контекст на класичната ера како „единство на верата и политиката, на духот и природата, на Бога и човекот“, поставено од проучување дека: „човекот“ во пагански поглед е секогаш дефиниран според етничноста, односно Грк, Римјанин, Египќанец, Евреин, итн., така што секоја паганска традиција е исто така и национална традиција. Фојербах претпоставува дека појавата на монотеизмот, а со тоа и крајот на паганскиот период бил развој што природно произлегол од хеленската филозофија заради контрадикторноста својствена за етничката природа на паганската традиција и универзалноста на човековата духовност (Geist), конечно резултирајќи со појава на религија со универзалистички обем во форма на христијанството.Ludwig Feuerbach, Geschichte der neueren Philosophie (1833), Introduction, §1 (Paganism, Philosophy, Religion, Christianity)