Едвард VIII (цело име: ; 23 јуни 1894 – 28 мај 1972) бил крал на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска и на Британските доминиони и император на Индија од 20 јануари 1936 година, кога на престолот го наследил татка си Џорџ V, до абдикацијата во декември истата година, 325 дена подоцна.

Бил познат по својот бурен живот и љубовните авантури, особено со повозрасни и мажени жени, поради што ги загрижувал и татко му и политичкиот естаблишмент во Британија и во доминионите.Ziegler, p. 233.

Стапил во љубовна врска со познатата американка Волис Симпсон, јавна личност и космополитка, која поради своето бурно минато и два пропаднати брака била сметана за скандалозен избор на кралот. Поради тоа Едвард, сега веќе крал, бил под силен притисок на семејството и на политичкиот естаблишмент да не ја реализира намерата да се ожени со неа, и покрај тоа што немало формална пречка за тоа.Broad, p. 71.Broad, p. 75.Williams, p. 101.

Поради ова, Едвард решил да абдицира, и тоа го сторил на 10 декември 1936 година. Следниот ден ѝ се обратил на јавноста со изјава, во која рекол и дека го сторил тоа „за да се ожени со жената што ја сака“. Го наследил брат му, принцот Алберт, кој владеел како Џорџ VI.

По абдикацијата, Едвард ја добил титулата Војводата од Виндзор, а по Втората светска војна живеел приватен живот и останал во брак со Волис Симпсон до смртта во 1972 година.

Детство left|thumb|upright|Едвард (втор од лево) со неговиот татко, братот и сестрата, фотографија на баба му Александра од Данска, 1899 г. Едвард е роден на 23 јуни 1894 година во Вајт Лоџ, на периферијата на Лондон за време на владеење на неговата прабаба кралицата Викторија.Windsor, p. 1 Тој бил најстар син на војводата и војвотката од Јорк (подоцна Џорџ V и кралица Мери). Кога се родил, бил трет наследник на англискиот престол, по неговите дедо и татко.

При кршетвање го добил името Едвард Алберт Кристијан Џорџ Ендрју Патрик Дејвид, на 16 јули 1894 година. Името било одбрано во чест на принцот Алберт Виктор, кого во семејството го викале Еди или Едвард, и неговиот пра-прадедо кралот Кристијан IX.Ziegler, p. 5 Во семејството и неговите блиски пријатели го викале Дејвид.Ziegler, p. 6

Едвард бил одгледан од дадилка, а не од родителите, бидејќи тоа било пракса во тоа време. Една од неговите дадилки, секогаш го штипнувала пред тој да се појави пред родителите, по што Едвард почнувал да плаче.Windsor, p. 7; Ziegler, p. 9 Дадилката била отпуштена од работа откако било откриено нејзиното малтретирање на децата.

thumb|upright|Едвард на служба на бродот Хиндустан, 1910 г. Првото образование Едвард го добил дома. По смртта на баба му кралицата Викторија, во 1901 година, неговите родители патувале низ кралството девет месеци, а за тоа време Едвард, брат му и сестра му биле оставени со бабата и дедото, кралицата Александра и кралот Едвард VII. Откако се вратиле родителите од патувањето, Едвард бил даден на воспитвање кај двајца мажи, Фредерик Финч и Хенри Хенсел,Parker, pp. 12–13 кои го воспитувале строго. Под нивно туторство, Едвард научил германски и француски јазик, а во 1907 година се запишал на Кралскиот морнарички колеџ.Parker, pp. 13–14 По две години, се префрлил во Британскиот кралски морнарички колеџ, во Дартмут. Во тој период прележал заушки, поради кои, се претпоставува, останал неплоден.

На 6 мај 1910 година, Едвард станал „Војвода од Корнвол“ и „Војвода од Ротсеј“ кога татко му станал крал, по смртта на Едвард VII. Еден месец подоцна, на неговиот 16 роденден, на 23 јуни 1910 година ја добил титулата Принц на Велс и Ерл на Честер. Подготовките за неговата иднина како крал започнале сериозно, па така, по три месечно служење на бродот „Хиндустан“, се запишал на колеџот Мадлин во Оксфорд. Бил спретен јавач, а на факултетот научил да игра поло. По осум семестри, го напуштил Оксфорд без да стекне академска титула.Parker, pp. 14–16

Принц од Велс thumb|upright|Портрет на Едвард од Реџиналд Ивс, околу 1920 г. Едвард бил официјално прогласен за „принц од Велс“ на посебна церемонија одржана во замокот Карнарвон, северозападен Велс, на 13 јули 1911 година.

Кога избувнала Првата светска војна во 1914 година, Едвард бил на возраст да учествува во војната,Windsor, pp. 106–107 and Ziegler, pp. 48–50 па се приклучил на Гренадиерската гарда во јуни 1914 година, и иако Едвард сакал да замине на фронт, државниот воен секретар не го дозволил тоа, наведувајќи ја огромната штета што би се случила доколку претстолонаследникот биде заробен од непријателите.Roberts, p. 41 and Windsor, p. 109

Сепак Едбард заминувал на фронтот колку можел почесто, за што добил Воен крст во 1916 година. неговото учество во војната го направило популарен меѓу ветераните.Ziegler, p. 111 and Windsor, p. 140 Во 1918 година Едвард за првпат летал со воен авион, а подоцна добил и дозвола за летање.

Неговиот најмлад брат, Принц Џон, починал на возраст од 13 години, на 18 јануари 1919 година по тежок епилептичен напад."Death of Youngest Son of King and Queen". Daily Mirror. 20 January 1919. p. 2. Реакцијата на Едвард во врска со смртта на Џон биле ладни.

Во текот на 1920-те години, Едвард како принц на Велс го претставувал татко му кралот Џорџ V на многу настани, дома и во странство. Со својот кралски статус, убавиот изглед и статусот на неженет, привлекол големо внимание од јавноста, и во еден период бил најфотографираната славна личност. Во 1926 година се интересирал за науката, а бил и претседател на Британската асоцијација за унапредување на науката.

Ги посетувал сиромашните делови на Британија,Windsor, p. 215 и бил на 16 турнеи низ империјата меѓу 1919 и 1935 година. Во 1919 година стекнал ранч во Пекиско во Канада, а во 1924 година, ѝ доделил трофеј, Трофеј на принцот од Велс, на Националната хокеарска лига.

Несовесното однесување на Едвард со жените во текот на 1920-те и 1930-те години ги загрижувало премиерот Стенли Болдвин, кралот Џорџ V, и блиските на принцот. Татко му бил разочаран што Едвард не успева да се смири, се згрозувал од неговите љубовни врски со мажени жени, и не сакал да го види на престолот. „Откако ќе умрам - изјавил Џорџ - ова момче ќе се уништи себеси за 12 месеци.“

Во 1930 година, Џорџ V му го дал на принцот на користење имотот Форт Белведере во Големиот Виндзорски парк,Windsor, p. 235 каде Едвард продолжил со своите врски со мажени жени, и каде ја запознал Волис Симпсон, Американка еднаш разведена, и вторпат мажена за британско-американски стопанственик. иако било јавно познато дека принцот и Волис се во љубовна врска, Едвард не му признавал на својот татко дека е во врска со неа, и велел дека е несоодветно да ја нарекуваат негова љубовница.Ziegler, p. 233 Кралот Џорџ V и кралицата мери еднаш ја сретнале Волис во Бакингамската палата во 1935 година,Windsor, p. 255 а потоа одбивале да ја примат.Bradford, p. 142 Љубовната врска на претстолонаследникот со разведената Американка многу ги загрижила сите, што полицијата испратила луѓе да го следат парот за да откријат каква е нивната врска.

Едвард VIII thumb|left|Едвард VIII, 3 ноември 1936 г. Кралот Џорџ V починал на 20 јануари 1936 година, и Едвард го наследил престолот како крал Едвард VIII. Едвард прекршил неколку правила меѓу кои при сликање на традиционалниот портрет на кралот. Секој крал бил сликан свртен во спротивна страна од неговиот претходник, а Едвард барал да го сликаат свртен кон лево, како што бил насликан неговиот татко.Windsor, pp. 293–294 Биле исковани неколку монети како тест пред да абдицира, кои денес се ретки. thumb|right|upright|Монета со ликот на Едвард VIII

Во текот на август и септември 1936 година, Едвард и Симпсон крстареле по Средоземно Море на јахта, а во октомври веќе било јасно дека кралот сака да се ожени со неа, која во меѓувреме се разведувала од својот втор сопруг.Broad, pp. 56–57 За оваа љубовна врска пишувале американските весници, но британските молчеле, така што јавноста во Британија не знаела ништо до декември.Broad, pp. 44–47; Windsor, pp. 314–315, 351–353; Ziegler, pp. 294–296, 307–308

Абдикација thumb|right|Едвард VIII и Волис Симпсон на одмор во Југославија, 1936 г. На 16 ноември 1936 година, Едвард го поканил британскиот премиер Стенли Болдвин во Бакингемската палата, каде му ја кажал својата желба да се ожени со Волис Симпсон кога таа ќе го добие разводот од вториот сопруг. Болдвин му кажал дека повторна женидба по развод е морално неприфатлива за Црквата на Англија, и дека народот нема да ја прифати Симпсон како кралица.Windsor, pp. 330–331 Како крал, Едвард бил главен на Црквата на Англија, а свештениците очекувале од него да го поддржи учењето на Црквата. Архиеископот Кантербериски бил гласен во ова барање. Едвард предложил морганатски брак, при што тој ќе остане да биде крал, но Симпсон нема да биде кралица, туку да добие некоја помала титула, а доколку имаат деца, тие нема да бидат претстолонаследници. Овој предлог го поддржал политичарот Винстон Черчил, а некои историчари денес сметаат дека тој го смислил планот, но британскиот кабинет го отфрлил предлогот.Windsor, p. 346Windsor, p. 354

Едвард го информирал Болдвин дека ќе абдицира ако не му е дозволено да се ожени со Симпсон, а Болдвин му поставил три избори: да се откаже од брак со неа; да се ожени со неа наспроти забраната на министрите; или да абдицира.Windsor, pp. 354–355 Едвард не планирал да се откаже од желбата да се ожени со Симпсон, а знаел дека ако се ожени со неа наспроти желбата на министрите, тие ќе дадат оставки, со што ќе предизвика државна криза. Избрал да абдицира.Windsor, p. 387

Едвард ги потпишал сите документи за абдикација во Форт Белведере, на 10 декември 1936 година, во присуство на неговите браќа, Алберт, Хенри и Џорџ.Windsor, p. 407 Вечерта на 11 декември 1936 година, Едвард ја соопштил својата одлука за абдикација на радио програма, изјавувајќи дека „Мене ми е невозможно да сего носам товарот на одговорност и да ги исполнам моите должности како крал, без помошта и поддршката од жената што ја сакам.“ И додал дека ваквата одлука е негоа и само негова. Наредниот ден, Едвард заминал во Австрија, а со Симпсон се сретнал неколку месеци подоцна, кога нејзиниот развод бил завршен.Ziegler, p. 336 Неговиот брат војводата од Јорк, го наследил престолот како Џорџ VI, а неговата ќерка подоцна го наследила рпестолот од него, како кралица Елизабета.

Војвода од Виндзор На 12 декември 1936 година, Џорџ VI најавил дека сака на брат му да му додели титула „Војвода од Виндзор“ со претставка Кралско височество. Официјалниот документ бил потшишан на 8 март наредната година. Одлуката за тоа да го направи братот кралски војвода Џорџ VI ја донел со цел да се осигура дека Едвард нема да може да се кандидира во Долниот дом на Обединетото Кралство, ниту ќе може да зборува за политички прашања во Домот на лордовите.

Со документ издаден на 27 мај 1937 година, била потврдена „титулата, стилот или атрибутот Кралско височество“ за војводата од Виндзор, и било посебно нагласено дека неговата сопруга и потомци, доколку ги има, нема да ја носат оваа титула или атрибут. Некои министри сметале дека Едвард го изгубил својот кралски ранг и дека не треба да има кралска титула, бидејќи е абдициран крал, луѓето треба да му се обраќаат само со „господин Едвард Виндзор“.

Војводата од Виндзор се оженил со Симпсон, која го сменила името во Волис Ворфилд, на приватна церемонија на 3 јуни 1937 година, во замокот Канде, близу Тур, Франција. Црквата на Англија одбила да го признае бракот, а кралот Џорџ VI им забранил на членовите на кралското семејство да присуствуваат на венчавката.