thumb|right|250px|Гордонска брана - бетонска лачна брана со висина од 140 м, изградена во 1974 г. Гордонската брана ( или ) — двојно свиена лачна брана на реката Гордон во Тасманија, Австралија. Висока е 140 м, и со тао е највисоката брана во Тасманија и петта по висина во Австралија.

Во 1963 г., Федералната влада на Австралија доделила 5 милиони австралиски долари to Tasmania's Комитетот за хидроелектрика за изградба на крајречен пат кој ќе води од Мејдена во поречното подрачје на реката Гордон во регионот Југозападна Дивина.Thompson, Peter (1981) Power In Tasmania ACF ISBN 0-85802-064-5 стр. 19 Изградбата започнала во 1964 г., а за три години,во 1967 г., Парламентот на Тасманија едногласно го одобрил проектот.

Ова е единствената брана на реката Гордон, и покрај големата поддршка од неколкумина тасмански политичари за изградба на други брани низводно.

Браната е конструирана на чело со д-р Серџо Гвидичи како главен хидроинженер - кој подоцна продолжил со изградба и на Кротинската брана на Западнобрежниот планински венец, една од последните позначајни брани изградени во овој период на ревносно хидроградителство.

Со изградбата на браната е создадено и езерото Гордон.

Страничните скалила се употребуваат за двонеделен контролен преглед на браната.

Поврзано Дарвинска брана Кротинска брана Хидро Тасманија

Наводи

Надворешни врски Хидро Тасманија - Изградбата на хидроакумулацијата на реката Гордон

Категорија:Брани во Австралија Категорија:Згради и градби во Тасманија

de:Lake Gordon (Australien)