Багавад гита (санскр. , — „Песна на Бога“) е важен текст за хиндуизмот напишан на санскрит. Се почитува како света книга во хиндуизмот, и се смета за еден од најважните религиозни класични дела во светот. Багавад-гита е дел од Махабхарата, (Бишмапарва: 25 - 42) содржејќи 700 строфи. Учителот на Багавад-гита е Кришна, кој хиндусите го сметаат за врховна манифестација на Господ, наречен Багаван — божествениот.
Поврзано Махабхарата
Наводи
Категорија:Хиндуистички текстови Категорија:Текстови на санскрит Категорија:Кришна