Марко Костов Цепенков (, — , ) — истакнат собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја и за правото и за моралот на Македонците. Тој е автор на неколку публикации напишани на македонски јазик. Македонскиот институт за фолклор го носи неговото име.
Животопис мини|лево|Прилеп во 1863 година Роден е во Прилеп во сиромашно семејство, кое води потекло од прилепското село Ореовец. Заради тешката материјална состојба, основно образование учел само една година, а потоа продолжил да го учи терзискиот занает. Во периодот 1856-1857 почнал да собира народни умотворби, поттикнат од, како што самиот вели, Димитар Миладинов.
Во 1888 год., Марко се преселил во Софија. Наредната година, Министерството за народна просвета почнува да го издава Зборникот за народни умотворенија, наука и книжнина, во кој Цепенков често ги објавувал народните творби запишани од него. Работел седум месеци во Народното собрание на Бугарија по статистиката на народното население, подоцна работи и во финансискиот оддел, по што е администартор во печатницата на браќата поп Спиркови.Марко К.Цепенков - Фолклорно наследство т.1, София, 1998 ИК "Проф. Марин Дринов". Тој дал голем придонес на македонскиот народ.Актан Аго, „Турските јазични елементи во јазикот на Марко Цепенков", Логос-А, Скопје, 2006, стр. 25 Покрај тоа, придонесот на Цепенков во македонската книжевност е голема важност, како и за развојот на македонската фолклористика, етнографија и култура.
мини|лево|Марко Цепенков. Изнемоштен, напуштен, заборавен, во крајна беда, Марко Цепенков умрел на 29 декември 1920 година во Софија, каде што е и погребан.
Целокупната оставина на Марко Цепенков се чува во Архивскиот институт на Бугарската академија на науките во Софија.Актан Аго, „Турските јазични елементи во јазикот на Марко Цепенков", Логос-А, Скопје, 2006, стр. 15 Во современа Македонија, делата на Марко Цепенков за првпат биле реиздадени во 1954 година од Блаже Конески во „Сказни и сторенија“. Во 1957 творештвото на Цепенков биле прекажано во вид на филм од Кирил Пенушлиски, кој една година подоцна започнало со неговото издавање. Во 1972 година било објавено целокупното дело на Цепенков на македонски јазик.
Собирачката дејност мини|десно|алт=|Споменик на Марко Цепенков во центарот на Прилеп Од сите собирачи на македонското народно творештво, Марко Цепенков има временски најдолга запишувачка практика - повеќе од 40 години собирал народни умотворби. Освен тоа, за разлика од другите најистакнати собирачи на македонските народни умотворби - браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев, Стефан Верковиќ, кои во својот фонд собрани фолклорни материјали имаат и такви што ги добиле од други запишувачи, Марко Цепенков лично самиот ги запишал своите фолклорни и етнолошки материјали. И по вкупниот фонд на собраните народни умотворби, како и по жанровската разновидност на собраните фолклорни материјали, Марко Цепенков е најзначајниот собирач на македонските народни умотворби.Марко К.Цепенков - Фолклорно наследство т.1, София, 1998 ИК "Проф. Марин Дринов" лево|мини|284x284пкс|Марко Цепенков (споменик во Прилеп) - истакнат собирач на македонски народни умотворби Во вкупниот број на публикувани и непубликувани негови дела можат да се набројат повеќе од 5500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки материјал (речник, тајни јазици, описи на занаети, обичаи, обреди, реквизити од домашниот материјален живот и народната аргономија и сл.). Во финалната песна од својата автобиографија, Цепенков вели дека ги напишал, за да остави вечен спомен на својот мил „бугарски“ народ.
Своите запишани фолклорни и етнолошки материјали Марко Цепенков ги собрал претежно од Прилеп и неговата околина, но и од Битолско, Скопско, Штипско, Велешко и Дебарско. Соодветно на обемниот фонд собрани народни умотворби, голем е и бројот на интерпретаторите од кои Цепенков ги слушал и запишувал своите фолклорни материјали.
Автор е на драмското дело „Црне Војвода“, а неговата автобиографија претставува богат извор за проучување на целокупниот живот во Прилеп.
Семејството на Марко Цепенков
Значење и влијание „Прозорчето на чичко Цепенков“ — песна на македонскиот поет Санде Стојчевски.Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 80-81. „Цепенков и фудбалот“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 594-595.
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Автобиографијата на Цепенков на македонски јазик и со поедноставен правопис. Приказната за Силјан штркот, најдолгата македонска народна приказна, запишана од Марко Цепенков. Marko Cepenkov, "19th Century Macedonian Folktales" Страница за Институтот за фолкор „Марко Цепенков“, Скопје "Еснафите во гр. Прилеп", Марко Цепенков
Категорија:Ореовец (Прилепско) Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски собирачи на народни умотворби Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Македонски општественици