десно|мини|223x223пкс| PSR B1509−58 – рендгенските зраци од набљудувачницата Чандра се златни; инфрацрвени од Широкиот инфрацрвен теренски истражувач во црвена, зелена и сина. десно|мини| Анимација на вртежен пулсар. Сферата во средината ја претставува неутронската ѕвезда, кривите ги означуваат линиите на магнетното поле, а испакнатите конуси ги претставуваат емисионите зони. мини| Илустрација на ефектот „светилник“ направен од пулсар. Пулсар (од англиските зборови pulsating radio source; пулсирачки радиоизвор) Extract of page 249 ― високо магнетизирана вртежна неутронска ѕвезда која емитува зраци на електромагнетно зрачење од своите магнетни полови. Ова зрачење може да биде набљудувано само кога емитуван зрак е насочен кон Земјата (слично на начинот на кој „светилникот“ може да биде виде само кога светлината е насочена во насока на набљудувач) и е одговорна за импулсното појавување на емисијата. Неутронските ѕвезди се многу густи и имаат кратки, редовни периоди на вртење. Ова создава многу прецизен интервал помеѓу импулсите кој се движи од милисекунди до секунди за поединечен пулсар. Пулсарите се еден од кандидатите за извор на ултрависоки енергетски космички зраци. (Поврзано центрифугален механизам на забрзување.)
Многу редовните импулси на пулсарите ги прават многу корисни алатки за астрономите. На пример, набљудувањата на еден пулсар во систем на двојни неутронски ѕвезди биле искористени за индиректно да биде потврдено постоењето на гравитациско зрачење. Првите вонсончеви планети биле откриени во 1992 година околу еден пулсар, поточно PSR B1257+12. Во 1983 година, биле откриени одредени видови пулсари кои во тоа време ја надминуваа точноста на атомските часовници во мерењето на времето.
Историја на набљудување
Откритие Сигналите од првиот откриен пулсар првично ги забележала Џослин Бел додека ги анализирала податоците снимени на 6 август 1967 година, од новонарачаниот радио телескоп што таа помогнала да биде изградена. Првично отфрлена како радиопречки од нејзиниот претпоставен и развивач на телескопот, Ентони Хјуиш, фактот дека сигналите секогаш се појавувале на иста деклинација и ректасцензија набрзо го отфрлило земјиниот извор.Hewish, A., Bell, S. J., et al. "Observation of a Rapidly Pulsating Radio Source ". Nature, том 217, 1968 (стр. 709–713). На 28 ноември 1967 година, Бел и Хјуиш користејќи брз снимач на ленти, ги разрешиле сигналите како низа пулсирања, рамномерно распоредени на секои 1,337 секунди. Ниту едно астрономско тело од ваква природа досега не било забележано. На 21 декември, Бел открил втор пулсар, поништувајќи ги шпекулациите дека тоа би можело да се сигнали кои се емитувани кон Земјата од страна на вонземска интелигенција.
Кога набљудувањата со друг телескоп ја потврдиле емисијата, таа елиминирала секаков вид инструментални ефекти. Во овој момент, Бел за себе и за Хјуиш рекол дека „ние навистина не верувавме дека зедовме сигнали од друга цивилизација, но очигледно идејата ни помина низ умовите и немавме доказ дека тоа е целосно природна радио емитување. е интересен проблем - ако некој мисли дека можеби открил живот на друго место во универзумот, како одговорно да ги објави резултатите? (after-dinner speech with the title of Petit Four given at the Eighth Texas Symposium on Relativistic Astrophysics; first published in Annals of the New York Academy of Science, том 302, стр. 685–689, декември 1977). И покрај тоа, тие го нарекле сигналот LGM-1, кратенка од „little green men“ (мали зелени луѓе; име за интелигентни суштества од вонземско потекло). мини|Графикон на која Џослин Бел првпат препознала докази за пулсар, изложени во Библиотеката на Кембричкиот универзитет. Дури кога бил откриен втор пулсирачки извор на различен дел од небото, „хипотезата мали зелени луѓе“ била целосно напуштена. Нивниот пулсар подоцна бил наречен CP 1919, и сега е познат по голем број назначувачи, вклучувајќи ги PSR B1919+21 и PSR J1921+2153. Иако CP 1919 емитира во радиобранови должини, подоцна било откриено дека пулсарите емитуваат во видливо светлински, рендгенски и гама-зрачни бранови должини.Courtland, Rachel. "Pulsar Detected by Gamma Waves Only ". New Scientist, 17 октомври 2008.
Зборот „пулсар“ првпат бил појавен во печатен избор во 1968 година:
мини| Композитна оптичка/рендгенска слика на Раковидната Маглина, која покажува синхротронска емисија во околниот плерион, напојувана со вбризгување на магнетни полиња и честички од средишниот пулсар. Постоењето на неутронски ѕвезди првпат било предложено од Валтер Баде и Фриц Цвики во 1934 година, кога тие тврделе дека мала, густа ѕвезда која се состои главно од неутрони, ќе произлезе од супернова. Врз основа на идејата за зачувување на магнетниот тек од ѕвездите од магнетната главна низа, Лодевајк Волтјер во 1964 година предложил дека таквите неутронски ѕвезди може да содржат магнетни полиња со големина од 1014 до 1016 гауси (=1010 до 1012тесли). Во 1967 година, непосредно пред откривањето на пулсарите, Франко Пачини предложил дека вртежната неутронска ѕвезда со магнетно поле ќе емитува зрачење, па дури и забележал дека таквата енергија може да биде пумпана во остаток од супернова околу неутронска ѕвезда, како што е Раковидната Маглина. По откривањето на првиот пулсар, Томас Голд независно предложил модел на вртежна неутронска ѕвезда сличен на оној на Пачини и експлицитно тврдел дека овој модел може да го објасни импулсното зрачење забележано од Бел Бурнел и Хјуиш. Во 1968 година, Ричард Лавлејс со соработниците го откриле периодот ms од Раковидниот Пулсар со помош на Аресипската набљудувачница. Откривањето на Раковидниот Пулсар, дало потврда за моделот на вртежните неутронски ѕвезди на пулсарите. Периодот на пулсирање на Раковидниот Пулсар од 33 милисекунди бил премногу краток за да биде доследен со другите предложени модели за пулсарско емитување. Згора на тоа, Раковидниот Пулсар е така наречен затоа што се наоѓа во средината на Раковидната Маглина, во согласност со предвидувањата на Баде и Цвики од 1933 година.Lyne & Graham-Smith, стр. 1–7 (1998). Во 1974 година, Антони Хјуиш и Мартин Рајл, кои развиле револуционерни радио телескопи, станале првите астрономи на кои им била доделена Нобеловата награда за физика, при што Кралската академија на науките на Шведска забележа дека Хјуиш одиграл „одлучувачка улога во откривањето на пулсарите“. Значителна контроверзија е поврзана со фактот дека на Хјуиш и била доделена наградата, додека Бел, која го направи првичното откритие додека бил негов докторант, не била доделена. Бел тврди дека нема горчина по оваа точка, поддржувајќи ја одлуката на Комитетот за Нобелова награда.Bell Burnell, S. Jocelyn. "Little Green Men, White Dwarfs, or Pulsars?" . Annals of the New York Academy of Science, vol. 302, pp. 685–689, Dec. 1977.
Достигнувања лево|мини| Пулсарот во Едро и неговиот околен плерион. Во 1974 година, Џозеф Хутон Тејлор и Расел Халс за прв пат откриле пулсар во двоен систем, PSR B1913+16. Овој пулсар кружи околу друга неутронска ѕвезда со орбитален период од само осум часа. Ајнштајновата општа теорија за релативноста предвидува дека овој систем треба да емитува силно гравитациско зрачење, предизвикувајќи орбитата постојано да се собира додека ја губи орбиталната енергија. Набљудувањата на пулсарот наскоро го потврдија ова предвидување, давајќи го првиот доказ за постоењето на гравитациски бранови. Од 2010 година, набљудувањата на овој пулсар продолжуваат да се согласуваат со општата релативност. Во 1993 година, Нобеловата награда за физика била доделена на Тејлор и Халс за откривањето на овој пулсар.
Во 1982 година, Дон Бакер ја предводел групата која го открила PSR B1937+21, пулсар со вртежен период од само 1,6 милисекунди (38.500 вртежи во минута). Набљудувањата наскоро откриле дека неговото магнетно поле е многу послабо од обичните пулсари, додека понатамошните откритија ја зацврстија идејата дека е пронајдена нова класа на тела, „милисекундните пулсари“. Верувано е дека милисекундните пулсари се краен производ на рендгенските двојни ѕвезди. Благодарение на нивното извонредно брзо и стабилно вртење, милисекундните пулсари може да бидат користени од страна на астрономите, како часовници кои ја споредуваат стабилноста на најдобрите атомски часовници на Земјата. Факторите кои влијаат на времето на пристигнување на импулсите на Земјата за повеќе од неколку стотици наносекунди може лесно да бидат забележани и да бидат користени за да бидат направени прецизни мерења. Физичките параметри достапни преку темпирањето на пулсарите ја вклучуваат тридимензионалната положба на пулсарот, неговото правилно движење, содржината на електрони во меѓуѕвездената средина долж патеката на ширење, орбиталните параметри на кој било двоен придружник, вртежниот период на пулсарот и неговата еволуција со времето. (Тие се пресметувани од необработените податоци за темпирањето од Темпо, сметачка програма специјализирана за оваа задача.) Откако ќе се земат предвид овие фактори, може да бидат најдени отстапувања помеѓу набљудуваните времиња на пристигнување и предвидувањата направени со помош на овие параметри и да бидат припишани на еден од три можности: внатрешни варијации во периодот на центрифугирање на пулсарот, грешки во остварувањето на земјиното време според кое се мереле времињата на пристигнување или присуство на гравитациски бранови во позадина. Научниците во моментов се обидуваат да ги решат овие можности со споредување на отстапувањата забележани помеѓу неколку различни пулсари, образувајќи го она што е познато како пулсарна темпирана низа. Целта на овие напори е да биде развиен временски стандард заснован на пулсар доволно прецизен за да биде направено првото директно откривање на гравитациските бранови. Во 2006 година, група астрономи во Националната лабораторија Лос Аламос, предложиле модел за предвидување на веројатниот датум на дефекти на пулсар со набљудувачки податоци од Росиевиот рендгенски темпиран истражувач. Тие користеле набљудувања на пулсарот PSR J0537−6910, за кој се знае дека е квазипериодичен пулсар со блесок. Сепак, досега не е позната општа шема за прогноза на дефекти. мини| Уметничко толкување за планетите кои кружат околу PSR B1257+12. Онаа во преден план е планетата „C“. Во 1992 година, Александeр Волшчан ги открил првите вонсончеви планети околу PSR B1257+12. Ова откритие претставувало важен доказ во врска со широко распространето постоење на планети надвор од Сончевиот Систем, иако е многу малку веројатно дека кој било облик на живот би можела да преживее во околината на интензивно зрачење во близина на пулсар.
Бели џуџиња слични на пулсар Белите џуџиња можат да дејствуваат и како пулсари. Бидејќи моментот на инерција на белото џуџе е многу поголем од оној на неутронската ѕвезда, белоџуџестите пулсари се вртат еднаш на неколку минути, многу побавно од неутронскоѕвездените пулсари.
До 2024 година, биле идентификувани три бели џуџиња слични на пулсар.
Во 1998 година, Назар Ихсанов покажал дека белото џуџе во двојниот систем AE Орел делува како радиопулсар. Потврдата за својствата слични на пулсар на белото џуџе во AE Орел била дадена во 2008 година со откритието на рендгенски пулсации, кое покажа дека ова бело џуџе делува не само како радиопулсар, туку и како рендгенски пулсар. Во 2016 година, бело џуџе во двојниот систем AR Скорпија, билоидентификувано како пулсар (често погрешно е нарекувано првото откриено бело џуџе слично на пулсар). Системот прикажува силни пулсирања од ултравиолетови до радиобранови должини, напојувани од намалувано вртење на силно магнетизираното бело џуџе. Во 2023 година, било предложено дека белото џуџе eRASSU J191213.9−441044 делува како пулсар и на радио и на рендгенски зраци.