300px|мини|Полицијата на страничниот излез од „КаДеВе“ кратко по грабеж кој бил извршен во 2014 година Злосторството или криминал е чин (дело) од страна на физичко или правно лице кое свесно постапува (постапило) во спротивност со законите и Уставот на територијата на која се наоѓа, и кое ја продолжува таа активност во сопствена полза.
Во историјата се познати многу злодела. Дури до толку што не е можно да се споменат сите тука дури и да постои волја. Да спомнеме само неколку општопознати примери: трговија и шверц со луѓе, шверц на дрога и други недозволиви супстанци, црн пазар, црна економија, итн.
Мора да се напомене дека злодело е секое дело кое сериозно ги нарушува законите и Уставот на територијата во која е предизвикано, и не мора да биде продолжено. Оттука можеме да заклучиме дека паркирање на автомобил на погрешно место не е злодело, но носење марихуана преку македонска граница е.
Општеството го дефинира злосторството како кршење на едно или повеќе правила или закони за коишто некоја управна власт или сила на крај може да пропише казна.
Меѓународниот збор „криминал“ потекнува од латинскиот поим crimen (генитив criminis), од латинскиот корен cernō и грчкиот κρινω, со значење судам. Во првобитна смисла значело „пријава (во правото), вина, обвинение“.
Кога општеството смета дека неформалните односи и санкции се недоволни за да се создаде и одржи посакуваниот општествен ред, тоа може да резултира во поставување повеќе формални системи на општествена контрола од страна на владата, или пошироко од страна на државата. Со институционалните и правните машинерии ставени на располагање, државните службеници можат да ги принудат поединците да ги почитуваат кодексите на однесување и да ги казнат оние кои не ги почитуваат.
Власта користи разни механизми за да го регулира однесувањето, вклучувајќи правила кодифицирани во закони, ги контролира луѓето за да осигура дека тие ги почитуваат тие закони, како и други приципи и практики наменети за спречување на злосторствата. Покрај тоа постојат правни лекови и санкции, кои заедно го сочинуваат кривично-правниот систем. Сепак, не сите повреди на законот, на пример, непочитување на договор или обврска и други граѓанско-правни престапи, се сметаат за злодело.
Етикетата „злостор“ и општествената с тигма која што ја нормално придружува, го ограничуваат опсегот на оние активности коишто им штетат и на општата популација и на државата, вклучувајќи некои коишто предизвикуваат сериозна загуба или штета за поединци. Со етикетата се намерава јасно да се признае хегемонијата на една доминантна популација, или да се отслика согласноста во осудувањето идентификувано однесување и да се оправда казната наложена од државата, во случај на обвинетото лице да му е судено и потоа досудено за одредено злодело. Вообичаено, сторителот на злоделото е физичко лице, но во некои надлежности и во некои морални средини, правните лица (види правно лице) исто така се сметаат за способни да вршат злодела.
Дефиниција Една нормативна дефиниција ги смета злосторствата за девијантно однесување кое ги крши постоечките норми (види правна норма) – културните стандарди кои пропишуваат како нормално треба да се однесуваат луѓето. Овој пристап смета дека сложената реалност којашто го опкружува концептот за злоделото и бара да се сфати како променливите општествени, политички, психолошки и економски услови може да влијаат врз тековните дефиниции за злоделото и врз формата на правните одговори, одговорите на спроведувањето закон и казнените одговори од страна на општеството.
Оваа структурална реалност продолжува да се менува често предизвикувајќи несогласувања. На пример, како што културите и политичката околина се менуваат, општествата може да ги смета за незаконски или не, одредени однесувања, коишто директно влијаат врз статистичките стапки на злостор, го утврдуваат распределувањето на средствата за спроведувањето вакви закони, како и влијанието врз општото јавно мислење.
Слично, промените во собирањето и/или пресметувањето податоци за злодела може да влијае врз перцепцијата на јавноста за големината на кој било даден „проблем со престапност“. Сите вакви прилагодувања на статистиката за злоделата, поврзани со искуствата на луѓето во секојдневниот живот, ги оформуваат однесувањата за тоа кој закон треба да се примени за да се спроведе некоја посебна општествена норма. Постојат многу начини преку кои може да се контролира однесувањето без да се искористи кривично-правниот систем.
Навистина, во оние случаи во кои не постои јасна согласност за дадена норма, примената на кривичното право од страна на владејачката група да се забрани однесувањето на друга група може да се смета за несоодветно ограничување на слободите на друга група, и обичните општествени членови може да изгубат почит на законите во целост, без разлика дали законот којшто е во прашање е активно спороведен или не.
Законодавците донесуваат закони коишто ги дефинираат дела, наречени mala prohibita (зло затоа што е забрането со закон) кои ги кршат општествените норми. Овие закони варираат одвреме-навреме и од место до место: на пример, забележете дека постојат варијации во законите за регулирање кокцање. Другите дела се нарекуваат mala in se ( дела кои сами по се себе се зла) и тие се речиси универзално противзаконски, како убиство, кражба и силување.
Криминализација
Некој може да ја сфати криминализацијата како постапка со намера да се спречи некој да преземе штетна активност, средство да се намали штетата, применувајќи ја заканата на казна како одвратување на оние коишто намераваат да се однесуваат така и да предизвикаат штета. Државата се вмешува затоа што тие веруваат дека трошоците за некриминализирање (т.е да се дозволи повредите да продолжат нестивнати) ги надминуваат трошоците за криминализирање на истите (т.е ограничување на поединечната слобода со цел да се сведе на минимум штетата врз другите). Криминализацијата може да обезбеди намалување на повредите во иднина, дури и по кривично дело, тргнувајќи од тоа дека оние коишто се во затвор за сторување злодела имаат поголема шанса да предизвикаат штета во иднина. Криминализацијата може да се сфати како начин потенцијалните злосторници да платат за нивните дела. Во овој случај, криминализацијата е начин да се постави цената којашто еден мора да ја плати (на општествтото) за одредени активности коишто се сметаат за штетни за општеството како целина. Во оваа смисла криминализацијата не може да се смета за ништо друго, туку за одмазда на државата во вид на санкција.
Државата го контролира процесот на криминализација бидејќи:
Иако жртвите ја признаваат сопствената улога како жртви, тие можеби немаат средства да истражуваат и бараат правда за нанесените повреди: спроведувачите формално именувани од страна на државата имаат и експертиза и средства . Жртвите можеби сакаат само надомест за нанесените повреди, додека се рамнодушни кон можната желба за одвратување (погледнете кај Полински и Шавел (Polinsky & Shavell(1997) за основните разидувања меѓу приватното и општественото мотивирање при примена на правниот систем). Стравот од одмазда може да ги одврати жртвите или сведоците на злодела од преземањето каква било акција. Дури и во контролираните општества, стравот може да спречи пријавување или соработка при судење. На самите жртви може да им недостига скалеста економија која ќе им овозможи да управуваат со казнениот систем, да им дозволи сами да собираат парични казни доделени од страна на суд (погледнете кај Полински (1980) (Polinsky) за спроведувањето парични казни). Гарупа и Клерман(2002) (Garoupa & Klerman) предупредуваат дека владите кои манипулираат со економијата имаат примарен мотив да ги зголемат приходите итн., ако престапниците имаат доволно богатство, ваквата влада ќе делува поагресивно во спроведувањето закони против полесни кривични дела (вообичаено со утврдени казни како прекршоци за паркирање и рутински сообраќајни прекршоци), но поопуштена во спроведувањето закони против сериозни случаи, отколку владите коишто бараат максимално да се обезбеди економска помош за лицата кои имаат потреба од неа. Како резултат на злоделото, жртвите може да го загубат животот или да бидат онеспособени нормално да живеат или да ги извршуваат работните обврски.
Историја Злосторството како поим има долга историја.Oppenheim, A. Leo (and Reiner, Erica as editor). (1964). Ancient Mesopotamia: Portrait of a Dead Civilization. Revised edition (15 септември 1977). Chicago: University of Chicago Press. ISBN 0-226-63187-7 Некои религиозни општини (види општина) го сметаат гревот за злосторство; некои дури потенцираат дека злоделото е грев кој има легендарно и митолошко потекло – забележете поврзаност меѓу приказната за Адам и Ева и теоријата за првобитниот грев. Она што една група го смета за злодело може да предизвика или разгори војна или конфликт. Сепак, најраните цивилизации (види цивилизација) имале правни законици, коишто содржеле и граѓански и казнени правила, иако не биле секогаш во пишана форма.
Сумерците биле првите кои создале пишани законици кои опстанале. Додека е познато дека Урукагина имал законик којшто не опстанал, подоцнежниот крал, Ур-наму го оставил најраниот законик којшто сè уште постои, Законикот на Ур-наму, со којшто се пропишува формален систем на казни за специфични случаи во 57 членови. Сумерците подоцна издаваат други законици, вклучувајќи го и „Законикот на Липит-Иштар“. Овој законик, кој датира од 20 век п.н.е, содржи околу 50 членови, и бил ресоздаден вршејќи споредба меѓу повеќе извори .
Длабоко во себе, Сумерцитебиле свесни за личните права и го презирале секое газење врз тие права, без разлика дали ги газел нивниот крал, нивниот претпоставен или нивни сограѓанин. Не е чудно што Сумерците биле првите кои создале право и правни законици.Kramer, Samuel Noah. (1971). The Sumerians: Their History, Culture, and Character. Chicago: University of Chicago. ISBN 0-226-45238-7
Успешните правни закони во Вавилон, вклучувајќи го и Хамурабиевиот законик, го отсликуваат верувањето на месопотамиското општество дека правото потикнува од желбата на боговите (видете Вавилонско право).Driver, G. R. & Mills, John C. (1952-55). The Babylonian Laws. 2 Vols. Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-825110-6 Многу држави во тоа време функционирале како теократии (видете теократија), чиишто законици за однесување во голема мера биле религиозни по потекло и по содржина.
Сер Хенри Мејн (1861) ги проучувал античките законици кои во тоа време биле достапни, и не пронашол никакво кривично право во „актуелна“ смисла на зборот. Додека актуелните системи разликуваат престапи против „државата“ или „заедницата“, и престапи против „поединецот“, т.н. казнени системи на старите заедници не се справувале со „злодела“ (од лат. crimina) туку со „ неправди/деликти“ (од лат. delicta). Така, грчките закони Garner, Richard. (1987). Law and Society in Classical Athens. London: Palgrave Macmillan. ISBN 0-312-00856-2 ги регулираат сите форми на кражба, напад, силување, и убиство како приватни неправди, и акцијата за спроведувањето правда им била оставена на жртвите и нивните спасувачи. На најраните системи им недостасувале формални судови.
Римјаните го систематизирале правото и го рашириле низ целата римска империја. Повторно, првичните правила на римското право го сметаат нападот како предмет на приватна компензација. Најзначајното римско право вклучувало авторитет да се владее, да се контролира, dominion.Daube, David. (1969). Roman Law: Linguistic, Social and Philosophical Aspects. Edinburgh: Edinburgh University Press. ISBN 0-85224-051-1. Pater familias или таткото на фамилијата ја поседувал целата фамилија и нејзината сопственост (вклучувајќи ги и робовите); таткото ги спроведувал работите поврзани со мешањето во каква било сопственост.