Сикст IV (лат. Sixtus PP. IV; 21 јули 1414 - 14 август 1484) — римски папа од 9 август 1471 до 14 август 1484Сите папи досега: целосен список на The Guardian. Бил папа којшто работел за интересите на своето семејство. Тој назначил 5 свои роднини во кардинали, а уште десетмина поставил на високи црковни позиции. Неговите семејни амбиции довеле до сериозни конфликти со Фиренца, Милано и Венеција, кои постојано го следел подемот на семејството дела Ровере.

Во 1482 вовел норми со кои ги ограничи дејствијата на инквизицијата во Шпанија, подчинувајќи го нејзиниот основач доминиканецот Томас Торквемада. Освен тоа, во негово време започнал редизајнот и обновата на Рим преку проширување на улиците и уништување на урнатините од антиката. Систинската капела била реновирана во негово време, па истата била наречена по него.

Наводи

Категорија:Родени во 1414 година Категорија:Починати во 1484 година Категорија:Папи од ренесансата Категорија:Папи Категорија:Италијански папи Категорија:Римокатолички епископи од 15 век Категорија:Луѓе од Савона Категорија:Италијанци од 14 век Категорија:Погребани во базиликата „Свети Петар“