Јакарскиот кајман (, ), познат и под името парагвајски кајман е вид на кајман кој го среќаваме во централниот дел на Јужна Америка, вклучувајќи ја северна Аргентина, источна Боливија, југозападен Бразил и реките во Парагвај.
Овие животни растат до максимална должина од 2-3 метри и се хранат со риби, мекотели, цицачи и ракови. Кожата на јакарскиот кајман се употребува во производство на кожни производи па затоа често се жртви на ловокрадство.
Галерија
Надворешни врски Јакарски кајман (Caiman yakare) - Флоридски универзитет
Категорија:Крокодиловидни