Богданци — град во јужниот дел на Република Македонија. Сместен е во источниот дел на Гевгелиско-валандовската Котлина, односно областа Бојмија, на патот помеѓу Гевгелија и Дојран. Има улога на административен центар на Општина Богданци.

Географија и местоположба

Градот Богданци се наоѓа во областа Бојмија, на источниот крај на Гевгелиско-валандовската котлина, од десната страна на Стара Река, на надморска височина од околу 80 м. Преку Богданци води регионален пат кој на југозапад го поврзува со Гевгелија (11 км), а на североисток со Нов Дојран и Дојранското Езеро. Климата е изменето средоземна.

Историја Подрачјето на Богданци е населено уште од римско време, за што свеодчи наоѓалиштето Барданов Камен на 500 м западно од селото.

Во XIX век, Богданци е големо село во составот на Гевгелиската Каза во Отоманското Царство.

Во селото во 1895 – 1896 година е основан комитет на ВМОРО, на чело со учителот Атанас Тодев од Мачуково, а по него учителите Иван Бардаров од Штип, Сава Михајлов, Христо Трајков Лисичков, Стефан Попиванов и Христо Гонов.„Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 49 – 50, ISBN 9549514560

Тогашното село било тешко оштетено при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.

Вкупно 12 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

На 11 јуни 2017 година граѓаните на Општина Богданци на референдум се изјасниле против отворање на рудници и рударски комплекси за металични минерални суровини.

Бисти во паркот во Богданци

Стопанство Атарот на Богданци зафаќа површина од 6.700 ха, од кои под обработливи површини се 1.561,4 ха, пасиштата зафаќаат 2.107,7 ха, и на шумите отпаѓаат 2.719,5 ха.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Богданци живееле 3.560 жители, од кои 2.540 Македонци, 900 Турци и 120 Роми.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 151. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Богданци имало 3.184 Македонци, кои биле поделени на 1.400 под врховенството на Бугарската егзархија, 1.480 патријаршисти гркомани, 144 патријаршисти србомани и 144 унијати.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 194-195.

Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, Богданци било мешано македонско и турско село со 200 куќи.

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Богданци имало 3.247 жители, од кои 2.510 Македонци и 737 Турци.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 2.600 Македонци.

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 6.011 жители и спаѓал во групата на мали градови.

Според последниот попис од 2021 година, во градот живееле 5.244 жители.

Етнички гледано, населението е составено од:Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

НародВкупноМакедонци 5 761Турци 48Роми 1Албанци 2Власи 4Срби 176Бошњаци 0 други 19

Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици:

Јазик ГоворнициУдел (%)македонски5.813 96,7албански 1 0,02турски 48 0,8ромски 1 0,02влашки 2 0,03српски 124 2,1други220,4

Вероисповед

Во Богданци се застапени следните верски групи:

Вероисповед ВернициУдел (%)православни5.752 95,7муслимани 54 0,9католици 160 2,7протестанти 2 0,03други430,7

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Богданци:

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Вкупно 1948 — — — — — — — — —3.027 1953 2.940 0 0 0 0 8 — 3 —2.951 1961 3.253 3 0 — — 19 — 15 —3.290 1971 3.964 6 0 0 — 162 — 20 —4.152 1981 5.080 3 34 0 0 214 — 30 —5.361 1991 5.606 4 56 1 0 211 — 33 —5.911 1994 5.778 3 87 1 0 153 — 9 —6.031 2002 5.761 2 48 1 4 176 0 19 —6.011 2021 4.909 1 29 12 3 58 1 36 1955.244

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Општествени установи

мини|300п|десно|Поглед на главната црква

Училишта СОУ „Богданци“ ОУ „Петар Мусев“

Верски објекти Црква „Св. Атанасиj“ — православна црква Црква „Св. Кирил и Методиј“ — католичка црква

Граѓански здруженија Здружение на Антички Македонци

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Барданов Камен — населба од римско време Света Гора — населба и некропола од доцнантичкото време и старохристијанска базилика Тумба — некропола од доцноантичкото време

Реки Луда Мара

Езера Паљурци — вештачко езеро на реката Луда Мара источно од градот

Личности

Дељо Калчев (1877 - 1917) — македонски револуционер Михаил Сионидис (1870 - 1935) — андартски капетан Ѓорѓи Богданцалијата (? - 1910) — андартски капетан Петар Каркалашев (1874 - 1905) — македонски револуционер Стојан Богданцалијата — македонски револуционер Петар Мусев – Фидин (15 март 1910 - 28 август 1944) — учесник во НОБ Душанка Бардарова (р.1923) — учесник во НОВ на Македонија Јордана Бојкова (р.1913) — учесник во НОВ на Македонија Лена Георгиева (р.1924) — учесник во НОВ на Македонија Ленка Калчева (р.1924-) — учесник во НОВ на Македонија Тодора Калчева (1897-1970) — учесник во НОВ на Македонија Димитар (Мито) Теменугов - Железни (1919 - 17 септември 2001) - учесник во НОБ и делегат на Првото заседание на АСНОМ Кирил Петрушев (1885 - 1980) — македонски и југословенски политичар, член на АСНОМ, министер на НРМ Коста Бојаџиевски (1930 - 2006) — еден од основоположниците на издавачката дејност во Македонија. Атанас Вангелов (р. 1946) — македонски писател Ѓорѓи Колозов (1948 - 2003) — македонски глумец Ратко Јанев — научник со светски углед во областа на атомската физика, член на МАНУ, професор, предавач и консултант на повеќе светски познати универзитети и институти Митко Караделев — македонски универзитетски професор, публицист и претседател на Македонското миколошко друштво Софија Семенпеева (р. 1982) — македонска сликарка Јова Радевска — македонска и британска пејачка

Поврзано Парк на ветерни електрани „Богданци“

Наводи

Надворешни врски

Портал на Општина Богданци Општина Богданци на дланка - 360° Визуелна прошетка

Категорија:Градови во Македонија Категорија:Општина Богданци