Тоде Илиевски — поет, писател за деца и млади, сатиричар, хуморист, преведувач, енигматичар и шаховски проблемист. Весник „Дневник“Број 2093, 18 март 2006: „Јубилеен турнир "Тоде Илиевски - 50"“Тоде Илиевски во „Литернет“Маринела Јовановиќ, Нада Филева: „Мал охридски литературно-научен лексикон“, Охрид, 2002Тоде Илиевски во PDB Објавил над 9 000 енигматски творби (анаграми, палиндроми и ребуси) и околу 450 шаховски проблеми.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 358.
Животопис Роден е на година во с. Мраморец, Охридско. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како просветен работник во повеќе места во Западна Македонија. Бил директор на Радио Дебар и на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1994 година. Учествувал во работата на редакциите на „Јужен бран“, „Спизалит“, „Радосна вест“ и „Копнежи“, а бил главен и одговорен уредник на енигматските забавници „Клуч“ и „Ѕуница“. Одделни песни му се препеани на други јазици. Застапуван е во антологии, избори и учебници. Преведува од словенските јазици.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр.100.
Творештво Илиевски е автор на следниве дела: „Ведро едро“ (поезија за деца, 1990) „Концерт за шумите“ (поезија, 1992) „Изворите во горите“ (поезија за деца, 1999) „Зелен блен“ (поезија, 2001) „8X8 by Tode Ilievski - 64 selected problems 1977 - 2002“ (шаховски проблеми, 2002) „Лов на Лебедовото Езеро“ (поезија, 2008) „Приватните библиотеки во Охрид и Охридско“ (лексикон на приватни библиотеки во соавторство со Виолета Мартиновска, 2008) „Липов чај“ (поезија за деца, 2009) „Ќерката на поетот“ (поезија, 2011) „Белиот предел“ (поезија за деца, ПНВ Публикации, 2021)
Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 111-114.
Награди Повелба на Св. Климент (за творештво, 2002) Награда на Празникот на липите (за песна, 2003 и 2006) Награда на фестивалот Славјанска прегратка – Варна (за песна, 2008) Награда на Издавачката куќа „Феникс“ (за краток расказ, 2008) Награда „Ванчо Николески“ (за најдобра стихозбирка за деца, 2010)„Нова Македонија“ број 21903, сабота 6.2.2010
Извори
Категорија:Македонски писатели Категорија:Луѓе од Мраморец Категорија:Луѓе од Охридско Категорија:Добитници на наградата „Ванчо Николески“