Сараево (, , ) — главен град на Босна и Херцеговина и нејзин најголем урбан, културен, економски и транспортен центар. Градот Сараево се состои од четири општини: Центар, Нови Град, Ново Сараево и Стари Град. Според прелиминарните податоци од пописот во 2013 година во Босна и Херцеговина, во Сараево живеат 275.524 жители., додека со околината, која вклучува дел од општината Илиџа, живеат вкупно 555,210 лицаPreliminarni rezultati Popisa stanovništva, domaćinstava i stanova u Bosni i Hercegovini 2013 . Agencija za statistiku Bosne i Herceovine..

Поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност, Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот“. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православна црква, католичка црква и џамија во иста населба.

Низ градот тече реката Миљацка, а во близина на градот се наоѓаат и изворите на реката Босна, каде се наоѓа популарното излетничко место Вруток на Босна. Градот е опкружен од Требевиќ, Јахорина, Бјелашница, Игман, Трескавица и Романија.

Градот Сараево е седиште на најголемата високообразовна институција во земјата, Универзитетот Сараево, како и голем број на други високообразовни институции, што го прави еден од најголемите универзитетски центри во целиот регион на Југоисточна Европа. Со неколку национални и градски театри, музеи и културни институции, Сараево е исто така значајно место на културната карта на овој дел од континентот.

Сараево е град со турбулентна историја, која честопати имала влијание на глобалните случувања. Така, во 1914 година во Сараево бил убиен австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд што довело до започнување на Првата светска војна. Седумдесет години подоцна, во 1984 година, во градот се одржале XIV Зимски олимписки игри. Во почетокот на 1990-тите години, името на градот Сараево било испишувано постојано од дневните весници во целиот свет, бидејќи во регионот се одвивала една од најголемите војни во најновата европска и светска историја.

Географија Местоположба

Сараево се наоѓа во географскиот центар на Босна и Херцеговина и зафаќа површина од 142 км2. Сараево се наоѓа во Сараевската долина која се протега од исток кон запад, во плодното Сараевско Поле. Централните делови на градот се наоѓаат главно во низините на Сараевско Поле, најважните предградијата на градот се наоѓаат на падините на околните ридови и планини.

Најстарите делови на градот (Вратник, Бистрик, Хрид, Ковачи, Алифаковац) се наоѓаат на падините на околните ридови. Просечната надморска височина на Сараевската област е 500 метри. Најзападната точка на рамнината е на 18°16' источна географска должина. Крајната источна точка е на 18°27' источна географска должина, најсеверната е 43°53' северна географска ширина и најјужната е 43°47' северна географска ширина.

Центарот на градот Сараево се наоѓа на надморска височина од 511 метри, додека повисоките делови на градот и предградијата на падините на околните планини лежат на просечна надморска височина од 900 метри. Градот е опкружен со олимписките планини кои достигнуваат 2000 метри висина: Бјелашница, Јахорина, Игман, Трескавица и Требевиќ.

Води

Миљацка е река која претежно се движи низ градот Сараево, од исток кон запад. Реката е долга 35,9 километри, а извира од неколку извори во подножјето на планината Романија и Јахорина. Реката Паланска Миљацка (12,9 км) извира од Пале, додека Мокрањска Миљацка извира во Кадино Село. На неколку километри источно од Сараево, во селото Довличи, овие две притоки се влеваат во реката Миљацка. Реката продолжува да тече кон запад во Сараево, каде што го продолжува своето патување до реката Босна во која се влева.

Во западниот дел на Сараевско Поле, на областа на населба Илиџа, извира една од најголемите реки во земјата која состои од повеќе мали островчиња поврзани со мостови преку бројните мали потоци и едно од најпознатите туристички места во околината на Сараево.

Освен реката Босна, Железница и Миљацка, други големи постојани потоци се Зујевина, Љубина, Мисоча, Ставња, Тилава, Добриња, Бела река, Црна река, Ракитница, Мошчаница итн..

Водопадот Скакавац, висок 98 метри, се наоѓа на 12 км од центарот на градот и е еден од природните ресурси на целата територија на Босна и Херцеговина.

Клима

Климата во Сараево е под силно влијание на континенталната клима. Просечната годишна температура изнесува 10,1 °C, додека просечните врнежи се 928 мм. Најтоплите месеци се јули и август, а најстуден месец е јануари. Најголемиот дождлив месец е јуни, а најмалиот февруари и август. Најниската измерена температура некогаш во градот изнесувала -26,8 °C (јануари) и максимална 40,0 °C (август). Најсушна година во Сараево била 2012 година, кога во градот паднале само 425 мм врнежи. Сараево има просек од околу 85 дена во годината со температури над 30 °C. Сончевите часови во градот годишно избесѕваа 1.769 часа-{Podaci FZS}-.

Историја

Антички период

Околината на Сараево била населена уште од раниот неолит. Од тоа време датира Бутмирската култура. Откритијата во Бутмир биле направени во денешното сараевско предградие Илиџа во 1893 година од страна на австроунгарските власти за време на изградбата на земјоделско училиште. Богатството на областа била привлечна за луѓето од неолитот, и самата населба била добро развиена. Во населбата била откриена уникатна керамика, преку која луѓето од Бутмир се одликуваат преку ова како единствена култура која изработувала керамика од таков вид, како што е опишано на Меѓународниот конгрес на археолози и антрополози во Сараево во 1894 година"The Culture & History" , Tourism Association of Sarajevo Canton, Посетено на 3 August 2006..

Во регионот голем белег оставила и илирската култура. Илирите во регионот живееле околу реката Миљацка и по долината на Сараево. Во овој регион живеело племето Дезидијати, кое било последното илирско племе во Босна и Херцеговина кое се спротивставило на римската окупација. Нивниот пораз од римскиот цар Тибериј во 9 година го означува почетокот на римското владеење во регионот. Регионот околу денешно сараево припаѓало на римската провинција Далмација. Римската колонија Aquae Sulphurae се наоѓала на врвот на денешна Илиџа и претставувала најважна населба во регионот на тоа време.II – PROCEDURE PRIOR TO DECISION. "Roman remains at Ilidža, the archaeological site, Bosnia and Herzegovina Commission to Preserve National Monuments, Посетено на 3 August 2006. . Регионот бил освоен од страна на Источните Готи, додека во VII век започнало населувањето на Словените"Sarajevo", New Britannica, volume 10, edition 15 (1989). ISBN 0-85229-493-X..

Врхбосански период

мини|225x225пкс|Царска џамија Словените ја населиле областа во текот на VI и VII век. Во раниот среден век, Босна била составен дел на српската држава, кое било запишано и во е толку сведок во делата на византискиот цар Константин Порфирогенит.

Во текот на XII век, Босна се стекнала со регионална самоуправа предводена од нејзините банови. Во околината на денешно Сараево постоела парохија Врхбосн. Според традицијата, најстариот христијански храм во областа бил изграден во Вруток на Босна, а папските документи покажуваат дека во 1238 година била изградена катедралната црква на Свети Павле во Врхбосна. Денеска сè уште се дебатира дали Врхбосна се наоѓа на местото на денешно Сараево.

На почетокот на XV век, регионот се нашол под постојани напади на Османлиите, кои во периодот од 1429 до 1451 година ја освоиле Босна"Sarajevo", Columbia Encyclopedia, edition 6, Посетено на 3 August 2006 и во 1463 година го основале Босанскиот санџак, додека на местото на Врхбосна бил изграден новиот град — Сараево.

Османлиски период

Сараево бил основана од страна на Отоманското Царство во текот на 1450-тите години по освојувањето на регионот, додека 1461 година се користи како датум на основање на градот. Првиот османлиски гувернер на Босна и Херцеговина, Иса-бег Исаковиќ, местото го претворил во главен град на санџакот трансформирајќи го во еден од најзначајните на Балканскиот Полуостров, преку изградба на голем број на објекти како џамии, затворен пазар, јавна бања, хотел, и седиште на управителот односно дворец („Сарај“), од каде доаѓа и денешното име на градот. Џамијата била прогласена за султанска џамија во чест на султанот Мехмед II. Во следните години, Сараево брзо прераснал во најголемиот град во регионот. Многу христијани го прифатиле исламот во тоа време. До XV век населбата била основана како град, наречена Босна-Сарај, и главните објекти биле градени околу тврдината каде денеска се наоѓа Стари Град. Името Сараево потекнува од турскиот збор сарај ovası, што значи „поле околу дворот“. Башчаршија исто така била изградена во овој период, и денеска претставува најголемо туристичко место, како и православната црква.

Во времето на Гази Хусрев-бег била изградена и Газихусревбеговата џамија, како и библиотека, медреса, саат-кула итн. Сараево станало познато по својот голем пазар и голем број џамии, кој од средината на XVI век ги имало повеќе од 100. На врвот на моќта на царството, Сараево бил најголемиот и најважен отомански град на Балканот по Истанбул. Од 1660 година, населението на Сараево се проценува на над 80.000. Спротивно на тоа, во Белград во 1838 година имало 12.963 жители, а Загреб во 1851 година имал 14.000 жители. По промена на политичките услови, Сараево станало место на постојано војување.

Во 1697 година, за време на Големата турска војна, Сараево бил освоен, ограбен и изгорен до темел од страна на Хабсбуршката Монархија на чело со Евгениј Савојски. Само мал број на населби, некои џамии и една православна црква биле поштедени. Бројни други пожари ја ослабиле позицијата на градот. И покрај тоа што подоцна градот повторно бил изграден, тој никогаш повторно не го достигнал претходното ниво на развој. До 1807 година, градот имал само околу 60.000 жители.

Во 1830 година, во текот на Големото босанско востание, околу градот се одвиле неколку битки. Тие биле предводени од Хусеин Градашчевиќ. Денес, главната улица во градот е именувана како „Zmaj od Bosne“ (Змеј на Босна) во негова чест. Бунтот бил неуспешен и Сараево заедно со Босна останал уште неколку децении во територијата на Отоманското Царство. Отоманското Царство го направил Сараево важен административен центар од 1850 година.

Австроунгарски период

Окупацијата на Босна и Херцеговина од страна на Австроунгарија започнала во 1878 година, како дел од Берлинскиот конгрес, додека целосната анексија се случила во 1908 година, но ова најмногу ги разлутило на Србите. Во текот на овој период, градот добил сосема нов изглед. Во текот на австроунгарското владеење на регионот, во Сараево биле изградени голем број на објекти како училишта, музеи, зградата на Народниот театар, пошта, болница итн. Во 1885 година бил пуштен во употреба градскиот трамвај. Архитектите и инженерите од тој период сакале од градот да направат нов модерен европски град. Пожарот кој изгорел голем дел од централното градско подрачје оставил повеќе простор за обнова на градот. Како резултат на тоа, денеска во градот може да се забележи уникатната комбинација на отоманската архитектура околу пазарот и современата западна архитектура.

Освен тоа, во текот на овој период биле изградени и неколку фабрики и голем број на институции биле модернизирани во западен стил. За првпат во историјата, населението во Сараево започнало да ја пишува на латиница., и за првпат по неколку векови, градот значително се проширил надвор од традиционалните граници. Голем дел од современата централна општина на градот (Центар) била изградена за време на овој период.

Архитектура во Сараево брзо се развила во широк спектар на стилови и згради. Катедралата на Светото срце, на пример, била изградена со елементи на неоготски стил и романика.

Иако Босанскиот вилает де јуре останал како дел од Отоманското Царство, тоа де факто важело како составен дел од Австроунгарија. Тоа траело сè до 1908 година кога територијата формално била анексирана.