Авитаминоза претставува целосен недостиг на одреден витамин во организмот. При оваа состојба се јавуваат значајни нарушувања и болести на организмот.
Типови Поради авитаминоза на некои витамини се јавуваат разни болести. Авитаминозата може да настане поради недостиг на: витамин А - настануваат ксерофталмија или ноќно слепило; тиамин - настанува бери-бери; ниацин - настанува пелагра; витамин Б12 - настанува мегалобластна анемија; витамин Ц - настанува скорбут; витамин Д - настанува рахитис; витамин К - настануваат нарушувања во коагулацијата.
Категорија:Хиповитаминози