мини|Pre-mRNA-1ysv-tubes РНК или рибонуклеинска киселина е нуклеинска киселина изградена од една полинуклеотидна низа.

Структура Рибонуклеинските нуклеотиди содржат:

Јаглехидрат - рибоза Азотни бази: Пурински - аденин (A) и гванин (G) Пиримидински - урацил (U) и цитозин (C) Фосфорна киселина.

Синтеза РНК молекулата се синтетизира на калапот од една РНК-низа (оттука и сличноста со ДНК). Според тоа, РНК - низата содржи комплементарен распоред на нуклеотидите во однос на матичната ДНК полинуклеотидна низа. Молекулите на РНК се доста различни. Така, во различни клетки на еден ист организам, па дури и во една клетка, застапени се различни видови на РНК. Во зависност од некои структурни особености и нивната специфична функција, се разликуваат повеќе видови на РНК:

Видови на РНК Рибозомска РНК, (r-RNA) - ја претставува главната маса на РНК во клетката, бидејќи е застапена со повеќе од 50% од вкупната РНК во клетката. Служи за изградба на рибозомите (откаде и името доаѓа), а се синтетизира во хромозомите на јадрото.

Транспортна РНК, (t-RNA) - служи за транспорт на одделните аминокиселини до рибозомите во цитоплазмата. Се синтетизира од ДНК-низата.

Информациона РНК, (i-RNA) - служи за пренесување на генетската информација од гените до рибозомите, за да се упати редоследот на аминокиселините (во процесот синтеза на белковини). Се синтетизира од ДНК-низата. Бројот на i-RNA молекулите е приближно еднаков на бројот на белковинските молекули кои клетката ги синтетизира.

Мали некодирачки РНК, snRNA (small noncoding RNA) - пример: miRNA (micro RNA), siRNA (short interfering RNA) кои ја регулираат генската екпресија на постранскрипциско ниво од трансферот на информациите од ген до белковина. Механизмот со кој се контролира генската експресија преку овие snRNA, е сечкање на зрелата mRNA и ултимативно доведува до синтетизирање на некомплетен и нефункционална белковина, која бива лизирана.Nature Reviews Molecular Cell Biology 4, 457 - 467 (01 Jun 2003), doi: 10.1038/nrm1129, Review Наводи <1> "Killing the messenger: short RNAs that silence gene expression" Derek M. Dykxhoorn, Carl D. Novina, Phillip A. Sharp Nature Reviews Molecular Cell Biology 4, 457 - 467 (01 Jun 2003), doi: 10.1038/nrm1129, Review

Категорија:Биохемија Категорија:Молекуларна биологија Категорија:Генетика Категорија:Нуклеински киселини