Гостивар — град во Западна Македонија во јужниот дел на Полошката Котлина. Гостивар е средиште на истоимената општина, која зафаќа површина од околу . Градот претставува административна, политичка, деловна и културна средина за околу осумдесетина илјади жители, од кои во самото градско јадро според пописот од 2002 година живеат речиси 36.000 жители, а според Пописот од 2021, 32.814 жители.

Градот претставува типична мултикултурна средина, во која живеат скоро сите националности во Македонија (Македонци, Албанци, Турци, Роми и други).

Потекло на името Гостивар мини|лево|Панорамски поглед на Гостивар од Сува Гора мини|лево|Реката Вардар во Гостивар

За потеклото на името на градот Гостивар постојат повеќе претпоставки и народни преданија и легенди. Меѓутоа, како најверодостојно може да се прифати тврдењето дека името Гостивар е од македонско, односно словенско јазично потекло. Како доказ за словенското потекло на името Гостивар може да се земе и фактот што во Чешка во рамките на главниот град Прага (области Прага 10 и Прага 15) се наоѓа населба и цел реон кој се нарекува Хостиварж (на чешки: Hostivař, изговор: (Г)хостивар(ж)) кој во минатото бил посебно населено место, а во германски записи од 12 век се сретнува под името Gostiwar. Имајќи предвид дека во чешкиот јазик мекото х е замена за гласот г (пр. Praha - Прагa) името на оваа голема населба во југоисточниот дел на Прага е всушност Гостивар, а знаењето на зборовите е речиси исто (именката гости на чешки e: hostе) може слободно да се заклучи дека името Гостивар кое се сретнува и во Македонија и во Чешка е од словенско потекло.

Во Средниот век градот бил многу посетуван од гости од сите краишта, а во летните денови по традиција, секоја година се одржувал голем трговски собир (панаѓур). Ваквата традиција продолжила и за време на Османлиското царство. Поради големата посетеност на населбата од луѓе од други краишта, гости, Турците меѓу себе, на турски, често викале „гостивар“ (гости има). Тогаш во градот имало и многу гостилници, па се претпоставува дека „гостољубивиот град“ односно „градот на гости“ станал - Гостивар. Инаку, етимолошкото значење на топонимот во науката сѐ уште не е утврдено. За време на турското владеење населбата почнала да се развива во значајно седиште на Горни Полог, наречен уште и Горна Нахија. Населението од околните рамничарски и ридско-планински села почнало да се преселува во централната населба, со што таа почнала и да расте. Во 1659 година, богатиот Мехмед-паша изградил џамија среде населбата, а околу неа подигнал и училиште и бања, а подоцна и карван-сарај и дуќани. И богатиот Агу Беќир-бег во Гостивар изградил џамија и училиште, што се наоѓале на местото на денешната Саат-кула.

мини|лево|Црквата „Света Богородица“ на плоштадот во центарот на Гостивар мини|Манастирот Св.Преображение Христово, населба Циглана Според Марко Цепенков, Гостивар бил метув на манастирите од Сува Гора (планина источно од градот) каде што се гоштевале многу свештеници, патници и намерници. Поради тоа богато гоштевање метувот го добива името Гостивар. Има и легенда која вели дека доаѓа од турско време каде што Гостивар значи "место каде секогаш доаѓаат гости". Според Турците, градот бил наречен така поради тоа што на турски зборот ВАР значи „има“, така што на тоа место секогаш имало гости. Исто така збор ВАР или Вари во сите словенски јазици означува извор или место од каде што извира голема количина на вода - вриење, а исто така означуа и бања. Како поткрепа на ова ќе го додадеме како пример градот Карлови Вари во Чешка што е во превод Бањите на Карло има и други примери во словенските земји за наставката ВАР како што се Вуковар, Карлобар во Хрватска. Што во превод од старословенски би било „Бања за Гости“. Некои научници, како рускиот професор Афанаси Селишчев, сметаат дека словенското име на градот било Костово.

Врз основа на записите на Абдулаќим Догани, Гостивар го добива името од девојката дојдена од Бар која што за место на живеење го има одбрано овој град. На локален јазик девојка е гоца и тоа од Бар (Тиват во Црна Гора), затоа произлегува името Гостивар од момата од Тиват. Веројатноста и вистинитоста на ова тврдење е многу мала, и е пред сè во контекст на големоалбанскиот национализам, односно да се потврди тезата за автохтоност на Албанците во Гостивар и другите населени места во Македонија, а и самата анегдота има многу мала логичка смисла.

Според една друга легенда, сегашното има на градот Гости-гости, настанало за време на владетелот Волкашин. Бидејќи доаѓале голем број на посетители, гости низ овие краишта, во текот турското владеење на турски го нарекувале „Гостивар“ што значи (гости има). Самото име, односно Гостивар, се нарекуваше местото на собирање на гости т.е.„Градот на гостите“. Волкашин на сите свои деца им изградил „градови“ (тврдини). На пример, на ќерката Кита и изградил тврдина во Кичево, наречена „Китин Град“ (Китинград), а на Цвета и изградил кале на Сува Гора наречена уште и „Цвета Гора“, каде што имало многу цркви и манастири. Манастирите во „Цвета Гора“ имале свои чифлици во Горни Полог (Гостиварско). Градот Гостивар тогаш бил место на Сувогорските манастири. Манастирските луѓе често ги посетувале чифлиците кај Гостивар, каде што добро биле гоштевани. Легендата вели дека по „гостувањето“ и населбата била наречена Гостивар.

Местоположба

мини|десно|Саат-кулата во Гостивар

Градот лежи во котлината Полог (Горен Полог) на надморска височина од 510 метри. Во близина на Гостивар во селото Вруток (5 км југозападно од Гостивар) се наоѓа изворот на најголемата македонска река Вардар која тече и низ самиот град кој го дели на два дела, а исто така во негова близина се наоѓа најголемиот македонски национален парк и скијачки центар Маврово. Гостивар е на 67 километри оддалеченост од Скопје, а соседни градови се Тетово на 27 километри северно и Кичево на 46 километри јужно. Гостивар е град кој со голема брзина се гради и станува еден од поубавите градови во Македонија.

Историја мини|300п|лево|Глетка од саат-кулата во централното градско подрачје

Камена епоха Според најновите податоци добиени преку археолошките ископувања на неолитските наоѓалишта Тумба кај с.Долно Палчиште (1987/88.) и Под село тумба кај с.Стенче (2000.), најстарите траги на живот во Полошката Котлина (тетовскиот и гостиварскиот крај) датирааат од пред 8000 години или поточно од 6100-тата година ст.е. Од овие наоѓалишта потекнуваат голем број ископани фрагменти, но и целосно сочувани парчиња на грнчарија, но и жртвеници и статуетки посветени на женскиот култ. На подрачјето на Тетовско, пронајдени се и многу значајни претстави на карпестата уметност како уметнички композиции поврзани со обредните ритуали.Дарко Гавровски, "Тетовски древности. Полог од Праисторијата до 7.век н.е., со посебен осврт на тетовскиот крај", Тетово, 2009..

Овој крај низ целиот неолит бил населен со носителите на културната група Анзабегово-Вршник, која била застапена и во скопскиот регион и Источна Македонија. Во раниот неолит, сепак, овој крај бил под силно влијание и на неолитскта култура Велушина-Породин од Пелагонија јужно оттука, што се гледа и преку формата на најстариот сочуван жртвеник од типот Големата-Мајка (lat. Magna Mater) пронајдена на овие простори, а откриен близу Стенче. Доцниот неолит се одликува со влијание на Винчанската култура од север. мини|Бегова куќа

Метална епоха Кон крајот на 4 милениум ст.е., започнуваат првите продори на новите доселеници, степски народи од Средна Азија- Индоевропејците, кои уништувајќи и асимилирајќи ја старата неолитска култура создаваат нов енеолитски културен комплекс на Балканот, наречен Салкуца-Бубањ-Криводол. Траги од ова ново население најдени се и во Полог (во Палчиште, Желино итн.). Оваа состојба се стабилизира во средното бронзено време кога се појавуваат првите зачетоци на балканските прото-етничките, а подоцна и пра-етничките заедници. Во овој период започнува и силен продор на материјалните обележја од југ од развиената Микенска култура, што се гледа и преку еден параден луксузен бронзен меч пронајден во Тетово, увезен токму од тие микенски центри. Иако и наредните епохи ќе бидат во знак на масовни миграции, сепак Железното Време се одликува со стабилизација, што довело до развој на трговијата. Од овој период датираат и керамичките големи питоси за житарици, пронајдени близу с.Ларце.

Во овој период, според записите на Страбон кои се однесуваат на ковницата во Дамастион, а особено според зачуваните ономастички траги од подоцнежните времиња, се гледа дека Полог бил населен од Бригите (Briges, Brigoi). Бригите биле составен дел на подоцнежните етнички заедници на Пајонците, античките Македонци, Десаретите, Едоните и Мигдонците. Дури и Пајонците, иако биле стара бронзеновременска популација, на овој дел од Балканот, имале неоспорни врски со Бригите. Пајонската и античката македонска лингвистика и ономастика покажуваат голем број глоси и имиња со бригиски корен, што упатува на фактот дека Бригите биле substratum или база во пајонското и античкото македонско етничко формирање. мини|300п|Кејот на реката Вардар во Гостивар

Рана антика Во 1932 год. блиску местото наречено Балезова Чешма, е пронајдена статуа од бронза од периодот на Агријаните, 4 век п.н.е., и претставува вреден археолошки пронајдок, најден во Тетовската околија. Статуата е со димензии 9 cm, долга и 4 cm широка, и се наоѓа во Музејот на Македонија во Скопје.

Влијанијата на грчките занаетчиски центри врз овој дел на Балканот, всушност ќе доведат до дополнителна промена на културата и начинот на живот на овдешните популации. Токму тие промени го најавуваат новиот, архајски период и преминот од епохата на праисторијата во епохата на историјата и антиката. На археолошки план овие трансформации се видливи преку новите материјални (нови типови керамика, накит и други занаетчиски производи), и духовни (нов начин на погребување: кремирање наместо инхумација, прифаќање на култовите на грчките божества) и други обележја, кои отпрвин биле прифаќани како престиж од најелитните општествени слоеви, а потоа и од останатото население, што најдобро се гледа од т.н. кнежевски гробници, од кои најпозната е онаа од Тетово, во која е пронајдена и познатата статуетка на Менада. мини|300п|лево|Домот на културата „АСНОМ“ Во минатото постоеле различни теории за тоа кое античко племе го населувало овој крај. Сепак според најновите сознанија, целиот простор на Јужна Србија, Источно Косово и Северна Македонија, вклучително и Полог, во овој период, а сè до 3 век п.н.е. бил населен од најсеверното античко-македонско (пајонско) племе Агријани (Agrianes). Ова се гледа по континуитетот во археолошките хоризонти, развиениот керамички импорт од грчкиот југ, богатите кнежевски гробници и сл. Ова племе имало свои кралеви од кои најпознат е Лангар (Langaros) кои во 335 п.н.е. му помогнал на македонскиот крал Александар III, при неговиот поход против Трибалите на север. Агријаните него го следеле и при неговиот поход низ Азија кога се покажале како едни од најбезмилосните борци во многу клучни битки, по што станале особено познати во античкиот свет.

Поради економскaта и трговска развиеност и одредени градови ковале свои автономни монети. Таков бил случајот со градот Пелагија (Pelagia) кој низ целиот 4 век п.н.е. кова свои сребрени монети во ковницата во Дамастион. Градот Пелагија се смета дека се наоѓал близу денешно Тетово, и е всушност, во урбанистичка смисла негов антички предок, од чиј назив подоцна е изведено и денешното словенско име на целата котлина Полог (Пелагија-Полог, како во случај и со Скупи-Скопје, Астибо-Штип, Тесалоника-Солун итн).