РК Вардар 1961 — професионален ракометен клуб од Скопје, Македонија. Вардар е најуспешен македонски ракометен клуб, со освоени 16 титули во македонската суперлига и 18 титули во купот на Македонија. Исто така, Вардар е најуспешен тим во регионалната СЕХА лига со освоени пет титули. Во европски рамки, Вардар е двократен европски шампион, со освоени титули во сезоните 2016–17 и 2018–19.

Клупска историја Ракометниот клуб „Вардар“ е основан во 1961 година, како дел од спортското друштво „Вардар“ и во тоа време редовно настапувал во ракометнала лига на Македонија и во Втората југословенска лига. Најголемите успеси, клубот ги постигнал по осамостојувањето на Македонија, кога започнал напредокот на клубот. Во 1997 година започнале најголемите успеси на РК „Вардар“, кој е првиот клуб што успеал да ја прекине доминацијата на РК „Пелистер“ од Битола во македонската ракометна лига. РК „Вардар“ е убедливо најтрофејниот машки ракометен клуб во Македонија, со освоени бројни трофеи во првенството и во купот. Во сезоната 2013/2014, клубот добил нова раководна структура: Нов сопственик на клубот станал Сергеј Самсоненко, а Михајло Михајловски станал почесен претседател. Како признание на остварените успеси, во 2016 година „Вардар“ ја добил наградата „13 Ноември“ која ја доделува Сојузот на спортови на град Скопје.

Вардар отсекогаш бил интересен и за странските играчи и тренери. Повеќе познати тренерски имиња биле дел од Вардар, како што се: Зоран Живковиќ, Богољуб Периќ, Драган Ѓукиќ, Драган Нишевиќ, Веселин Вујовиќ. Исто така, клубот го воделе и повеќе домашни тренери, како: Ристо Трпчевски, Лефтер Бошковски, Стојан Петрушевски, Аце Станковски, Љубомир Савевски, Ванчо Јовановски и Кире Ивановски.

Во клубот играле најголемите ѕвезди на македонскиот ракомет, како што се: Пепи Манасков, Ванчо Јовановски, Данило Брестовац, Аце Станковски, Љубомир Савевски, Драган Маринковиќ, Зоран Петковски, Горан Андоновски, Александар Јовиќ, Игор Котевски, Стевче Алушевски, Бранислав Ангеловски, Марјан Колев, Кирил Атанасовски, Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Филип Лазаров, Стојанче Стоилов и многу други македонски репрезентативци.

На 4 јуни 2020 година, клубот се пререгистрирал под името Вардар 1961. Тогаш генерален раководител бил старо-новиот сопственик, компанијата Ватростална на чело со Михајло Михајловски, која со нова управна гарнитура го презела клубот.

Настапи во македонската ракометна лига РК „Вардар“ е првиот неофицијален првак на Македонија, бидејќи во 1992 година, во времето на распадот на СФРЈ, во конкуренција на неколку македонски екипи, во турнирски систем го освои првото место. РК „Вардар“ е повеќекратен шампион на Македонија, освојувајќи го првенството 15 пати: 1998/1999, 2000/2001, 2001/2002, 2002/2003, 2003/2004, 2006/2007, 2008/2009, 2012/2013, 2014/2015, 2015/2016, 2016/2017, 2017/2018,2018/2019 и 2018/2019,2021/2022.Особено биле успешни периодот од 2000 до 2004 година, кога „Вардар“ четирипати по ред го освоил првенството на Македонија, како и периодот од 2014 до 2019 година, кога освоил пет шампионски титули по ред. Покрај тоа, клубот бил вице-првак на Македонија во сезоните: 1999/2000; 2005/2006, 2007/2008, 2009/2010, 2010/2011, 2011/2012 и 2013/2014,2022/2023,2023/2024,2024/2025.Клубот постигнал големи успеси и во Купот на Македонија, кој го освоил 17 пати: 1997, 2000, 2001, 2003, 2004, 2007, 2008, 2012, 2014, 2015, 2016, 2017 и 2018 година, а неколкупати бил и финалист: 2006, 2009, 2010, 2013 и 2019 година. Во неколку наврати, клубот ја освоил двојната круна (шампион и победник на Купот), и тоа во: 2000/2001; 2002/2003; 2003/2004, 2006/2007, 2014/2015, 2015/2016, 2016/2017 и 2017/2018. На тој начин, РК „Вардар“ е најуспешниот машки ракометен клуб во Македонија.

Сезона 2013/2014 Во сезоната 2013/2014, РК „Вардар“ не успеал да ја одбрани шампионската титула во македонското ракометно првенство. Во решавачките натпревари против РК „Металург“, најпрвин, на 2 мај 2014 година, РК „Вардар“ забележал победа од 25:24 (15:14), но подоцна, на 8 мај 2014 година, претрпел убедлив пораз од 21:30 (11:16), со што морал да се задоволи со втората позиција во првенството.

Сепак, подоцна, на 18 мај 2014 година, РК „Вардар“ го освоил Купот на Македонија, победувајќи го во финалето РК Металург со резултат 30:28 (14:11). Претходно, на патот до победничкиот пехар, РК „Вардар“ убедливо ги победил: РК „Тинекс Пролет“, со резултат 31:20 (12:9); РК „Металург Јуниор“, со резултат 36:20 (15:8); и РК „Охрид 2011“, со резултат 36:19 (18:8).

Сезона 2014/2015 И во сезоната 2014-2015, „Вардар“ го освоил купот на Македонија (десетти пат во клупската историја). Притоа, најпрвин, во полуфиналето бил победен тимот на „Зомимак“ со 46:25 (24:14), а во финалето, одиграно на 16 мај 2015, „Вардар“ бил подобар од „Металург“, победувајќи го со 26:22 (13:11). За најдобар играч на финалето бил прогласен Стојанче Стоилов, најдобар голман бил Петар Ангелов, а најдобар стрелец бил Алекс Душебаев.„Вардарци го прегазија Зомимак и се пласираа во финалето од Купот“ (пристапено на 19.5.2015)„Вардар победнички и рекордерски: Освоен 10 Куп трофеј“ (пристапено на 19.5.2015) На 1 јуни 2015 година, „Вардар“ го одиграл последниот натпревар во првенството, победувајќи го „Радовиш“ со 35:23. На тој начин, и официјално, „Вардар“ ја освоил деветтата шампионска титула и по осумгодишна пауза, повторно ја освоил двојната круна.„Вардарци ја завршија сезоната со нов пехар“ (пристапено на 6.6.2015) Истовремено, клубот се збогувал со шестмина ракометари: Стефан Терзиќ, Немања Прибак, Михаил Чипурин, Алексеј Растворцев, Добривое Марковиќ и Владимир Петриќ.„Благодарност за шестмина ракометари“(пристапено на 6.6.2015)

Сезона 2015/2016 И оваа сезона „Вардар“ ја освоил шампионската титула. Притоа, во плејоф фазата, клубот остварил десет победи од десет натпревари, освојувајќи го првото место во супер-лигата, со освоени 30 бодови. Во последното коло, на 31 мај 2016 година, во Прилеп, „Вардар“ ја победила домашната екипа со резултат 38:34 (18:15), а најефикасен ракометар бил Манасков, кој постигнал 12 гола.

Сезона 2016/2017 Во сезоната 2016/2017, „Вардар“ го освоил 12. Куп на Македонија (по четврти пат во низа) со триумфот од 31-26 (16-13) против „Еурофарм Работник“. Најефикасен ракометар во финалето бил Чупиќ со постигнати осум гола.

Сезона 2017/2018 Во оваа сезона, во фазата на доигрувањето, „Вардар“ ги постигнал следниве резултати: Дата Натпревар Резултат 24.3.2018 Охрид - Вардар 14:27 30.3.2018 Вардар - Еурофарм Р. 38:29 30.4.2018 Пелистер - Вардар 28:43 2.5.2018 Пролет - Вардар 20:30 4.5.2018 Вардар - Металург 37:18 9.5.2018 Вардар - Охрид 34:18 12.5.2018 Еурофарм Р. - Вардар 22:39 14.5.2018 Вардар - Пелистер 44:23 15.5.2018 Вардар - Пролет 38:25 30.5.2018 Металург - Вардар 29:33

И оваа сезона, „Вардар“ го освоил Купот на Македонија. Притоа, во полуфиналето, одиграно на 18 мај 2018 година, ја победил екипата на „Пелистер“ со резултат 46:27, а утредента бил подобар од екипата на „Металург“ со резултат 30:24.

Сезона 2018/2019 Во доигрувањето за титулата во македонската лига, на 15 април, „Вардар“ бил подобар од „Пролет“ (33-26), утредента ја победил екипата на „Еурофарм Работник“ со резултат 30-28, а на 29 април бил подобар од „Металург“ (32-31). Во текот на мај, „Вардар“ остварил победи и против: „Пролет“ (36-33), „Бутел“ (43-31), „Пелистер“ (31-24), „Бутел“ (28-20), „Еурофарм Работник“ (36-29), „Пелистер“ (30-26) и „Металург“ (32-29) и така ја одбранил шампионската титула, освоена во претходната сезона.

Во борбата за освојување на Купот на Македонија, „Вардар“ играл во четвртата група. Притоа, на 20 април 2019 година, „Вардар“ убедливо ја победил екипата на „Прилеп“ со резултат 45-21, а утредента бил подобар и од екипата на „Струга“ со резултат 29-24 и така се пласирал на финалниот турнир. Во полуфиналето, одиграно на 10 мај, „Вардар“ ја победил екипата на „Еурофарм Работник“ со резултат 35-30, но утредента во финалето загубил од „Металург“ (33-32). Сепак, на 18 септември 2019 година, во Суперкупот на Македонија, „Вардар“ го совладал „Металург“ со резултат 26-24.

Сезона 2019/2020

Сезона 2020/2021 Во сезоната 2020/2021, РК Вардар ги остварил следниве резултати во Супер лигата: + Резултати во Супер лигата, 2020/2021 Дата Натпревар Резултат 6.3.2021 Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 2 34 : 30 21.3.2021 Охрид - Вардар 1961 19 : 23 27.3.2021 Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 35 : 27 4.4.2021 Бутел - Вардар 1961 26 : 34 11.4.2021 Вардар 1961 - Струга 36: 22 14.4.2021 Вардар 1961 - Пролет 30 : 24 17.4.2021 Металург - Вардар 1961 27 : 31 23.4.2021 Еурофарм Пелистер 2 - Вардар 1961 26 : 33 8.5.2021 Вардар 1961 - Охрид 37 : 29 20.5.2021 Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 29 : 25 22.5.2021 Вардар 1961 - Бутел 26 : 22 26.5.2021 Струга - Вардар 1961 22 : 32 31.5.2021 Пролет - Вардар 1961 22 : 28 2.6.2021 Вардар 1961 - Металург 39 : 27

На тој начин, со еден претрпен пораз, со освоени 39 бодови и со гол разлика од 443 : 332, РК Вардар ја освоил 14. титула во ракометното првенство на Македонија (шеста по ред).

Во Купот на Македонија, РК Вардар најпрвин ги победил екипите на РК Текстилец (47-11), ГРК Тиквеш (42-24) и РК Радовиш (35-32), а во полуфиналето ја совладал екипата на РК Металург со резултат 27-22 (14-12). Најефикасни во редовите на РК Вардар биле Чупиќ и Дисингер, кои постигнале по седум и шест гола, соодветно. Во финалето, РК Вардар бил подобар од екипата на РК Еурофарм Пелистер со резултат 26-24 (16-10) и така го своил 14. Куп на Македонија. Најефикасни во редовите на РК Вардар биле Чупиќ и Дисингер, кои постигнале по седум и шест гола, соодветно. Чупиќ бил прогласен за најдобар играч на финалниот турнир, додека Борко Ристовски за најдобар голман. На 11 август 2021, РК Вардар играл во Супер купот на Македонија каде бил поразен од екипата на Еурофарм Пелистер со резултат 22-31.

Сезона 2021/2022 Во сезоната 2021/2022, РК Вардар ги остварил следниве резултати во Супер лигата: + Резултати во Супер лигата, 2021/2022 Дата Натпревар Резултат 12.9.2021 Вардар 1961 - Скопје 48 : 24 17.9.2021 Вардар 1961 - Радовиш 40 : 26 19.9.2021 Охрид - Вардар 1961 29 : 31 26.9.2021 Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 29 : 25 2.10.2021 Бутел - Вардар 1961 27 : 34 9.10.2021 Вардар 1961 - Металург 38 : 30 16.10.2021 Пролет - Вардар 1961 26 : 35 23.10.2021 Вардар 1961 - Прилеп 41 : 24 30.10.2021 Еурофарм Пелистер 2 - Вардар 1961 27 : 26 10.11.2021 Вардар 1961 - ГРК Тиквеш 34 : 27 21.11.2021 Струга - Вардар 1961 28 : 37 28.11.2021 Скопје - Вардар 1961 27 : 32 4.12.2021 Радовиш - Вардар 1961 20 : 37 11.12.2021 Вардар 1961 - Охрид 33 : 26 15.12.2021 Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 27 : 27 17.12.2021 Вардар 1961 - Бутел 36 : 21 2.2.2022 Металург - Вардар 1961 0 : 10 6.2.2022 Вардар 1961 - Пролет 34 : 22 10.2.2022 Прилеп - Вардар 1961 20 : 34 12.2.2022 Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 2 32 : 20 20.2.2022 ГРК Тиквеш - Вардар 1961 25 : 30 26.2.2022 Вардар 1961 - Струга 35 : 22

По завршувањето на редовниот дел од сезоната, во плеј-оф натпреварите, Вардар 1961 ја освоил својата 15. шампионска титула (седма по ред) при што ги остварил следниве резултати: