Матео Дармијан (роден во Лењано, Милано) — италијански фудбалер, играч од одбраната на Интер и на италијанската репрезентација.

Клупска кариера Милан Дармијан ја започнал својата кариера во екипата на Милан, приклучувајќи се во нивната младинска школа во 2000 година. На 28 ноември 2006, тој го направи своето деби за првиот тим во натпревар од Купот на Италија против Бреша, како замена за Кахабер Калаѕе на полувремето.

На 19 мај 2007, Дармијан дебитирал во Серија А, во натпреварот против Удинезе, влегувајќи како замена на местото на Џузепе Фавали. Во текот на сезоната 2007-2008 тој бил водач и капитен на Примавера тимот на Милан, а неговите добри перформанси таму му донеле уште еден настап за првиот тим во Купот на Италија. Следната сезона 19-годишниот дефанзивец, одиграл уште три првенствени натпревари за првиот тим на Милан. Тој ја завршил својата авантура во Милан со вкупно 4 настапи во Серија А и 2 во Купот на Италија

Падова На 17 јули 2009, Милан го позајмил Дармијан на екипата на Падова во Серија Б. Тој го направи своето деби на 28 ноември во поразот од Виченца со 2-1. Дармијан ја завршил сезоната со 20 настапи во Серија Б, а Падова завршила на 19-тото место на табелата, поради што морале да играат и бараж за опстанок во лигата против Триестина. Дармијан ги одиграл двата натпревари од баражот помагајќи му на својот тим да избори опстанок.

Палермо thumb|left|150px|Дармијан (лево) играјќи за Палермо против ЦСКА Москва во 2010. На 12 јули 2010 година, Дармијан му се приклучил на Палермо во пред-сезонскиот тренинг-камп во Австрија, откако Милан и сицилијанската екипа од Серија А постигнале согласност за негов трансфер со договор за ко-сопственост. Веќе следниот ден Дармијан бил претставен во клубот, а надоместокот кој Палермо го платил изнесувал 800.000 €. Дармијан го направил своето деби за росанеро на 16 септември 2010 година во натпревар од Лига Европа против Спарта Прага (2-3), во кој, исто така, го направил своето деби во европските турнири. Своето деби за Палермо во лигата го направил во четвртото коло од сезоната, влегувајќи како замена на местото на Хавиер Пасторе во победата со 3-1 над Јувентус. На 6 февруари 2011, тој го одиграл својот прв натпревар како стартер во Серија А на гостувањето кај Лече (4-2), но бил заменет уште во 33-тата минута поради повреда. Сезоната ја завршил со вкупно 16 натпревари во трите натпреварувања Серија А, Купот на Италија (каде Палермо бил финалист и загубил со 3-1 од Интер) и Лига Европа.

Торино По обновувањето на договорот за ко-сопственост помеѓу Милан и Палермо на 23 јуни 2011, на 12 јули Дармијан бил позајмен на Торино, во Серија Б. Своето деби за граната го направил на 13 август во натпреварот Торино-Лумецане (1-0) во вториот круг на италијанскиот куп; првиот гол го постигнал во натпреварот Торино-Емполи во 12-тото коло од првенството, носејќи му водство на својот тим со 2-1 што се покажало како конечен резултат и победа за Торо. Во 15. коло од сезоната во натпреварот Бари-Торино (1-1), кој се одиграл на 13 ноември 2011 година, се здобил со потешка повреда. На крајот од сезоната Дармијан со Торино изборил промоција во Серија А, откако одиграл 33 натпревари во лигата и еден во Купот на Италија.

На 20 јуни 2012 година, Палермо ја откупиле и втората половина од договорот на играчот од екипата на Милан за 500.000 евра, а потоа на 5 јули било формализирано враќањето на Дармијан во Торино со договор за ко-сопственост, откако тие купиле половина од договорот за 850.000 евра. Во текот на сезоната 2012-2013, за граната Дармијан одиграл 30 првенствени натпревари (во Серија А), и два во Купот на Италија.

По завршувањето на сезоната, на 20 јуни 2013, Торино ја решиле ситуацијата околу договорот на Дармијан во своја корист, откако му платиле на Палермо дополнителни 675.000 евра за втората половина од договорот. Севкупно, Торино платил за играчот малку повеќе од 1,5 милиони евра. Во сезоната 2013-2014, станал еден од клучните играчи на клубот и еден од главните протагонисти во најуспешната сезона на Торо во последните 14 години, заедно со напаѓачите Чиро Имобиле (најдобар стрелец во првенството за таа сезона) и Алесио Черчи. Дармијан одиграл 37 натпревари во Серија А - помагајќи му на својот тим да заврши на 7. место и да избори настап во Лигата на Европа за следната сезона, по неуспешниот обид на Парма да добие лиценца за играње на УЕФА натпревари.

Во својот прв настап за сезоната 2014-2015, на 7 август 2014 година, тој го постигнал својот прв гол во европските натпреварувања во повратниот натпревар од квалификациската рунда од третото коло на Лига Европа, кога на домашен терен Торино со 4-0 ја совладал шведската екипа Бромапојкарна; вториот дошол на 11 декември истата година, во натпреварот против Копенхаген.Archivio Toro, FC KOBENHAVN - TORINO 1-5 (1-2) Претходно на 29 октомври, Дармијан го одбележил својот прв гол во Серија А, единствениот во натпреварот со кој Торино ја победил Парма на домашен терен со 1-0. Во шеснаесттина-финалето на Лига Европа го постигнал одлучувачкиот гол кој му овозможил на неговиот тим да го елиминира Атлетик Билбао со победа од 3-2 на Сан Мамеш. На 26 април 2015, бил еден од стрелците за Торино заедно со Фабио Кваљарела, во првата победа на клубот после 20 години чекање над градскиот соперник Јувентус.

Вкупно во дресот на Торино одиграл 151 натпревар и постигнал 6 гола.

Манчестер Јунајтед На 11 јули 2015, Манчестер Јунајтед го купил Дармијан за необјавена сума која се верува дека изнесувала околу 12.7 милиони фунти. Тој го направил своето деби во Премиер лигата на 8 август 2015 година во победта со 1-0 над Тотенхем на домашен терен. По завршувањето на натпреварот, менаџерот Луј ван Гал го оценил неговиот перформанс како најдобар во натпреварот.

Репрезентативна кариера Дармијан беше дел од италијанската репрезентација под 21 година на Европското првентво за играчи под 19 години во 2008.

На 25 март 2009 тој го направил своето деби за италијанската репрезентација под 21 година во пријателски натпревар против Австрија.

После одлична сезона (2013-2014) во дресот на Торино, на 13 мај 2014 година, тој бил вклучен во провизорната листа од 30 играчи на италијанската репрезентација за Светското првенство 2014. Дармијан го направил своето деби за сениорската репрезентација, на 31 мај 2014 година, на возраст од 24 години, играјќи како десен бек во пријателскиот натпревар против Ирска (0-0), кој се одржал во Лондон. Следниот ден, тој бил вклучен во листата од 23 играчи избрани за настап на Светското првенство. На 14 јуни, тој го направи своето деби на Светското првенство, играјќи како стартер во првиот натпревар на Италија, победата со 2-1 над Англија. Тој, исто така, ги одиграл и следните два натпревари против Костарика и Уругвај, кој Аѕурите ги загубиле со идентичен резултат 1-0 и не успеале да се квалификуваат за следната рунда.

Во почетокот на 2015 година ја добил наградата Pallone Azzurro за најдобар играч на репрезентацијата за 2014 година.

Хронологија на репрезентативните настапи

Клупска статистика Статистика е ажурирана на 15 август 2015.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2006-2007 Милан А 1 0 КИ 1 0 ЛШИграчот бил на листата Б (младинци). 0 0 - - - 2 0 2007-2008 А 0 0 КИ 1 0 ЛШ 0 0 СУ+СКП 0 0 1 0 2008-2009 А 3 0 КИ 0 0 КУ 0 0 - - - 3 0Вкупно Милан 4 0 2 0 00 00 6 0 2009-2010 Падова Б 20+2Плејаут. 1+0 КИ 0 0 - - - - - - 22 1 2010-2011 Палермо А 11 0 КИ 1 0 ЛЕ 4 0 - - - 16 0 2011-2012 Торино Б 33 1 КИ 1 0 - - - - - - 34 1 2012-2013 А 30 0 КИ 2 0 - - - - - - 32 0 2013-2014 А 37 0 КИ 1 0 - - - - - - 38 0 2014-2015 А 33 2 КИ 1 0 ЛЕ 133 во преелиминарните рунди. 31 во преелиминарните рунди. - - - 47 5Вкупно Торино 133 3 5 0 13 3 - - 151 62015-2016 Манчестер ЈунајтедПЛ281ФАКуп+ЛК3+10+0ЛШ+ЛЕ6+10---391Вкупно во кариерата 192+2 0 12 0 24 3 00 234 8

Титули Манчестер Јунајтед ФА Куп (1) : 2015-2016

Надворешни врски

Матео Дармијан на soccerway Матео Дармијан на transfermarkt Матео Дармјан на espn Матео Дармијан на goal.com Матео Дармијан на whoscored Матео Дармијан на tuttocalciatori.net

Наводи

Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Падова Категорија:Фудбалери на ФК Палермо Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Парма Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Лењано