Анархизам — политичка теорија која се залага за уништување на задолжителната власт (државата) како непотребна, штетна и непосакувана и го поддржува укинувањето на сите политички, економски и општествени хиерархии.Slevin, Carl. "Anarchism." The Concise Oxford Dictionary of Politics. Ed. Iain McLean and Alistair McMillan. Oxford University Press, 2003. Таквото општество за кое се залагаат анархистите, тие го нарекуваат анархија. Анархизмот може да се дефинира и како став дека општеството може и треба да биде организирано без насилната држава. Вообичаено, анархизмот се смета за радикална левичарска идеологија. Постојат многу типови и традиции на анархизам. Анархистите имаат различни ставови за економската и правната организација на општеството: некои претпочитаат колективистички анархизам, анархосиндикализам или партиципаторна економија, додека други (како мутуализмот) поддржуваат пазарна економија и приватна сопственост, а некои (како анархокомунистите) предлагаат економија на подароци, т.е. „секому според потребите“. Уште од 1890-тите, во Франција често се користел изразот „либертеријанизам“, како синоним за анархизмот и тоа било така сè до 1950-тите, кога во САД тој збор добил поинакво значење, но надвор од САД, сѐ уште се употребува како синоним на анархизмот.

Потекло

Модерниот анархизам се раѓа од секуларната мисла на Просветителството, особено од учењето на Жан Жак Русо за моралната централност на слободата."Anarchism", Encarta Online Encyclopedia 2006 (UK version). До XIX век, зборот „анархист“ имал целосно позитивно значење, најпрвин се појавил во англискиот јазик во 1642 година, за време на Граѓанската војна во Англија, како израз злоупотребен од страна на Ројалистите со цел да ги колнат оние кои правеле безредие. До Француската револуција, некои, како Енраже, започнале да го користат изразот во позитивна смислаSheehan, Sean. Anarchism, London: Reaktion Books Ltd., 2004. p. 85., во споротивност на јакобинската централизација на власта, сметајќи дека поимот „револуционерна влада“ е оксиморон. Вилијам Годвин го развил она што многумина го сметаат за првиот израз на модерната анархистичка мисла. Годвин бил, според Петар Кропоткин, „првиот кој ги формулираше политичките и економските концепции на анархизмот, и покрај тоа што не им го даде тоа име на идеите кои ги развиваше во својата работа“. Првиот што се нарекол себеси анархист е Пјер Жозеф ПрудонDaniel Guerin, Anarchism: From Theory to Practice (New York: Monthly Review Press, 1970)., поради што некои го сметаат за основач на модерната анархистичка теорија.Daniel Guerin, Anarchism: From Theory to Practice (New York: Monthly Review Press, 1970). Прудон предлагал спонтан ред, каде што организацијата ќе се појави без централна власт, „позитивна анархија“ каде „секој го прави тоа што тој сака и само тоа што тој сака“ и каде „самите деловни трансакции го произведуваат општествениот ред“. Како Годвин, така и Прудон се спротивставувал на насилната револуционерна акција. Тој ја гледал анархијата како „форма на власт или устав во кои јавните и приватните свесности, формирани преку развојот на науката и законот, се доволни за одржување на редот и гарантирање на сите слободи. Во тоа, како последица, институциите на полицијата, превентивните и репресивните методи, официјалноста, даноците, итн. се сведени на минимум. Во тоа, особено формите на монархија и интензивна централизација исчезнуваат, за да бидат заменети со федерални институции и шеми на живот засновани на комуната“. Под „комуна“, Прудон подразбирал локално самоуправување или според буквалниот превод, „општина“, наместо комунистичко уредување.

Анархистички школи

Индивидуалистички анархизам Индивидуалистичкиот анархизам се состои од неколку традиции кои го заземаат ставот: „поединечната свест и потрагата на личниот интерес не треба да бидат ограничени од ниту едно колективно тело или јавен авторитет“. Индивидуалистичкиот анархизам се залага за тоа да сопственоста биде во приватни раце, за разлика од Социјалниот анархизам каде се предлага заедничка сопственост над средствата на производтсво. Индивидуалистичкиот анархизам е најзастапен во идеите на Вилијам Годвин, Хенри Дејвид Торо и Џосаја Ворен. Еден од најпознатите пропоненти на индивидуалистичкиот анархизам е Макс Штирнер, кој го напиша делото „Егото и неговото себство“ во 1844. Штирнеровата филозофија беше егоистична форма на поединечниот анархизам, според која единственото ограничување на правата на поединецот е неговата моќ да задржи тоа што посакува, без да се зема предвид идејата за Бог, за државата или моралните правила. Штирнер предлагаше самонаметнување и предвидуваше „асоцијација на егоистите“ со почит кон грубоста што ја носеа луѓето со себе.

Мутуализам Мутуализмот започнува во XVIII век во англиските и француските трудови движења пред да заземе анархистичка форма асоцирана со Пјер Жозеф Прудон во Франција и САД. Мутуалистичкиот анархизам накратко се залага за: слободно здружување, доброволни договори, федерација, кредитна и курсна реформа преку „банките на народот“. Фирмите би биле принудени да се натреваруваат за работниците, како и работниците да се натпреваруваат за фирмите, со што ќе се зголемуваат платите. Мутуализмот ретроспективно е окарактеризиран како идеолошки ситуиран помеѓу индивидуалистичките и социјалните форми на анархизмот. Прудон отпрвин ја опишал неговата цел како „трета форма на општеството, синтеза на комунизмот и сопственоста“.

Социјален анархизам Социјалниот анархизам е другата половина на анархизмот. Терминот „Социјален анархизам“ се користи за да се идентификуваат комунитарните форми на анархизмот што ја нагласуваат соработката и заемната помош во општеството. Социјалниот анархизам се состои од колективистички анархизам, анархокомунизам, анархосиндикализам, општествена екологија и анархофеминизам.

Колективистички анархизам thumb|200px|Михаил Бакунин Колективистичкиот анархизам (специфична тенденција која не треба да се помеша со широките категории на социјалниот анархизам, бидејќи често се прави споредбата на поединецот наспроти колективот) е револуционерна форма на анархизам често поврзувана со Михаил Бакунин и со Јохан Мост. За разлика од мутуалистите, колективистичките анархисти се спротивставуваат на сета приватна сопственост над средствата за производство, наместо тоа тие предлагаат дека сопственоста треба да се колективизира. Ова беше иницирано преку мали групи со помош на терористички мерки. Или Пропаганда преку дело, која ќе ги инспирира работниците како целина да се бунат и со сила да ги колективизираат средствата на производство. Сепак колективизацијата не треба да се прошири до дистрибуцијата на приходите, бидејќи работниците ќе плаќаат со времето со кое ќе работат, наместо да добиваат производи според нивните потреби како што е во анархокомунизмот. Иако колективистичките анархисти се залагаат за компензација на трудот, некои се држат за можноста на постреволуционерна транзиција во комунистички систем на дистрибуција според потребите. Колективистичкиот анархизам се појави истовремено со марксизмот, но се спротивставуваше на марксистичката „диктатура на пролетеријатот“, и покрај марксистичките цели на колективистичко бескласно општество.

Анархокомунизам

Анархокомунистите предлагаат општество кое е составено од бројни самоуправувачки комуни со колективна употреба на средствата на производство и директна демократија како политичка организациска форма, и поврзување со останатите комуни преку федерација со што би се добило најслободна форма на општествено организирање. Сепак, некои анархокомунисти се спротивствауваат на просто-мнозинската демократија, и се залагаат за консензуална демократија.thumb|left|Петар Кропоткин Во анархокомунистичкото општество, поединците нема да примаат директен надомест за трудот, туку тие ќе имаат слободен пристап до ресурсите и вишокот на комуната. Според анархокомунистот Петар Кропоткин и подоцна Мјуреј Букчин, членовите на едно такво општество спонтано ќе го изведуваат сиот потребен труд, бидејќи тие ќе ги увидат придобивките на комуналната претприемчивост и заемната помош. Кропоткин сметаше дека приватната сопственост е една од причините на угнетување и експлоатација, и повикуваше на нејзино напуштање, предлагајќи заедничка сопственост. Платформизмот е анархокомунистичка тенденција во традицијата на Нестор Махно кој сметаше дека постои „витална потреба од организација која ќе ги привлече сите учесници од анархистичкото движење и ќе се воспостави заедничка тактичка и политичка линија на анархизмот и оттаму ќе служи како водич на целото движење“.

Анархосиндикализам right|thumb|Анархосиндикалистичко знаме Во раниот дваесетти век анархосиндикализмот се појави како посебна школа во рамките на анархизмот. Со поголем фокус на трудовото движење одошто претходните форми на анархизмот, синдикализмот позиционира радикални синдикати како потенцијална сила за револуционерна општествена промена, заменувајќи го капитализмот и државата со ново општество, демократски самоуправувано од страна на работниците. Анархосиндикалистите сакаат да го напуштат системот на плати и приватната сопственост на средствата на производство, кои според нив водат кон класни поделби. Важни принципи на синдикализмот се работничката солидарност, директната акција (како генералните штрајкови и окупирања на работните места), и работничкото самоуправување. Анархосиндикализмот и другите гранки на анархизмот не се заемно исклучиви: анархосиндикалистите често се залагаат за анархокомунистички или анархоколективистички економски системи. Неговите адвокати предлагаат дека трудовото организирање е средство за создавање на нехиерархиско анархистичко општество внатре во сегашниот систем и на тој начин да се поттикне општествената револуција. Рудолф Рокер беше влијателен анархосиндикалистички мислител кој ги подвлече ставовите за потеклото на движењето во неговиот памфлет од 1938 Анархосиндикализам. И покрај тоа што најчесто движењето е поврзано со трудовите борби на раниот дваесетти век(особено во Франција и Шпанија), многу синдикалистички организации се активни денес, обединети преку националните граници со членство во Интернационалната работничка асоцијација.

Неодамнешни равиени школи на анархизмот(по 1960-тите) Анархизмот продолжува да генерира многу еклектични и синкретични филозофии и движења; со заживувањето на анархизмот во 1960-тите, бројни нови движења се појавуваат и школи. Такви движења се анархофеминизмот, анархопримитивизмот, зелениот анархизам, постанархизмот и постлевичарскиот анархизам. Постлевичарскиот анархизам е тенденција која се дистанцира од традиционалната левица. Постлевичарите сметаат дека анархизмот е ослабен од неговите долги обиди да се спои со левичарските движења и повикуваат на синтеза на анархистичката мисла и особено антиавторитарно револуционерно движење надвор од левичарското миле. Постанархизмот е теоретски потег кон синтеза на класичната анархистичка теорија и постструктуралистичката мисла развиена од Сол Њумен и поврзана со мислители како Тод Меј, Џил Делеуз и Феликс Гаутари. Теоријата влече од широк спектар на идеи како автономизмот, послевичарскиот анархизам, ситуационизмот, постколонијализмот, запатизмот. Друга скорешна форма на анархизам, критична на формалните анархистички движења, е Востаничкиот анархизам кој се залага за неформална организација и активен отпор кон државата; дел од неговите пропоненти се Волфи Лендстрајхер и Алфредо Бонано. Анархокапитализмот не е дел од анархизмот бидејќи не е антикапиталистички настроен. Анархокапитализмот е екстремна верзија на неолиберализмот. Како што Национал-социјализмот не може да се смета за дел од социјализмот, така и анархокапитализмот не може да се смета за дел од анархизмот.

Анархофеминизам left|thumb|Анархофеминистичко знаме