Соработната програмска опрема (други називи: колаборативен софтвер од англ. collaborative software или групна програмска опрема од англ. groupware) е поим за програмска опрема предвидена за да им помага на луѓето вклучени во проект со заедничка задача да ги постигнат своите зацртани цели. Соработните програми се основата за сметачки поддржана кооперативна работа.

Дефиниција

Соработката е рекурзивен процес при кој две или повеќе поединци (во денешно време може да стане збор и за информациски системи) работат заедно со цел за пресретнување на одредени заеднички цели, процес кој е креативен со многу трансфер на знаење, учење и градење на одреден консензус.

Соработката не бара водачи и најчесто доведува до подобри резултати преку децентрализација и еднаквост. Поточно екипите кои работат соработно можат да добијат поголем број на ресурси, афирмација и награда при натпреварување околу ограничена количина на ресурси. Во рамките на соработната средина, повратната информација и итерација им овозможуваат на членовите од екипата да:

продолжат со серија од чекори (итерации) вклучувајќи постојано подобрување на меѓусебната работа, учејќи еден од друг наспроти работа во изолација, менувајќи го начинот на работа и резултатот од работата, несомнено произведувајќи производ кој е подобар и поголем од она што би го постигнале работејќи самостојно.

Треба да се направи јасна разлика помеѓу поимите 'соработка' и 'интеракција'. Интеракција претставува акција кон некого или нешто, додека соработка е работа 'со' или 'заедно со' некого или нешто. Треба да се обрне внимание на делот 'заедно со' бидејќи тој ја карактеризира соработката.

Одредени методи на соработка бараат одредена самокритика на однесувањето и комуникацијата. Овие методи се трудат да го зголемат успехот на екипите бидејќи водат кон соработно решавање на проблемите. Форми, графови, графикони се корисни во овие ситуации за објективно да се документираат достигнувањата со цел за подобрување на перформансите на моментален и наредни проекти.

Во поширока смисла друштвената програмска опрема се однесува за системи кои се користат надвор од работното време како на пример сервиси за online dating services и социјални мрежи како Friendster, Orkut и Facebook. Студиите на компјутерски поддржаната соработка вклучува и проучување на ваков софтвер и општествените појави поврзани со истиот.

Намерата на дизајнот е да се трансформира начинот на кој документите и богатите мултимедијални податоци се делат со цел да се овозможи поделотворна и поефикасна екипна соработка. Примери за ваква програмска опрема се AirSet, Alfresco, Collaber, Documentum, Google Docs, IBM FileNet, Microsoft Exchange Server, Microsoft Office Communication Server, Microsoft Office SharePoint Server, Microsoft Groove, NetResults Tracker, Lotus Notes/Domino, Vignette Collab, Subversion, CVS (Concurrent Versions System) и други.

Со развојот на семрежните технологии како што се Пајажина 2.0 и Enterprise 2.0, неизбежен е развојот на нови соработни технологии. Појавата на нови бесплатни и семрежни прилози кои овозможуваат размена, уредување, коментирање и следење на групни активности во голема мерка ја помагаат и потикнуваат соработката, како на пример блоговите, разни видови на википролози и социјални мрежи.

Двигатели на соработка

Важни двигатели кои влијаат на успешната соработка се: Комуникација Управување со содржини Контрола на работниот тек

Секој од овие двигатели има свои алатки преку кои се поттикнува соработка.

Комуникација помеѓу учесниците во соработкатата е клучна бидејќи овозможува размена на информации, пренесување на искуства и способности. Притоа разликуваме синхрона и асинхрона комуникација. Кај синхроната комуникација учесниците мора да се среќаваат во исто време, но не и на исто место. Асинхроната комуникација подразбира различно место и различно време.

Алатките за електронска комуникација служат за размена на пораки, документи, податоци или податотеки со што го олеснуваат процесот на делење на информации. Примери:

Конференциски повици Електронско писмо Факс Вики Дискусиони форуми Алатки за разговарање (chat) Team surveys

Управувањето со содржини во соработните системи овозможува избегнување на конфликти со останатите учесници, следење и запишување на промените и работата на сите, како и доделување на соодветни улоги и права за управување со содржините. Во зависност од степенот на контрола над содржините кои се делат се разликуваат алатки за управување со содржини без контрола, за управување со верзии и за контрола на верзии. Примери за алатки за управување со содржини:

Деливи опслужувачки простори за податотеки GoogleDocs & Spreadsheetshttp://docs.google.com/ Microsoft Groove Microsoft SharePoint Portal

Алатките за работни текови овозможуваат автоматизирање на процесите кои се од интерес за соработка со вклучување на учесниците во одредени точки на нивното извршување. За да се обезбеди успешно одвивање на овие полуавтоматизирани текови потребно е да се воспостави контрола на работниот тек.

Класификација

Бидејќи соработните системи се комплексни и интероперабилни, а во нив спаѓаат повеќе навидум различни системи, на нив може да се гледа од повеќе аспекти, што ќе донесе и повеќе поделби. Сепак, најчесто се користи поделбата според учесниците и носителите на интеракциите во системот. Според оваа поделба, соработката може да биде:

Помеѓу машини. Кај овој вид на соработка трансакциите се извршуваат помеѓу уреди или прилози без неопходно човечко присуство. Како примери можат да се наведат: сервисно ориентирани архитектури (англиски: SOA, Service Oriented Architectures) и генерички интерфејси. Човек-машина. Пример за ваква соработка е: вграденот компјутер на автомобилот го известува корисникот дека постои некаков дефект и каков сервис треба да се посети, автоматски зема податоци за слободни термини од овластениот сервис, а потоа му дава можност на корисникот да го одбере посакуваниот термин и најпосле самиот компјутер закажува термин. На корисникот му преостанува само да го однесе автомобилот на сервис во закажаниот термин. Помеѓу луѓе. Кај овој вид на соработка на двата краја од трансакциите во системот се јавуваат луѓе. Ваквите соработни системи овозможуваат директна комуникација и соработка помеѓу луѓето и во нив спаѓаат сите системи што се наведени во долната табела.

Соработка помеѓу луѓе

right

Една можна поделба е според типот на технологија:

семрежни мобилни.

Друга можна поделба е според нивното место во организацијата:

задолжителни, неформални, волонтерски.

Според методот соработните алатки помеѓу луѓето се делат на:

Веб засновани соработни алатки и Програмски соработни алатки

Според областа која се опслужува се делат на:

Алатки за управување на знаењето Алатки за создавање на знаење, Алатки за делење на информации и Алатки за соработно управување со проекти.

Сепак, највообичаена и најчеста поделба на соработните системи кои обезбедуваат соработка меѓу луѓето е според местото и времето на нивно користење.

Соработката помеѓу луѓето е множество од најмалку шест моќни идеи кои го менуваат начинот на кој луѓето комуницираат меѓу себе:

поединечна продукција и содржина генерирана од корисникот, искористување на силата и интелигенцијата на народот, енормна количина на податоци, концепт на „архитектура на учеството“ ефекти од омрежување, отвореност.

Воедно истите овие идеи се и основа на Web 2.0 - збирка на сервиси обезбедени со користење на современи семрежни технологии кои обезбедуват платформа за градење на заедници преку кои се обезбедува дополнителна вредност на самите корисници на сервисите.

Web 2.0 (според Tim O'Reilly) е деловна револуција во компјутерската индустрија предизвикана од придвижувањето кон семрежјето како платформа, и претставува обид за разбирање на правилата за успех на оваа нова платформа. Глвно правило овде е: гради прилози кои ги користат ефектите од вмрежувањето со цел да станат подобри и користени од повеќе корисници.

Web 2.0 мрежното место им овозможува на корисниците да комуницираат и да соработуваат едни со други како творци на кориснички генерирани содржини во виртуелната заедница, за разлика од обичните мрежни места каде корисниците се ограничени само на пасивно гледање на содржината која е поставена за нив. Примерите за веб 2.0 можат да бидат најразлични, од обични портали за поставување на текстуални или мултимедиски содржини (блогови или видео блогови) преку семрежен прилог|семрежни прилози кои обезбедуваат соработното градење на содржини со одредени онтолошки структури за опис на нивната содржина слични на википедија, сè до посложени сервиси. Web 2.0 континуирано ги подобрува инфраструктурните технологии на содржинска синдикација, опслужувачка програмска опрема, постапки со пораки, проширувања и приклучоци за прегледувачи и многу други клиентски прилози. Web 2.0 страните имаат различни комплементарни методи за чување на информации, создавање на содржини и нивна дистрибуција што е многу полесно отколку во претходната Web 1.0 платформа. Основни својства или техники што се вклучуваат во Web 2.0 се:

Каскадна стилска страница (CSS) - за подобра презентација и одвојување на содржината Фолксономии - за соработка во друштвена класификација, означување и индексирање Микроформати - за експандирани страни со дополнителна семантика REST или XML - за JSON-заснованите API-ја Техники на збогатен семрежен прилог - како Ajax, Flex, или Flash засновани Семантички исправни XHTML и HTML Агрегација, Синдикација и објавување на податоци за RSS/Atom Спојување на содржина, mash-ups, client and server side Алатки за објавување на блогови Википрограми и форумски програми - за поддршка и поттикнување на корисниците да создаваат свои содржини Социјални мрежи и мобилни социјални мрежи - за меѓусебно поврзување на корисниците и на нивните создадени содржини

Соработка на организациско ниво

Обично организациите претпочитаат методи на работа кои може лесно да се измерат и управуваат, меѓутоа парадоксот на оработката, иако е неформална и немерлива, лежи во тоа што најчесто самите учесници во оработката знаат кој е најпогодниот начин за завршување на одредена задача, и со тоа воведуваат делотворно извршување на задачите кое е подоцна мерливо. Од менаџерска гледна точка многу често се поттикнува соработка врз основа на тоа што произведува поголема продуктивност од алтернативните формални начини на работа. Суштината на оработката е можноста придонесот на една група кон организацијата да биде поголем од сумата на сите поединечни делови.

Како пример на следната листа се прикажани активности кои зависат од соработка:

менаџмент на промени, организационен дизајн, иновации, учење и развој, маркетинг, проектен менаџмент, програмска опрема и ИТ

Иако соработката не е витална компонента на една успешна организација во многу случаи токму ваквите активности одиграле многу важна ако не и круцијална улога во создавањето на голем број успешни проекти како на пример Firefox, Linux и Wikipedia.

Виртуелни организации

Виртуелни организации се компании кои ја користат современата информатичко-комуникациска технологија за реализација на секојдневната работа. Виртуелните организации се дистрибуирани во време и простор, односно функционираат од различни оддалечени географски локации и во различно време. Ваквите организации имаат флексибилна организациона структура која овозможува луѓето од различни екипи да работат на исти или различни проекти. Менаџерската поставеност во виртуелните организации е децентрализирана и претставува мешавина од традиционални менаџерски вештини и нови вештини за управување со проекти, технологија, луѓе и знаење со помош на придобивките на современите технологии. Сите овие одлики на виртуелните организации овозможуваат динамична, флексибилна и ефикасна работа на различни проекти.

Workflow