Апоскеп (, Апоскепос) — село во Општина Костур во Костурскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 5 километри северозападно од градот Костур во Костурската Котлина, во историско-географската област Пополе, на јужниот дел од Нередска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 792 метри.

Историја

Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население селото е наведено под името Пескопос со 10 семејства на Никола, Јано, Јорг, Петро, Михо, Којос, Доброслав, Јорг, Алекса и Душман, и една вдовица Кала. Вкупниот приход на империјата од селото бил 686 акчињаОпширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 122.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Апоскеп се состоело од 90 семејства со 290 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Апоскеп 740 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 912 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 180-181..

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Апоскеп се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 114 куќи.

Според грчката статистика од 1902 година селото имало 107 семејства, од кои 66 егзархиски и 41 патријаршиско. Во селото работело грчко и бугарско училиштеМакедонски дневник (спомени на отец Търпо Поповски), Издателство „Фама“, София, 2006, стр. 47-48..

Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски, додека 15 лица биле убиени кај местото КовачоМакедония и Одринско (1893-1903). Мемоар на вътрешната организация, София 1904, стр. 202.„Автономия“, №39, цитирано по: Тзавела, Христофор. Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев, София, 2003, стр. 22..

Според грчката статистика од 1905 година селото имало 320 жители Македонци и 300 Грци. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 150 македонски семејстваБистрицки. Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 6..

Во текот на Втората балканска војна, селото настрадало и било окупирано од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија и Бугарија.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 465 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 333 жители.

Демографија

Во 1928 година селото броело 360 жители., додека во 1940 година селото броело 377 жители.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови.

Селото во пописот од 1951 година броело 270 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 234 жители, во 1971 година имало 189 жители, во 1981 година имало 192 жители, додека во 1991 година имало 166 жители. Денеска, населението на селото е 135 жители според пописот од 2001 година.

Личности Родени во Апоскеп Александар ПанајотовМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 530. Анастас Л. Цинзов (1873 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 791. Можеби идентичен со Анастас Лазаров. Анастас Лазаров (1873 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 400. Апостолос ЛукарисΜάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 71. Благој Србев (1888 - 1913)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 684. Вангел Димитров (1880 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 214. Глигор Зисов (? - 1913) Григор Димитров (1893 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 216. Зисо Голио Иван Хадџмангов Киро СтојановМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 672. Крсто Панајотов (1894 - 1975)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 531. Ламби ХристовМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 772. Ламбо Манолов (1881/1882 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 421. Ламбро Динев (? - 1913)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 240. Никола Хр. АлексовМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 19. Панајот Атанасов (1892 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 69. Панајот Божинов (? - 1913), Панајот Робев (? - 1913) Петар Кузов (1887 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 393. Стојан Бакалов (1866 - ?) Трпена Узунова Фотиос Пападимитриу (? - 1912) Лазар Наум Божиновски — македонски револуционер.

Наводи

Категорија:Костур (општина)