Брезница (, Ватохори; до 1927 г. Μπρέσνιτσα, Μπρενίτσα, Бресница, БреницаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπρένιτσα -- Βατοχώριον) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 24 жители (2021), сите Македонци.

Географија и местоположба Селото се наоѓа 43 км југозападно од Лерин и 29 км северно од Костур. Лежи на северното подножје на планината Орлово во областа Корешта, на надморска височина од 880 м. Покрај самото село тече Брезничка Река.

Историја Османлиско време Во XV век во Брезница по име се евидентирани 104 глави на домаќинства.Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника" се вели дека во 1873 г. Брезница (Breznitza) е село во Костурската Каза со 145 домаќинства и 380 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109. Во 1880-тите Стефан Верковиќ наведува 180 семејства.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Брезница имала 620 жители Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 266.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Брезница се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 102 куќи.

Веќе на почетокот на XX век грчката пропаганда во селото прилично ослабнала, за сметка на тоа бугарската јакнела. Според грчки податоци, во 1902 г. во селото имало 60 жители под врховенството на Цариградската патријаршија и 40 жители под Бугарската егзархија, а во 1903 г. 65 од првите и 45 од вторите. По Илинденското востание, на почетокот на 1904 г. селото целосно потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.Христо Силянов. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр. 125. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Брезница живееле 816 Македонци и 12 Власи, и работело бугарско училиште.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp 182-183. Според Георги Константинов Бистрицки Брезница пред Првата балканска војна имака 180 македонски куќи.Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 6.

Брезница настрадала од нападите на грчките андартски чети во 1905 г.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 211.

На почетокот на април 1908 г. турската власт извршила рација за претрес на селото, подложувајќи го населението на измачувања и насилство.Одрински глас, брой 15, 20 април 1908, стр. 4.

Припојување кон Грција мини|десно|250п|Одликување на војници на Антантата во Брезница како примаат одликувања од генералот Адолф Гијома, 1918 г. Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 761 жител. Во 1927 г. грчките власти ја преименувале Брезница во Ватохорион. Пописот од 1928 г. вели дека во имало 605 жители.

Втора светска и Граѓанска војна За време на Втората светска војна во април 1941 г. Бугарите го заземаат местото, создавајќи чета на паравоената организација „Охрана“.Добрин Мичев. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.) Во 1917-18 г. Боривое Милоевиќ завел 130 македонски куќи.

Брезница многу настрадала во Граѓанскатата војна, па добар дел од населението се иселило во Р. Македонија и источноевропските земји. Покрај тоа, во 1960-тите години селото го зафатил масовен бран на иселување во прекуокеанските земји и затоа денес населението е многу мало во однос на тоа пред Граѓанската војна.

Население

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Смрдеш со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Брезница, каде е единственото населено место.

Стопанство Во селото се одгледуваат разни земјоделски култури и особено квалитетен грав.

Личности Андон Жајков (Αντώνιος Ζάικος) — гркомански андарстски деец, убиен или изгорен жив со синот Лазар (Λάζαρος), исто така андартΜάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 166. Иљо Кољов (1925-1948) — комунистички деец Јован Жајков (Γιάννης, Ιωάννης Ζάικος) — гркомански андартски деец од втора класа, довереник на Германос Каравангелис и Коте Христов, син на Андон и брат на Лазар, учесник во месниот грчки комитет Кано Тодоров Кочовски (?-1907) — деец на ВМОРО, водел битка со турската војска во селото, па се самоубилМакедонски Алманах, Индианополис, 1940 г., стр. 47Илюстрация Илинден, година ХІІІ, февруари 1941, книга 2 (122), с. 12. Кољо Косовски — деец на ВМОРО, војвода на центарска чета во Илинденското востаниеНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 82. Коста Костадинов (1922-1947) — комунистички деец Панајот Јончев (1877-?) — деец на ВМОРО Петре Жогов (1921 - 1948) — комунистички деец Петар Попгеоргиев (Πέτρος Παπαγεωργίου) — гркомански андартски деец, член на месниот комитет Стерјо Николов — иселенички деец во САД Цветко Панов (?-1904) — деец на ВМОРО Христо Бељо (1934-1949) — комунистички деец Христо Попгеоргиев (Χρήστος Παπαγεωργίου — гркомански андартски деец, член на месниот комитет Христо Спасков (1865-1901) — револуционер на ВМОРО Јане Панов — деец на ВМОРО, војвода на Брезничката чета во Илинденското востаниеНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001. Филип Шашко (р. 1936) — историчар и универзитетски професор

Наводи

Категорија:Преспа (општина)