Виница — град во источниот дел на Македонија, сместен во југоисточниот дел на Кочанската Котлина и центар на Општина Виница.
Потекло на името Според најновите истражувања името на градот Виница уште не е во целост разјаснето. Во јавноста погрешно беа толкувани записите од теракотните икони, во кои името Виница се поврзуваше со името Винеа.
Радмило Петрович во трудот Армонија Латина дал свои толкувања со проблемот на локализирање на градовите Астибо, Келендин, Армонија, Запара и Транупара. Посебно внимание обраќа на местоположбата на градот Армонија за кој смета дека е градот Виница, над кој како фортификација се издига Виничко Кале. Според него името на градот е од тракиско потекло, кое Турците кога дошле во овие простори го измениле, бидејќи не го знаеле вистинското значење на името на градот, тие го поврзале со најсличниот турски збор - Арамија (некој шо прави лоши дела). Подоцна непосредно бил преведен на локалниот јазик со исто значење Виница - Вина.Р.Петрович,2001,8-15
Маријан Јованов во своето излагање Културно наследство дава толкување за името на градот. Според различните толкувања за правецот на патот Стоби - Пауталија, тргнувајќи од оригиналната варијанта на картата Табула Путенгеријана, која била корегирана во 1916 и во неа биле недоследно заменети местоположбите на Астибо и Транупара и според најновите археолошки откритија во Делчево, тој смета, дека под бројните ранохристијански остатоци требе да се бара Транупара, а на Виничкото кале античкиот град Астибо.
Неговото објаснување го аргументира; ако Транупара ја лоциравме во Крупиште, следните 20 милји по Табулата не доведуваат на местоположба на денешна Виница. Овде на наоѓалиштето Кале се наоѓаат маркантни наоди од укрепена населба од раноантичко време, која зафаќа површина од 3,5 хектари (денес веќе 11 хектари). Камените дробилки за руда зборуваат ѕа рудничко - металушка дејност, како причина за подигање на раноантичка населба на ова наоѓалиште, а сребрените тетрадрахми на Филип 2 укажуваат на неговото датирање. Во 4 век оваа населба добила бедеми градени со малтер, а во 6 век и раниот среден век добила уште повеќе на значење, прераснувајќи во еден културен центар за што сведочат бројните базилики. Следејки ги растојанијата на Табулата и археолошките остаотоци на теренот, на ова наоѓалиште би требало да се наоѓа станицата Астибо.Марјан Јованов, 2002
Според локалната легенда името настанало во период од неколку сушни години кога наместо со вода, куќите биле градени со вино.
Историја мини|лево|Теракотна икона 41-ви псалм Давидов, V-VI век Подрачјето на Виница било населено во времето на неолитот (од 12 до 6 век п.н.е.), според пронајдените материјали од Виничко Кале и околните археолошки наоѓалишта. Во антиката, подрачјето го населиле Пејонците. Сегашниот град потекнува од Византиска тврдина, која била центар на производство со вино. Лозовите насади на виничкиот рид биле напуштени по 1980 кога поактивно започнале археолошките истражувања.
Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население во вилаетот Кратово 1618 - 1619 година, е забележано како село Виниче со 55 домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, стр. 253. Во списокот на селата на немуслиманските домаќинства во истиот вилает од 1637 година, регистрирани се 31 домаќинство во Виниче.Турски извори за българската история (т. VIII), предговор и съставителство Е. Грозданова, издание на Главно управление на архивите при Министерския съвет, Архивите говорят, т. 13, София 2001, стр. 52.
Евлија Челебија во втората половина на 17 век, за ова мало место забележал: „Патувајќи четири часа низ гори и планини, пристигнав во Виница, познато место по големиот пазар на земјоделско-сточарски производи. Местото го викаат Јени-пазар (Нов-пазар)“. Поради овој голем и богат пазар со стока, кој инаку се одржувал секоја недела, Виница подолг период била именувана токму во белешките на Челебија.
мини|десно|Виница во почетокот на XX век Како поголема селска населба се развила во XIX век кога била формирана чаршијата и кога станала трговски и пазарен центар за селата од левата страна на Брегалница. Богатиот сточен пазар и одржувањето на два панаѓури годишно овозможило во населбата да постојат покрај повеќето трговски и занаетчиски дуќани и 10 анови. Како резултат на економскиот подем во 1858 година во Виница била изградена голема и убава црква посветена на св. Арахангел Михаил. Во 1870 година, Виница имала 200 куќи со околу илјада жители. Во годините од 1894 до 1897 година Виница, во периодот од активностите на револуционерната организација на Македонија, служела како главен пункт и канал на Тајната македонско-одринска револуционерна организација (ТМОРО), но и како складиште за оружје и муниција и архивски материјали. Во Виница од 1897 година, луѓе кои немале заеднички идеи со револуционерното дело на организацијата, влегле во Виница, ја нападнале куќата на Ќазим-ага. Оваа бандитска група ја ограбила куќата на агата, а него го убила. Веднаш по овој настан, Турците ја провалиле Организацијата, додека над стотина жители од Виница и околните места биле заробени, измачувани и испратени во заточеништво. Овој настан во историјата на Македонија е познат како „Виничка афера“.Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр. 19
Населението во Виница стагнирало сè до крајот на Втората светска војна, за потоа да почне да се наголемува, а најголем пораст забележало во периодот по 1971 година кога населбата била прогласена за град.
Местоположба мини|лево|Црквата „Св. Архангел Михаил“
Градот Виница се наоѓа во подножјето на планината Плачковица (највисок врв: Лисец, со височина од 1.754 м), на 395 метри надморска височина, на јужните брегови на реките Брегалница и Осојница, во југоисточниот дел на Кочанскaта Котлина, во непосредна близина и со поглед кон Осоговските Планини на север и планините Голак и Обозна на исток. Градот е оддалечен 10 километри југоисточно од најблискиот град Кочани, 25 километри југозападно од Македонска Каменица, 38 километри југозападно од Делчево, 43 километри северозападно од Берово и 45 километри североисточно од Штип. Низ градот течат и повеќе помали реки, меѓу нив и реките Виничка и Градечка. Градот Виница е познат по историската римска тврдина Виничка тврдина, која се наоѓа на ридот над градот. Во неа се пронајдени познатите ранохристијански теракотни икони.
Култура
Културни манифестации Меѓународен филклорен фестивал „Истибанско Здравоживо“ Фестивал на хумор и сатира „Ин Виница Веритас“
Во Виница има две основни училишта ОУ „Славчо Стојменски“ и ОУ „Гоце Делчев“, едно средно училиште СОУ „Ванчо Прке“ и градската библиотека „Ванчо Прке“ која е изградена во 1946. Во градот дејствува и домот на културата „Тошо Арсов“ кој е центар на сите културни случувања, кино сала, детска градинка, здравствен дом, базен, метеоролошка станица, музеј „Теракота“ и центар за образование на деца и млади. Во гардот има три православни цркви, градската црква посветена на “Св.Архангел Михаил„, црквата “Св. Јоаким„ во Јакимово и црквата во изградба „Св. Апостол и Евангелист Лука“. Заштитник на градот Виница е Свети Павле, на кого има посветено параклис пред општинската зграда. Во Виница дејствуваат две музички групи, Распеани Виничани, Јана, и фолклорна група Китка.
Во околината на Виница и во самиот град постојат следниве археолошки наоѓалишта: мини|Панорама на Виница
Виница, средновековна населба. Пазариште, населба од римското време. Виничко кале, утврдена населба од доцноантичкото време. Горица, населба од доцноантичкото време и старохристијанска базилика. Ила, некропола од железното време.
Население
Според отоманските документи од 1618 година, во селото Виница имало 55 домаќинства.
Списокот на немуслимански домаќинства од 1637 за истото село е 31 домаќинство.
Според бугарскиот етнограф Васил К’нчов во 1900 година Виница имала 1320 жители од кои 840 Македонци христијани и 300 Турци.К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 226.
Според останатите бугарски извори во 1905, Виница имала 944 жители Македонци христијани, а во 1916, населението броело 1114 жители, од кои 681 Македонец, 250 Турци и 183 Роми муслимани.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 132-133.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 242.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.150 Македонци, 100 Турци, 100 Власи и 200 други жители.
Во 1971 бројот на населението во Виница бил 5.993 жители, во 1981, 8.494 жители, а во 1991 во градот имало 10.424 жители.
Според пописот на населението од 2002, Виница имала 10.863 жители.
Етнички групи
Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 10.863 жители и спаѓал во групата на средни градови. Етнички гледано, населението е составено од:
Народ ВкупноУдел (%) Македонци 9.246 85,11 Турци 256 2,36 Роми 1.209 11,13 Власи 111 1,02 Срби 20 0,18други 21 0,19
Јазик
Во градот се зборуваат следниве јазици:
Јазик ВкупноУдел (%) македонски 9.290 85,52 турски 280 2,58 ромски 1.157 10,65 влашки 92 0,85 српски 17 0,16 други 27 0,25
Вероисповед
Во Виница се застапени следните религиски групи:
Вероисповед ВкупноУдел (%) православни 8.989 82,75 муслимани 1.452 12,24 католици 10 0,09 протестанти 7 0,06 други 405 3,73
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Виница:
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Вкупно 1948 — — — — — — — — — 2.568 1953 2.420 3 119 399 55 11 — 35 — 3.042 1961 3.388 0 201 — — 20 — 439 — 4.048 1971 4.953 6 241 608 — 19 — 166 — 5.993 1981 6.986 0 248 1.044 96 32 — 52 — 8.458 1991 8.647 1 247 1.291 116 25 — 37 — 10.364 1994 8.687 0 217 885 128 27 — 27 — 9.971 2002 9.246 0 256 1.209 111 20 0 21 — 10.863 2021 6.769 2 165 581 77 14 0 50 926 8.584
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Стопанство Главни гранки на стопанството во Виница се земјоделството и текстилната индустрија. Најмногу се одгледува житната култура ориз, која е значителна за Виничко-кочанската Котлина. Во минатото населението се занимавало со одгледување на грозје и производство на вино. Од индустриските гранки најзастапени се текстилната и мебелната индустрија, а во Виница има и фабрика за призводство на земјоделска механизација „Агро Бар“ и фабрика за покривен цреп „Тондах“. Меѓу поголемите претпријатија се „Виничанка“, „Винка“, „Трико“, „Треска“ и „Мебел-Ви“. Во градот има голем број на продавници, кафулиња, ресторани, ноќен клуб и три хотели.
Според општинскиот гласник, во Виница има 4.000 вработени лица.
Природни богатства
Градот располага со богат растителен и животински свет. Подрачјето овозможува одгледување на култури, како што се оризот, пченицата и пченката, а во повисоките подрачја е богат со пасишта и шуми. Градот има богати насади со дрво од вид топола и орев. Виница е богата со термоминерални води, а подрачјето на градот Виница содржи голем број минерали, како што се: интрузивните камења - гранит, кварц, момирок, глина, карбонат (лапорец), азбест и железо. Шуми 21,732 ХА Пасишта 11,894 ХА Обработлива површина 9,341 ХА
Медиуми Во Виница има и една радио станица, “Радио Лакоста“.
Спорт Виница има еден фудбалски клуб, кој бил формиран во 1934 г, под името „Плачковица“. Клубот подоцна се викал Слога Виница, а денеска се вика „ФК Слога 1934“. Во Виница има и Кошаркарски клуб „Славчо Стојменски“, карате клуб „Блатец“ и бадмингтонски клуб „Винчини“. Градот поседува спортска сала, стадион, и градско капалиште со два базени.