мини|десно|280п|Кичево на картата на Општина Кичево. Кичево — град во западниот дел на Република Македонија и административно седиште на истоимената општина. Градот претставува административен и економски центар на областа Копачка, а лежи под југоисточните падини на планината Бистра. Кичево е оддалечено 110 километри од Скопје, а се наоѓа на речиси половина пат меѓу Гостивар (46 километри) и Охрид (61 километар). Градот Кичево со својата местоположба претставува еден од најважните сообраќајни и транзитни центри во Западна Македонија.
Потекло на името Кичево
Кога дошле Словените во овој крај основале нови населби. Во тоа време најверојатно бил основан и денешниот град, кој, како населено место првпат се споменува во една повелба на византискиот цар Василиј Втори од 1018 година со топонимот Кицавис. Во текот на средниот век градот бил споменуван и со формите Китсавин и Китчавин (Кичавин) и се наоѓал во состав на Охридската архиепископија. Охридскиот архиепископ Теофилакт населбата ја споменувал со топонимот Киттава, а византискиот хроничар Акрополит градот Кичево го именувал со формите Кицавин и Кицавеос. Во 1316 година во близината на градот Кицавис (Кичево) бил изграден манастирот „Св. Пречиста“ во кој некогаш престојувале и се школувале нашите први преродбеници Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ.
Кога дошле Турците во Кичевско кон крајот на 14 век по смртта на Крали Марко, Кичево како населено место се споменува во еден пишан документ од втората половина на 15 век. Познатиот турски патописец и географ Хаџи Калфа го посетил градот во првата половина на 17 век и го спомнал со формите Фирџова, Фирчова (Фирчово), Кирчова (Кирчово). Од овие форми се претпоставува дека бил добиен топонимот Крчово (населба во крчевина). Со името Крчово населбата била спомната и во еден ферман на султанот Селим Трети од 1798 година и тоа како каза (околиско место) – Крчовска каза. Во средниот век, за време на кралот Милутин била употребувана формата Кичава. Вук Караџиќ ги споменува формите Крчево и Кичава. Со името Крчево во шеесеттите години на 19 век го споменува и рускиот научник А. Гилфердинг. Австрискиот патописец Ј. Г. Хан во една географска карта од 1867 година градот го спомнува со формата Криштево. Се претпоставува дека денешното име на градот потекнува од формите: Кицавис, Кирчово, Крчово или Крчево.
Народните легенди поинаку го објаснуваат денешното име на градот Кичево. Според легендата на Марко Цепенков, името на Кичево го поврзува со тврдината над градот што ја изградил Волкашин за ќерка му Кита. (сестра на Крали Марко) . По нејзиното име тврдината (калето) била наречена Китино Кале, односно Китин Град. Подоцна под Китино Кале била основана населба која според името на Кита (Ките, Киче – нагалено) била наречена Кичево. алт=Kičevo|лево|мини|Булеварот „Ослободување“ - главната улица во Кичево
Историја на Кичево Античка и средновековна историја Во близина на денешното Кичево постоел град уште во античко време, познат под името Ускана. Оваа населба е првпат спомената во времето на владеењето на античкиот македонски владетел Персеј. Во тој период градот имал значајна улога во македонско-римските војни (170-169 г.п.н.е.). За време на римското владеење котлината во која е сместена денешната населба била добро населена за што сведочат археолошките остатоци. Римјаните во овој дел на Македонија изградиле и патишта. Се претпоставува дека римската населба била разурната од катастрофален земјотрес во 518 година.
Се знае дека на Кале е подигнат крајпатен кастел (тврдина) за време на Римјаните кој служел за контрола на прастариот пат Скупи-Лихнид. Дали претходно тука постоела тврдина, не е сигурно. Патот поминувал во подножјето на калето, токму каде што денес поминува главната улица. Со време под калето и по должината на античкиот пат почнале да се населуваат луѓе и се оформила мала трговска населба. Со време прераснала во мало гратче. Животот бил убав. Животот бил богат. Со варварските наезди (Готи, Хуни, Авари, Бугари, Словени) веројатно и животот во самата населба замира, а и храмовите се веројатно уништени. Во 7 век се населуваат Словените. Овие векови наизменично се менувале бугарската и византиската власт. Познато е постоењето на склавинијата Берзитија. Со рехристијанизацијата на овие територии настанува симбиоза на населението и животот повторно почнува да цути. Со тоа и обновувањето на средновековната населба. и на трговската маршрута север-југ. Се обновуваат и храмовите. За време на Цар Самоил Кичево веќе бил голем воен кастрон (град) и веројатно броел над 5.000 жители и воена посада на калето. Цивилниот живот се одвивал долу во чаршијата. Во 1015-1018 година Кичево (Китсавин) повторно потпаѓа под византиска власт. Кичава функционирала низ вековите како византиски кастрон (од 10 до 13 век), кој ги контролирал патиштата на периферијата на царството, во насоката на честите српски упади од север. Во вековите што следат, градот потпаѓал под српска, бугарска, епирска власт. Византијците го преземаат повторно после Пелагонската битка за во периодот меѓу 1282 и 1297 година да го освојат Србите (крал Милутин). Во средниот век споменатите територии потпаѓаат под средновековната српска држава, што се потврдува со даровницата на Кралот Милутин кој во 1294 го опсипал со подароци манастирот Свети Ѓорѓија во село Кнежино. Кичево во овие години е веројатно запалено (барем тврдината). мини|248x248пкс|Некогашната саат-кула во Кичево
Османлиско владеење
Кичево и Кичевско потпаѓаат под турска власт во 1385 година. По освојувањето, градот бил претворен во воен и административен центар. Во ранотурско време во тврдината Кичава била сместена стража. Во втората половина на XV век, поточно во 1476 година, управител на Кичевската нахија бил Али-бег, а Кичево бил економски и административен центар на самата нахија. Кичево во овој период имало 217 куќи. Градот како стопански и административен центар на нахијата, попримајќи турски елемент, од ден на ден ја менувал физиономијата и сè повеќе добивал ориентален изглед.Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани,2004,стр.34
Со сè поголемиот прилив на странски капитал кон крајот на XIX век, Отоманското Царство пројавило интерес за експлоатација на рудните богатства во овој регион, особено за бакарот и манганот, а во градот се започнало со градителски и комунален развој. Во подножјето на Кичевското Кале бил подигнат градски часовник, а во центарот на градот била изградена убава чешма и била донесена вода за пиење.
Со ширењето на христијанството на овие простори се градат и првите цркви во доцноантичко и средновековно Кичево. Познато е постоењето на 3 цркви кои низ времето биле уривани, а се изградени веројатно во доцната антика и раното средновековие и сите три се наоѓаат на просторот кој сите го знаат како чаршија: Св. Петка , денес не постои. Се наоѓала на просторот на денешната градска џамија, со доаѓањето на Османлиските Турци е разорена. Постарите кичевчани имаат раскажано дека за време на помал земјотрес од ѕидовите на џамијата паднал малтер и се појавиле фрески. Постои веројатност дека џамијата е изградена врз темелите на уништената црква (околината на црквата) или понатаму, барем еден ѕид од старата црква да влегол во состав на новиот објект на џамијата. Самата џамија е сондирана од археологот Гордана Спасовска и не се пронајдени никакви материјални докази за постоење на црква во рамките на објектот на џамијата. Тоа значи дека остатоците би можеле да се бараат некаде во околината. А и не е невозможно материјалот од кој е градена старата црква Св. Петка да е употребен за изградба на џамијата. Св. Апостоли Петар и Павле , постои и денес, изградена (и доградувана) е на темелите на постара црква (средновековна/доцноантичка). Околу црквата порано се наоѓале градските гробишта кои денес не постојат. Со изградбата на новите придружни објекти на денешната црква се откриени гробови. Белата мермерна плоча на прагот на црквата е веројатно надгробна плоча која при изградбата на денешниот храм, од незнаење е поставена тука. На само дваесет метри од црквата се наоѓаат римските гробишта, веднаш во подножјето на калето. Во црквата веројатно навратувале и патниците кои оделе по стариот пат зашто црквата се наоѓа веднаш до него. Денес црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ претставува единствениот христијански храм во Кичево. Св. Димитрија , денес не постои. Била малечка, можеби и првоизградена црква, барем така изгледала во средниот век.
Англичанецот Едмунд Спенсер бил капетан и многу патувал, пред сè, во разузнавачки цели. Во 1850 година ја посетил и Македонија. Поминал крај Кичево. Интересно е што во својот патопис Спенсер наведува дека Кичево е местото каде порано се наоѓал градот „Скиртијана“. Познато е дека во Кичевската Котлина се наоѓал древниот град Ускана (Хискана), чија локација сè уште не е точно утврдена. Изворот за овој податок не е наведен, но е доста интересен. Еве што друго пишува Едмунд Спенсер за Кичево во својот патoпис:
„Напуштајќи ја прекрасната долина на Дреска, поминавме преку планината на пат за Критчово, древната Скиртијана, која денес претставува мало село што нема повеќе од стотина куќи. Се почувствувавме меланхолично гледајќи го прекрасниот и простран басен во кој беше сместено селото, каде што почвата очигледно беше мошне плодоносна, но малку обработена. Неколку напуштени села беа расфрлани во околината покажувајќи дека оваа област мора некогаш да била место каде што се одвивал некој смртоносен судир, а тоа било неодамна. Критчево е сместено во подножјето на еден планински венец, не многу висок, овде-онде покриен со шума, претставувајќи еден освежителен предел во овие области на Македонија, каде студениот гол камен често е главната одлика на пределот; иако овие планини некаде испреплетени со бројни плодни површини, мали долини или клисури, каде што течат водите на Зајас, Карасу, Кандрису и на неколку помали реки се влеваат во реката Вардар, сепак се чини дека земјата е добро прилагодлива за земјоделство; сепак единствените жители кои ги сретнавме на нашиот пат беа неколкумина номади со нивните стада.”
150п|мини|лево|Македонец од Кичево, Битолски Вилает, слика од рускиот весник „Весник и библиотека за самообразование“ од 1903 година
Спенсер го посетил Кичево во еден од најтешките периоди низ кој поминал градот. Имено во годините непосредно пред да помине тука, Кичево било арена на еден од многуте крвави судири во Османлиското Царство, кои се јавиле како последица на ослабнувањето на централната власт во Истанбул, а јакнењето на локалните паши, бегови, кои почнале да се одметнуваат. Во тоа време господар на Кичево бил Абди-бег, веројатно лојален на султанот. Абди-бег бил убиен од страна на Хамза-паша од Скопје, кој потоа се населил во тврдината на Китино Кале, по што почнал страшен терор врз месното население. Се зборува дека во тврдината го опслужувале дури 400 слуги. Кога Ајредин-паша успеал да го порази Хамза-паша и да го заземе повторно Кичево, тврдината била запалена и разрушена. Потоа животот почнал да се враќа во нормала. Сево ова се случувало за време на одметнувањето на Али-паша – Јанински, во првата половина на 19 век, време кога се случува феудална анархија во Османлиското Царство. Како причина било искористено укинувањето на јаничарскиот ред во 1826 година од страна на султанот Махмуд II, по што голем број на турски феудалци се одметнале и почнале со масовен терор во областите каде владееле. Поради тоа населението сè повеќе ги напуштало селата преселувајќи се во градовите. Едмунд Спенсер несомнено бил сведок на периодот после феудалната анархија во Кичево.
Во век, Кичево било центар на Кичевската Каза, во Отоманското Царство.