Сузан Бојл (англ. Susan Boyle) е шкотска пејачка и црковен доброволец која го привлече вниманието на пошироката светска јавност на 11 април 2009 година, кога се појави како кандидат-натпреварувач на шоуто Britain's Got Talent (или Британија има талент). Бојл ја стекна славата кога ја испеа песната "I Dreamed a Dream" од мјузиклот Les Misérables, во првиот круг од натпреварот.
Пред да ја испее песната, публиката и жирито изразија скептицизам, кој го основаа првенствено на нејзиниот надворешен изглед. Меѓутоа, поради нејзината вокална изведба, таа стана позната во Британија како "Жената која го заќуте Сајмон Коуел". Таа доби стоечка овација од публиката, како и позитивни коментари од Коуел и Аманда Холден, како и "најголемото да кое сум го дал на било кој" од страна на Пирс Морган. Аудицијата се одржа во јануари 2009 година во Клајд Аудиториумот во Глазгов, Шкотска и најпрво беше емитувана во сабота, 11 април 2009 во Велика Британија.
Спротивноста на тоа како првично беше прифатена од публиката и жирито со нејзиниот глас даде светски интерес. Се појавија статии за неа во сите светски весници, а бројот на гледаност на видеото со нејзината аудиција постави онлајн рекорд.
Наводи
Категорија:Британски музичари Категорија:Шкотски музичари Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1961 година