Борис Костадинов Сандански — роден на во Ново Село, некогашно маало на Гара Пирин (денес град Кресна). Потекнува од родот Сандански, а неговите корени се од маалото Шемето на село Влахи, крај Сандански андак во Санданското маало. Син е на Костадин Лазаров Сандански (од Санданското маало) и Злата Харалампиева Дулева од Дулевото маало на село Оштава. Од 1946 годин живее во Гара Пирин (Кресна). Завршил средно образование во економскиот техникум „Иван Илиев“ во Благоевград 1953 година. Периодот 1955 - 1957 го поминал во бугарската касарна во тенковско одделение, каде што бил командир на тенк. Работил на певеќе места како сметководител и други. Оженет за Богданка Вангелова (1940-2002). Имаат една ќерка - Снежана.

Културна дејност Учествувал во певеќе самоорганизирани театарски претстави. Повеќе од 20 години бил во управата на читалиште „Култура“, во кое направил музеј во 1978 година. Членувал во Општинскиот совет за култура и во раководтвото на локалната фудбалерска екипа. На двапати е избиран за општински советник, а тоа 1987-1991 и 1995-1999. Во 1984 година создава нумизматичко друштво „Нејне“, на кое е и претседател. За културна дејност е награден со орден „Св.св.Кирил и Методиј“,а пак својот принос кон напредокот на туризмот е прогласен за „Заслужил дејател на Бугарскиот туристички сојуз“. Исто така му е доделен и медал „Алеко“. Од 1963 година пишува поезиљ, хумор, новинарсто и историја. Член е на Друштвотона писателите-Благоевград, на сојузот на писателите-земјоделци во Бугарија. Од 1980 година е член на Бугарскиот земеделски народен сојуз и од 1982 година претседатл на организацијата. Подоцна е член на СДС. Со падот на комунизмот откриено се изјаснува како Македонец, поради што е обвинет дека краде историски предмети од музејот и разрешен од работа, истражуван од полицијата и суден, но оправдан. Симпатизер на ОМО Илинден - Пирин и припадник на Македонскиот академски клуб на Друштвото за бугарско-македонско пријателство и редовен автор на неговиот Билтен. Прогласен за почесен граѓанин на градот Кресна .

Творештво Негови творби се презентирани по радио „Софија“, радио „Благоевград“, радио „Геја“. Печатени се во списанијата „Пламен“, „Септември“, „Пламенче“, „Читалиште“, „Художествена самодејност“, „Естрада“, „Турист“, „Наша родина“, „Природа и знание“, „Заштита на природата“, „Географија“, „Бугарски профсојузи“ . Исто така се печатени и во весниците „Ехо“, „Труд“, „Вечерни новини“, „Стршел“, „Кооперативно село“, „Земеделско знаме“, „Пулс“, „Народна младеж“, „Литературен фронт“ и други, како и во регионалните весници „Пиринско дело“, „Пирин њуз“, „Југозападни вести“, „Запад“, „Струма“ и други. Има издадени 27 книги:

Кресненски пролом Софија, 1978 Средна Струма Софија, 1982 Низ северен ПиринСофија, 1983 Со братски труд Благоевград, 1983 Прегратка од планини Благоевград, 1984 Незгасливи светлини Благоевград, 1984 Сандански Софија, 1987 Симитли Софија, 1987 Земја кресненска Благоевград, 1989 Црквите в Кресненско Благоевград, 1992 Перун Благоевград, 1995 Мерудија за всичко Софија, 1995 Влахи Благоевград, 1996 Духовни тврдини Благоевград, 1997 Стара Кресна Благоевград, 1998 Кресненски ритуали Благоевград, 1998 Љутиви приумици Благоевград, 1999 Горна Брезница Благоевград, 1999 Оштава Благоевград, 2000 Свети места Благоевград, 2000 (заедно со д-р Христо Тасев) Ново село Софија, 2001 Кресна во два милениума Благоевград, 2001 Будилци Благоевград, 2003 Енциклопедија „Кресненски крај“ 2003 Струмјани нив вековите 2003 За кресненското востание Пирин пее за Гоце и Јане Благоевград, 2007

Поврзано Јане Сандански Петар Сандански

Надворешни врски Собир на ОМО Илинден - Пирин за 130 години од Кресненското востание Македонски академски клуб

Категорија:Бугарски писатели Категорија:Македонци во Бугарија