Олишта (дијалектно: Олишча; , Мелисотопос; до 1927 г. Χόλιστα, ХолистаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Χόλιστα – Μελισσότοπος) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 20 километри источно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Пополе во јужните делови на Нередска Планина и на 10 километри североисточно од Горенци. Селото се наоѓа на надморска височина од 732 метри. Над селото се наоѓа манастирот „Свети Врач“.

Историја

Во XV век во Кономлади биле евидентирани 160 глави на домаќинстваГандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Олишта се состоело од 40 семејства со 150 жители муслимани и 400 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Олишта имало 390 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.. Во 1902 година наставникот Илијас Папанастасиу пишува дека 30 од 70-те семејства во селото поминале под влијание на Бугарската егзархија. Кон крајот на март 1903 година во селото бил ракоположен егзархиски свештеник.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Олишта се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 67 куќи.

Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, биле изгорени 3 од 90 куќиЧекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, стр. 294.. Според друг извор селото не настрадало, а во него засолниште нашле побегнатите семејства од Загоричани и Б’мбокиИлюстрация Илинден, бр.136, стр. 14.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 546 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и работело бугарско училиштеBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181., како и 496 македонски патријаршистиMapping Migration in Kastoria, Macedonia. Sidiroxori.. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 90 македонски семејстваБистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски нападиСилянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 220.

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 412 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 286 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Мелисотопос.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 45 деца од селото биле протерани како деца бегалци

Демографија

Во 1928 година селото броело 336 жители., додека во 1940 година селото броело 362 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 233 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 243 жители, во 1971 година имало 210 жители, во 1981 година имало 203 жители, додека во 1991 година имало 212 жители. Денеска, населението на селото е 199 жители според пописот од 2001 година.

Културни и природни знаменитости мини|десно|Црквата „Св. Спиридон“ Цркви „Св. Атанасиј“ од XIX век „Св. Спиридон“ од XIX век

Манастири Олишки манастир („Св. Врач“) од 1457 г.

Личности

Ангелина Кузова Валчева (р. 1924) Васил Јанков (1875 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 821. Велика Христова Попова (р. 1921) Димитар Иванов (1887 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 282. Георги КировΜάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 86. Елефтера Кузова Скеклиова (1928 - ?) Костадин Николов (1883 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 507. Спиридон Попхристов (1887 - 1964) Спиро Кузов (1887 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 393. Тома Алеков Скеклиов (1924 - ?) Фана Аргирова Шопова (р. 1920) Фана Григорова Гошева (р. 1913) поп Христо Поп-Михајлов (1857 - 1930)

Наводи

Категорија:Костур (општина)