Радигоже или Чифлик (, Агија Ана; до 1928 г. Ραδιγκόσδι, Радигосди) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 31 жител (2021) и до денес е целосно населено со Македонци.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Нестрамкол, на 18 км југозападно од градот Костур, на еден км североисточно од селото Нестрам, на надморска височина од 840 м. Селото е сместено на левиот брег на Стенска Река, на која е расположен Радигошки Водопад.

Историја

Во Отоманското Царство Во османлиски дефтер од XV век во Радогожд по име се заведени 54 глави на семејствата. Во даночните записници од средината на XV век Радогожде е споменато со 13 глави на семејства и една вдовица: Никола, Јано, Стајо, Мано, Тодор, Јорг, Стајко, Андрија, Јорг, Никифор, Михо, Стајко, Димо и Мара. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 976 акчиња.Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје 1973, стр. 100

Во XIX век Радигоже било македонско чифлигарско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак. Поради тоа што селото било чифлик на турски бег, било познато под името Чифлик или Голем Чифлик.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Радигоже се води како две чисти македонски села во Костурската Каза, Горно Радигоре со 3 куќи и Долно Радигоре со 18 куќи.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Радигоже имало 85 жители, сите Македонци.

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Радигоже имало 144 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.182-183. Според грчки извори, во 1905 г. во Радигоже имало 150 жители „Грци“.

Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 15 македонски семејства.Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 137 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 111.

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Радогош имало 15 куќи на словени (Македонци) христијани.

Во 1926 година, името на селото било променето во Агија Ана (Αγία Άννα).

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа.

Стопанство Селото е сиромашно. Населението произведува ограничено количество жито, ореви и друго.

Население Денес населението на Радигоже останува целосно македонско.

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Нестрам со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Нестрам, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Нестрам, во кој влегуваат и селата Нестрам, Јановени, Слимница, Пилкати, Омотско, Стенско и Тухол.

Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — парохиска црква Црква „Св. Никола“

Природни Радигошки Водопад — водопад на Стенска Река, 3 км југозападно од селото

Личности Родени во Радигоже

Кузман Кирјаков — револуционер, деец на „Охрана“ Манчо Будур (~1751 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г. Пано (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г.

Наводи

Категорија:Нестрам