Галишта (дијалектно: Галишча; , Оморфоклисија; до 1926 г. Γκάλιστα, Галиста)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Ομορφοκκλησιά — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 20 километри северно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Корешта на десниот брег од реката Бистрица. Селото се наоѓа на надморска височина од 888 метри.
Историја
Во XV век во Кономлади биле евидентирани 39 глави на домаќинстваГандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989. Селото се споменува во отомански дефтер од 1530 под името Галиште со 205 христијански и 5 муслимански семејства.Harun Yeni,Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, стр. 114.. Името на селото исто така е споменато во XVI век во Слепченскиот поменик како Галишта.
Во 1684 година Галишта, заедно со црквата „Св. Ѓорѓи“ и селото Чука со манастирот Свети Архангел биле придадени на манастирот „Пресв. Богородица Мавровска“.D. M. Nicol. Two Churches of Western Makedonia, во: Byzantinisch Zeitschrift, t.49. pp. 99-100, 1956.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Галишта имало 160 муслимани и 600 МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 266.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 720 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 220.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Галишта се води како мешано македонско-турско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 130 куќи. Треба да се напомене дека тогаш исламизираните Македонци биле нарекувани „Турци“.
Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 228 жители Грци, 180 Македонци и 350 Турци. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 100 македонски семејства и 50 муслимански семејстваБистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади..
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 763 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 596 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Оморфоклисија.. Според едни извори, во 1928 година биле населени 113 бегалци, додека според други 32 семејства со 118 жители.
Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупаториМичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.), но имало случаи и на репресија од страна на партизаните на ЕЛАСДаскалов, Георги. Клио срещу Темида. Антон Калчев – хуманист или военнопрестъпник“, Военно издателство, София, 2013, с. 104. През зимата на 1942-1943 г. цялото население на селото е подложено на инквизиции, а някои жени - и на гавра.. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 21 деца од селото биле протерани како деца бегалци
Демографија
Во 1928 година селото броело 406 жители., додека во 1940 година селото броело 569 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 270 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 251 жител, во 1971 година имало 153 жители, во 1981 година имало 87 жители, додека во 1991 година имало 109 жители. Денеска, населението на селото е 47 жители според пописот од 2001 година.
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Ѓорѓи“ од XIII век
Личности
Родени во Галишта Вангелија Десподова (р. 1941) — македонски филолог Васил Иванов (1882 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 276. Дамјан СидовМарков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 165. Иван Христов (1889 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 767. Илија Атанасов (1887 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 64. Кољо Галушниски (1887 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 137. Леонид Костов (1892 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 373. Мељо Јанушев Пандо Термовски (1907 - 1946) Ставре СиромаховМарков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 136. Стерјо Лаков Штерјо Пасков (1891 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 541.
Наводи