Орман или Чифлико (, Неа Левки или Κάτω Λεύκη, Като Левки, до 1928 Ορμάν, Орман)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Σιδηροχώρι — село во Општина Костур во Костурскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 5 километри западно од градот Костур и Костурското Езеро во Костурската котлина. Традиционално, селото Орман е дел од соседното село Жупанишча до 1960 годинаhttp://fos-kastoria.blogspot.mk/2013/11/blog-post.html. Според старата црква посветена на Света Троица е крстена поранешната општина Света Троица. Селото се наоѓа на надморска височина од 640 метри.

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Орман се состоело од 48 семејства со 160 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 106-107. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Орман имало 265 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 266..

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Орман се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 15 куќи.

Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, биле опожарени 20 куќи, додека нема официјален број на загинати или убиени.Чекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, стр. 294..

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 96 Македонци под врховенството на Бугарската егзархијаBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 182-183.. Според грчката статистика од 1905 година во селото живееле 60 Македонци. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 20 македонски семејстваБистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8..

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 178 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 95 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Неа Левки .

Селото не настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители од соседните села во Орман нашле засолниште

Демографија

Во 1928 година селото броело 267 жители., додека во 1940 година селото броело 946 жители. На следните пописи, селото се евидентира заедно со жителите на Жупанишча.

Личности десно|мини|Христо Ѓамов Родени во Орман Апостол Томов (1877 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 717. Димитар АлексиевМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 16. Димитар ШалапутовKoliopoulos - Plundered Loyalties, New York 1999, pp. 71 Живко Анастасов (1881– по 1943) — револуционер од ВМОРО Павел Николов (1893 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 509. Трпо Шалапутов (1876 - 1939)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 802. Христо Шалапутов

Починати во Орман Трпо Шалапутов (1876 - 1939)

Наводи