Камерун (), офиц. Република Камерун () — држава во Централна Африка. Се граничи со Нигерија на север; Чад на североисток; Централноафриканската Република на исток; Екваторска Гвинеја, Габон и Република Конго на југ. Крајбрежјето на Камерун лежи на заливот Бијафра, дел од Гвинејскиот Залив во Атлантскиот Океан.

Службени јазици во Камерун се францускиот и англискиот. Државата често се нарекува „Африка во мало“ поради својата геолошка и културна разновидност. Некои од природните одлики вклучуваат плажи, пустини, планини, прашуми и савани. Највисоката точка лежи на околу 4100 метри и се наоѓа на планината Камерун во југозападниот регион на државата, додека најголемите градови во однос на број на жители се Дуала на реката Вури кој воедно претставува главен економски град и главно морско пристаниште, Јаунде, главниот политички центар и Гаруа. По независноста, новообединетата нација се придружила на Комонвелтот, иако поголемиот дел од териториите претходно биле германска колонија и по Првата светска војна, француски мандат. Државата е добро позната по своите оригинални стилови на музика, особено макоса и бикутси и по успешната фудбалска репрезентација.

Најраните жители на територијата ги вклучува цивилизацијата Сао околу езерото Чад и ловечкото племе Бака во југоисточната прашума. Португалските истражувачи пристигнале на брегот во 15 век и ја нарекле територијата Rio dos Camarões (Реката на шкампи), што подоцна станало Камерун во англискиот и другите јазици. Фуланските војници го основале Емиратот Адамава на север во 19 век и различни етнички групи на запад и северозапад воспоставиле моќни водештва и фонови. Камерун станал германска колонија во 1884.

По Првата светска војна, територијата била поделена помеѓу Франција и Обединетото Кралство како мандатна територија. Политичката партија Сојуз на народите на Камерун се залагала за независност но била забранета од Франција во 1950-те, што било причина за избувнувањето на Камерунската борба за независност. Државата прогласила војна против Француските и милитантните групи на УПЦ до 1971. Во 1960, делот од Камерун кој бил под француска власт станал независен и наречен Република на Камерун под власта на претседателот Ахмаду Ахиџо. Јужниот дел на Британските Камеруни бил обединет во сојуз во 1961 во формирањето на Федералната република на Камерун. Федерацијата била напуштена во 1972 година. Државата биле преименета во унитарна држава во 1972 и Република на Камерун во 1984.

Во денешно време, Камерун се одликува со релативно висока политичка и социјална стабилност. Ова помогнало во напредокот на земјоделството, патиштата, железниците и широкозастапените индустрии на нафта и дрвени материјали. Сепак, голем број на камерунци се занимаваат со земјоделство, користејќи ги добиените производи само за себе и своите фамилии. Од 1982 Пол Бија е Претседател и ја води партијата за демократсткото движење на камерунскиот народ. Државата била подложена на тензии од страна на англофонските територии. Политичарите на ваквите држави се залагаат за поголема децентрализација и дури целосно одделување или независност на одредени делови од Камерун.

Историја

Историјата на денешен Камерун е за првпат воспоставена за време на ерата на неолитот. Најдолгите постојани групи на жители ги вклучуваат Бака (Пигми).DeLancey and DeLancey 2. Оттука, се верува дека миграциите на Банту во источна, јужна и централна Африка започнале пред околу 2,000 години. Културата на цивилизацијата Сао се појавила околу Езерото Чад 500 години пр.н.е. и оттука се појавиле Канем и државата следбеник, Борнуската Империја. Кралствата и водечките групи се појавиле на западот.Njung, GN, Lucas Tazanu Mangula, and Emmanuel Nfor Nkwiyir (2003). Introduction to History: Cameroon. ANUCAM, pp. 5–6.

Португалските експедитори стигнале на брегот во 1472 година. Приметиле изобилие на видот шкампа Lepidophthalmus turneranus на реката Вури и ја нарекле (Река на шкампи), што подоцна станало Камерун на англиски и други јазици. Во текот на наредните десет века, европските интереси придонеле кон тоа да се воспостави трговија со луѓето кои живееле на брегот и христијанските мисионери пробиле во внатрешноста на територијата.Fanso, V. G. (1989). Cameroon History for Secondary Schools and Colleges, Vol. 1: From Prehistoric Times to the Nineteenth Century. Hong Kong: Macmillan Education Ltd., p. 84, .

19 век thumb|left|Писмото бамум разработено од Нџоја кон крајот на 19-от век Во раниот 19 век, Модибо Адама ги водел фуладските војници на џихад на северот против луѓето кои не биле муслимани и оние кои биле делумни муслимани. Тој исто така го воспоставил и емиратот Адамава. Доселените народи кои избегале од Фуланите предизвикале големо прераспоредување на населението. Северниот дел на Камерун бил важен дел во мрежата на арапскиот договор за размена на робови.

Племето Бамум има свој јазичен систем, познат како писмо на Бамумите или Шу Мом. Писмото им било доделено од страна на султанот Ибрахим Нџоја во 1896,DeLancey and DeLancey 59 и се предава во Камерун во склоп на проектот за бамумското писмо и архиви. Германија почнала да ги воспоставува своите корени во Камерун во 1868 кога компанијата Воерман од Хамбург изградила складиште. Објектот бил изграден на речното устие на реката Вури. Подоцна, Густав Нахтигал склучил договор со еден од локалните кралеви за да се предаде регионот на германскиот цар. Германското Царство ја зазела територијата како колонија во 1884 и почнала да навлегува во нејзината внатрешност. Германците биле пречекани со отпор од страна на жителите на државата кои не сакале тие да се населат на територијата на нивната држава. Под влијание на Германија комерцијалните компании биле оставени да ги регулираат локални администрации. Овие концесии го користеле принудениот труд на Африканците со цел да направат профит. Африканците биле присилени да работат со банани, гуми, палмино масло и плантации на какао. Германија започнала со проекти за да ја подобри инфраструктурата во својата колонија, имплементирајќи строг систем на принуден труд кој бил широко критикуван од другите колонијални сили кои постоеле во тоа време.DeLancey and DeLancey 125.

20 век Со поразот на Германија во Првата светска војна, Камерун станал мандатна територија и бил поделен на француски Камерун и британски Камерун во 1919. Франција ја интегрирала економијата на Камерун со таа на ФранцијаDeLancey and DeLancey 5. и ја подобрила инфраструктурата со капитални инвестиции и вешти работници, модифицирајќи го системот на присилен труд.

Британците ја раководеле нивната териториија од соседната Нигерија. Староседелците се жалеле дека тоа ги претвориле во запоставена „колонија на колонија“. Нигерските мигрантски работници се насобрале во Јужен Камерун, завршувајќи со системот на принудно работење но разгневувајќи ги локалните домородци кои се почувствувале како да се поплавени.DeLancey and DeLancey 4. Мандатите под Друштво на народитете биле претворени во старателства на Обединетите Нации во 1946 и прашањето за независност станале важен проблем во Француски Камерун.

Франција ја протерала најрадикалната политичка партија, Унија на народот на Камерун (француски: Union des Populations du Cameroun (UPC)), на 13 јули 1955. Ова предизвикало долга герила војна и атентат на водачот на партијата, Рубен Ум Нјобе. Прашањето во помирниот британски дел на Камерун било дали повторно да се обединат со Францускиот Камерун или да се приклучат кон Нигерија.

Независност (1960) thumb|Поранешниот претседател Ахмаду Ахиџо ја водел државата од 1960 до 1982.

На 1 јануари 1960, Францускиот Камерун стекнал независност од Франција под водство на претседателот Ахмаду Ахиџо. На 1 октомври 1961, поранешниот британски Јужен Камерун се обединил со Францускиот Камерун и се формирала Федералната Република Камерун. Ахиџо ја искористил војната против UPC која сè уште била во тек со цел да ја насочи моќта во претседателската улога, продолжувајќи да го прави тоа дури и по стишувањето на UPC во 1971.DeLancey and DeLancey 6.

Неговата политичка партија, Националната унија на Камерун, станала единствената легална политичка партија на 1 септември 1966 и во 1972 година, федералниот систем на уредување бил укинат и заменет со Обединетата Република на Камерун, предводена од Јаунде.DeLancey and DeLancey 19. Ахиџо имплементирал економска политика на планиран либерализам, давајќи им предност на земјоделските култури и нафтениот развиток. Владата ги користела парите од нафтата за да создаде заштедина на национален фонд, да ги плати фармерите и да финансира поголеми проекти за развиток; сепак многу од овие иницијативи не биле успешни поради тоа што Ахиџо назначил неквалификувани сојузници да ги спроведат.DeLancey and DeLancey 7. thumb|left|Пол Бија ја води државата од 1982 година Ахиџо ја напуштил функцијата на 4 ноември 1982 и ја предал својата позиција на неговиот констутиционален следбеник, Пол Бија. Ахиџо сепак останал на власт на CNU и пробал да ја предводи државата од зад сцената додека Бија и неговите сојузници не го присилиле да се повлече. Бија започнал со своето управување движејќи се кон подемократска власт, но неуспешниот државен удар го натерал да започне со користење на сличен водачки стил како неговиот претходник.DeLancey and DeLancey 8.

Економска криза започнала да се појавува во средината на 1980-те и крајот на 1990-те како резултат на интернационални економски состојби, суша, пад на цената на нафтата и долгогодишно присуство на корупција, лош менаџмент и кронизам. Државата се насочила кон странска помош, намалени владини трошоци и приватизирани индустрии. Со повторното внесување на системот на повеќепартиска политика во декември 1990, групите на поранешната територија на Јужен Британски Камерун повикале кон поголема автономија и Јужниот Национален Совет на Камерун се залагал за целосно одвојување од Република Амбазонија.DeLancey and DeLancey 9.

21 век Во јуни 2006, разговорите околу територијалниот спор со Бакаскиот полуостров биле разрешени. Разговорите се воделе помеѓу камерунскиот претстедател Пол Бија, нигерскиот претседател Олусегун Обасанжо и генералниот секретар на ОН Кофи Анан и завршил со предавање на контрола на Камерун на горенаведениот полуостров кој изобулува со нафта. Северниот дел на територијата бил формално предаден на камерунската влада во август 2006 и остатокот на полуостровот му бил оставен на Камерун 2 години подоцна, во 2008.

Во февруари 2008, Камерун се соочил со најлошото насилство во последните 15 години кога штрајк на транспортната унија прераснал во насилен протест во 31 општина.Nkemngu, Martin A. (11 March 2008). "Facts and Figures of the Tragic Protests", Cameroon Tribune. Retrieved 12 March 2008.Matthews, Andy (12 March 2008). "Cameroon protests in USA ", Africa News. Retrieved 13 March 2008. Во мај 2014, веднаш по киднапирањето на ученичка во Чибок, камерунскиот претседател Бија и чадскиот претседател Идрис Деби изјавиле дека прогласуваат војна на Боко Харам, и испратиле трупи кон границата со Нигерија.

Политика и влада

thumb|300px|Палата на Обединетоста - седиште на претседателот во Камерун. Претседателот на Камерун е одбран и ја создава полисата, управува со владини агенции, командува со вооружените сили на државата, преговара и ратификува договори и објавува вондердна состојба.Neba 250. Претседателот ги назначува владините лица во сите сектори, од премиерот (кој се смета за главен на владата), до провинцијални гувернери и дивизионални офицери. Претседателот е избран со гласање на народот на секои седум години. Народното собрание ја оформува легислативата. Телото се состои од 180 членови кои се избираат на секои пет години и се состануваат трипати годишно. Законите се донесуваат доколку има глас на мнозинство. Ретко се случува собранието да смени или да спречи легислатива донесена од претседателот.